Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Запознај се со Божјата Реч

 7. ПРАШАЊЕ

Што прорекува Библијата за нашето време?

Што прорекува Библијата за нашето време?

„Ќе се крене народ против народ и царство против царство... Сето ова е почеток на болните неволји.“

Матеј 24:7, 8

„Ќе се појават многу лажни пророци и ќе заведат мнозина. Беззаконието ќе се зголеми, па кај мнозина љубовта ќе олади.“

Матеј 24:11, 12

„Кога ќе чуете за војни на разни места, не плашете се! Тоа мора да се случи, но тогаш уште не е крајот.“

Марко 13:7

„Ќе има силни земјотреси, а на разни места ќе има смртоносни зарази и глад. Ќе има стравотии и големи знаци од небото.“

Лука 21:11

 „Во последните денови ќе настанат особено тешки времиња. Зашто, луѓето ќе бидат себељубиви, алчни за пари, вообразени, надуени, хулители, непослушни на родителите, неблагодарни, нелојални, бесчувствителни кон другите, неспремни за каков и да било договор, клеветници, без самосовладување, сурови, без љубов кон добротата, предавници, своеглави, горди, повеќе ќе ги сакаат уживањата отколку Бог, и на изглед ќе бидат богобојазливи, но нема да живеат богобојазливо.“

2. Тимотеј 3:1-5