„Праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш.“

Псалм 37:29

„Земјата останува засекогаш.“

Проповедник 1:4

„Ќе ја уништи смртта засекогаш и Севишниот Господар Јехова ќе ги избрише солзите од секое лице.“

Исаија 25:8

„Тогаш ќе им се отворат очите на слепите и ќе им се отнат ушите на глувите. Тогаш сакатиот ќе скока како елен, а јазикот на немиот радосно ќе извикува. Зашто, во пустината ќе бликнат води и во исушената земја — потоци.“

Исаија 35:5, 6

„Тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка. Сѐ што беше порано, помина.“

Откровение 21:4

 „Тие ќе градат куќи и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе го јадат нивниот род. Нема тие да градат, а некој друг да живее во нив, нема тие да садат, а некој друг да го јаде нивниот род. Зашто, деновите на мојот народ ќе бидат како деновите на дрвото, и моите избраници ќе уживаат во плодовите на своите раце.“

Исаија 65:21, 22