Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

5. Мојсеева 7:1-26

7  Кога Јехова, твојот Бог, најпосле ќе те доведе во земјата во која одиш за да ја заземеш,+ пред тебе ќе истера големи народи:+ Хетејците,+ Гергесејците,+ Аморејците,+ Ханаанците,+ Ферезејците,+ Евејците+ и Евусејците,+ седум народи поголеми и помоќни од тебе.+  И Јехова, твојот Бог, ќе ти ги предаде тебе, а ти порази ги+ и убиј ги.*+ Немој да склучуваш сојузи со нив и немој да им се смилуваш.+  Не склучувај бракови со нив. Својата ќерка не давај му ја на нивниот син и нивната ќерка не земај ја за својот син.+  Зашто, ќе го одвратат твојот син од мене, па ќе им служи на други богови.+ И Јехова ќе пламне од гнев против вас и тој брзо ќе те истреби.+  Наместо тоа, вака постапете со нив: разурнете ги нивните жртвеници,+ искршете ги нивните обредни столбови,+ испосечете ги+ нивните обредни диреци,*+ а нивните режани ликови изгорете ги во оган.+  Зашто, ти си свет народ пред Јехова, својот Бог.+ Тебе те избра Јехова, твојот Бог, меѓу сите народи  што се на лицето на земјата за да бидеш негов народ, негова најмила сопственост.+  Јехова не ви покажа наклоност и не ве избра вас+ затоа што бевте најголем од сите народи, зашто вие бевте најмалиот од сите народи.+  Јехова ве избра затоа што ве сакаше+ и за да ја одржи заклетвата со која им се заколна на вашите прататковци.+ Затоа Јехова ве изведе со силна рака+ и ве откупи од куќата на ропството,+ од раката на фараонот, царот на Египет.  Затоа знај дека Јехова, твојот Бог, е вистинскиот Бог,+ Бог верен,+ кој го чува сојузот+ и му покажува милост* и на илјадитото колено од оние што го сакаат и ги држат неговите заповеди,+ 10  но им враќа на оние што го мразат и ги сотира.+ Нема да се колеба да им го направи тоа на оние што го мразат, туку ќе им врати.   11  И така, држи ги заповедите, уредбите и законите што ти ги давам денес и постапувај според нив.+ 12  Затоа што ги слушате овие закони, ги држите и постапувате според нив,+ Јехова, твојот Бог, ќе го одржи сојузот со тебе+ и ќе биде милостив* кон вас како што им се заколна на твоите прататковци.+ 13  Ќе те сака, ќе те благослови+ и ќе те намножи,+ и ќе го благослови плодот на твојата утроба+ и родот на твојата земја,+ твоето жито, твоето младо вино, твоето масло, младенчињата од твоите крави и младенчињата од сета твоја стока+ во земјата за која им се заколна на твоите прататковци дека ќе ти ја даде.+ 14  И ќе бидеш благословен повеќе од сите други народи.+ Ни меѓу тебе ни меѓу твојата стока нема да има ниту машко ниту женско што не ќе има потомство.+ 15  И Јехова ќе ја отстрани од тебе секоја болест, и нема да пушти врз тебе ниту една од лошите египетски болести за кои знаеш,+ туку ќе ги пушти врз сите оние што те мразат. 16  А ти, погуби ги сите народи што ти ги дава Јехова, твојот Бог.+ Нека не ги жали твоето око.+ Немој да им служиш на нивните богови,+ зашто тоа ќе ти биде замка.+ 17  Ако си кажеш во срцето: ‚Овие народи се преголеми за мене. Како ќе ги протерам?‘+ 18   не плаши се од нив.+ Сети се што им направи Јехова, твојот Бог, на фараонот и на целиот Египет,+ 19  сети се на големите испити што ги видоа твоите очи,+ на знаците, на чудата,+ на силната рака+ и на подигнатата мишка+ со која те изведе Јехова, твојот Бог.+ Така ќе им направи Јехова, твојот Бог, на сите народи од кои се плашиш.+ 20  Освен тоа, Јехова, твојот Бог, ќе пушти врз нив страв за да ги совлада+ додека не изгинат оние што останале+ и се криеле пред тебе. 21  Не плаши се од нив зашто Јехова, твојот Бог, е среде тебе,+ Бог голем, кој влева страв.+ 22  И Јехова, твојот Бог, постепено ќе ги истерува од пред тебе тие народи.+ Нема да смееш да ги истребиш одеднаш за да не се намножат дивите животни на твоја штета. 23  Јехова, твојот Бог, ќе ти ги предаде тебе и ќе ги натера да бегаат во голем метеж додека не бидат истребени.+ 24  И ќе ти ги предаде в раце и нивните цареви+ за да го сотреш нивното име под небото.+ Никој не ќе може да се одржи пред тебе+ додека не ги истребиш.+ 25  Режаните ликови на нивните богови изгорете ги во оган.+ Не посакувај го среброто ни златото што е на нив+ и не земај го за себе+ за да не ти биде замка,+ зашто тоа му е одвратно+ на Јехова, твојот Бог. 26  Не внесувај го во својата куќа она што е одвратно за да не бидеш уништен* заедно со него. Нека ти биде крајно одвратно и сосема гадно,+ зашто тоа е нешто што треба да се уништи.*+

Фусноти

Или: „убиј ги како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.
Или: „ашери“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „ќе покаже лојална љубов“.
Или: „да не станеш херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.
Или: „зашто тоа е херем“.