Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

5. Мојсеева 4:1-49

4  А сега, Израеле, послушај ги одредбите и законите за кои ве учам за да постапувате според нив, за да живеете+ и да влезете во земјата што ви ја дава Јехова, Богот на вашите прататковци, и да ја заземете.  Ништо не додавајте кон речта што ви ја заповедам и ништо не одземајте од неа,+ туку држете ги заповедите на Јехова, својот Бог, кои ви ги давам.  Со свои очи видовте што направи Јехова поради Ваал фегорски,+ дека Јехова, твојот Бог, го искорени од твојата средина секој што појде по Ваал фегорски.+  А вие што цврсто се држите+ за Јехова, својот Бог, сите вие сте денес живи.  Еве, ве поучив за уредбите+ и за законите,+ како што ми заповеда Јехова, мојот Бог, за да постапувате според нив во земјата во која одите за да ја заземете.  Држете ги и постапувајте според нив, зашто така ќе бидете мудри+ и разборити+ во очите на сите народи, кои ќе чујат за сите тие уредби, па ќе речат: ‚Овој голем народ е навистина мудар и разборит народ‘.+  Зашто, кој е тој голем народ+ кому боговите му се толку блиску како што ни е блиску Јехова, нашиот Бог, кога и да го повикаме?+  И кој друг голем народ има праведни уредби и закони како што е целиот овој закон што го изнесувам денес пред вас?+  Само чувај се и добро пази ја својата душа+ за да не го заборавиш она што го видоа твоите очи+ и да не ти исчезне тоа од срцето во сите денови на твојот живот.+ И поучувај ги за тоа синовите и внуците,+ 10  за сѐ што се случи во оној ден кога стоеше пред Јехова, својот Бог, на Хорив,+ кога Јехова ми рече: ‚Собери ми го народот! Сакам да ги слушнат моите зборови,+ да научат да се бојат+ од мене во сите денови додека живеат на земјата и да ги поучат за тоа своите синови‘.+ 11  Тогаш се приближивте и застанавте во подножјето на планината, а планината гореше во пламен дури до небото. И ја обви мрак, облак и густа темнина.+ 12  И Јехова ви проговори од огнот.+ Ги слушнавте зборовите, но лик+ не видовте — се слушна само глас.+ 13  И ви го објави својот сојуз+ и ви заповеда да го држите — Десетте заповеди,*+ кои потоа ги напиша на две камени плочи.+ 14  А мене Јехова тогаш ми заповеда да ве поучам за уредбите и законите, за да постапувате според нив во земјата во која одите за да ја заземете.+ 15  Добро пазете ги своите души+ зашто, во оној ден кога Јехова ви зборуваше од огнот на Хорив, не видовте никаков лик,+ 16  за да не се расипете+ и да си направите режан лик, лик на каков и да е идол, сеедно дали е лик на маж или на жена,+ 17  лик на какво било животно што е на земјата,+ на каква било крилеста птица што лета по небото,+ 18  лик на што и да е што се движи по земјата, лик на каква и да е риба+ што е во водите под земјата 19  и, кога ќе ги подигнеш очите кон небото и ќе ги видиш сонцето, месечината и ѕвездите, целата војска небесна, да не дозволиш да те заведат, па да им се поклонуваш и да им служиш,+ зашто нив Јехова, твојот Бог, им ги даде на сите народи под целото небо.+ 20  Но вас Јехова ве зеде за да ве изведе од Египет, од таа печка за топење железо,+ за да бидете народ кој е негова сопственост,+ како што сте денес. 21  Но Јехова се разгневи на мене поради вас.+ И Јехова, твојот Бог, се заколна дека нема да преминам преку Јордан и нема да влезам во добрата земја која ти ја дава во наследство.+ 22  Затоа ќе умрам во оваа земја+ и нема да го преминам Јордан, но вие ќе го преминете и ќе ја заземете оваа добра земја. 