Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Запознај се со Божјата Реч

 2. ПРАШАЊЕ

Како можеме да дознаеме повеќе за Бог?

Како можеме да дознаеме повеќе за Бог?

„Оваа книга на законот нека не ти се одделува од устата! Внимателно читај ја дење и ноќе за да го правиш совесно сето она што е запишано во неа, зашто тогаш ќе бидеш успешен на својот пат и ќе постапуваш мудро.“

Исус Навин 1:8

„И читаа на глас од книгата, од законот на вистинскиот Бог, го толкуваа и им помагаа на луѓето да ја сфатат неговата смисла. Така го разјаснуваа прочитаното.“

Неемија 8:8

„Среќен е човекот што не постапува според советот на злите... туку ужива во законот на Јехова и внимателно го чита неговиот закон дење и ноќе... во сѐ што прави, ќе биде успешен.“

Псалм 1:1-3

„Тогаш Филип притрча и го чу [етиопскиот дворјанин] како на глас го чита пророкот Исаија, па го запраша: ‚Го разбираш ли тоа што го читаш?‘ А тој одговори: ‚Како ќе го разберам ако никој не ме упати?‘“

Дела 8:30, 31

 „Неговите невидливи својства, имено неговата вечна моќ и божество, јасно се гледаат уште од создавањето на светот, бидејќи се распознаваат по она што е создадено, па така тие луѓе немаат изговор.“

Римјаните 1:20

„Размислувај за тоа, сиот посвети се на тоа, за твојот напредок да им биде видлив на сите.“

1. Тимотеј 4:15

„Да размислуваме еден за друг за да се поттикнуваме кон љубов и кон добри дела, и да не ги пропуштаме нашите состаноци.“

Евреите 10:24, 25

„Ако некому од вас му недостига мудрост, нека бара од Бог, зашто тој им дава на сите великодушно и без прекорување, и ќе му ја даде.“

Јаков 1:5