Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Мојата книга со библиски приказни

1. дел: Од создавањето до потопот

1. дел: Од создавањето до потопот

Од каде се небото и Земјата? Како настанале Сонцето, Месечината, ѕвездите и многуте работи на Земјата? Библијата го дава точниот одговор кога вели дека Бог ги создал. Затоа нашата книга започнува со библиски приказни за создавањето.

Ќе научиме дека првите Божји творби биле духовни суштества кои на некој начин се слични на него. Тие се ангели. Но Земјата била создадена за луѓе како нас. Затоа Бог направил маж и жена, кои се викале Адам и Ева, и ги ставил во една убава градина. Но, тие не му биле послушни на Бог и го изгубиле правото да живеат и понатаму.

Сѐ на сѐ, од создавањето на Адам до големиот потоп поминале 1.656 години. Во тој период живееле голем број лоши личности. На небото биле невидливите духовни суштества — Сатана и неговите лоши ангели. На Земјата живееле Каин и многу други лоши луѓе, а некои од нив биле необично силни. Но, на Земјата имало и добри луѓе — Авел, Енох и Ное. Во ПРВИОТ дел ќе читаме за сите тие луѓе и настани.

Животни во рајската градина