„Ти си тој што ги слуша молитвите, кај тебе доаѓа секој човек.“

Псалм 65:2

„Имај доверба во Јехова со сето свое срце и не потпирај се на сопствениот разум. На сите свои патишта имај го на ум, и тој ќе ги исправи твоите патеки.“

Изреки 3:5, 6

„За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого го испрати, Исус Христос.“

Јован 17:3

„[Бог] не е далеку од никого од нас.“

Дела 17:27

„Се молам вашата љубов сѐ повеќе и повеќе да расте во доброто познавање и во потполното сфаќање на Божјата волја.“

Филипјаните 1:9

 „Ако некому од вас му недостига мудрост, нека бара од Бог, зашто тој им дава на сите великодушно и без прекорување, и ќе му ја даде.“

Јаков 1:5

„Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам! Исчистете ги рацете, грешници, и прочистете ги срцата, неодлучни!“

Јаков 4:8

„Љубовта кон Бог значи да се држат неговите заповеди, а неговите заповеди не се тешки.“

1. Јованово 5:3