23  Чувајте се да не го заборавите сојузот што Јехова, вашиот Бог, го склучи со вас+ и да не си направите режан лик во облик на што и да е што ти го забрани Јехова, твојот Бог.+ 24  Зашто, Јехова, твојот Бог, е оган што голта,+ Бог кој бара да му се покажува оддаденост само нему.+ 25  Ако се случи, кога ќе ти се родат синови и внуци и кога ќе живеете долго во онаа земја, да се расипете+ и да си направите режан лик+ во каков и да е облик и да го направите она што е зло во очите на Јехова, својот Бог,+ и така да го навредите, 26  знајте — за сведоци против вас ги земам денес небото и земјата+ — дека ќе исчезнете брзо од земјата во која одите преку Јордан за да ја заземете. Нема да живеете долго во неа, зашто ќе бидете истребени.+ 27  И Јехова ќе ве расее меѓу народите.+ Од вас ќе остане мал број+ меѓу народите кај кои ќе ве доведе Јехова. 28  И таму ќе им служите на дрвени и камени богови,+ кое се дело на човечки раце и не можат ни да гледаат, ни да слушаат, ни да јадат, ни да мирисаат.+ 29  Ако го побараш таму Јехова, својот Бог, ќе го најдеш+ затоа што ќе го бараш со сето свое срце и со сета своја душа.+ 30  Кога ќе бидеш во неволја и кога, на крајот од тие денови, ќе те снајдат сите овие зборови, тогаш ќе му се вратиш на Јехова, својот Бог,+ и ќе го послушаш неговиот глас.+ 31  Зашто, Јехова, твојот Бог, е милосрден Бог.+ Нема да те остави, нема да те сотре и нема да го заборави сојузот+ со твоите прататковци, за кој им се заколна. 32  А сега, те молам, прашај за поранешните денови+ што беа пред тебе, од денот кога Бог го создаде човекот на земјата,+ прашај од едниот крај на небото до другиот: се случило ли некогаш нешто толку големо, се чуло ли за такво нешто?+ 33  Дали некој народ некогаш го чул Божјиот глас како зборува од оган, како што го слушна ти и остана жив?+ 34  И дали Бог некогаш се обидел да дојде и да си земе за себе народ од некој друг народ со испити,+ со знаци,+ со чуда,+ со војна,+ со силна рака,+ со подигната мишка+ и со големи стравотии,+ како што Јехова, вашиот Бог, го направи сето тоа за вас во Египет пред твои очи? 35  Тебе ти е тоа покажано за да знаеш дека Јехова е вистинскиот Бог,+ нема друг освен него.+ 36  Тој ти дозволи да го слушнеш неговиот глас од небото за да те поучи, ти дозволи да го видиш на земјата неговиот голем оган, и од огнот ги слушна неговите зборови.+ 37  И остана жив зашто тој ги сакаше твоите прататковци, па го избра нивното потомство по нив,+ и под своето будно око те изведе од Египет со својата голема сила+ 38  и истера од пред тебе народи поголеми и посилни од тебе за да те доведе во нивната земја и да ти ја предаде во наследство, како што гледаш дека тој веќе почна да го прави ова.+ 39  Затоа, спознај денес и сети се во срцето дека Јехова е вистинскиот Бог горе на небото и долу на земјата.+ Нема друг.+ 40  Држи ги неговите уредби+ и заповеди, кои ти ги давам денес, за да ти биде добро тебе+ и да им биде добро на твоите синови по тебе, и да ги продолжиш своите денови на земјата која ти ја дава Јехова, твојот Бог“.+ 41  Тогаш Мојсеј одвои три града источно од Јордан+ 42  за да избега во нив убиецот кој ненамерно ќе го убие својот ближен,+ без да го мразел пред тоа.+ За да остане жив, нека избега во еден од овие градови:+ 43  Везер+ во пустината на висорамнината за племето на Рувим, Рамот+ во Галад за племето на Гад и Голан+ во Васан за племето на Манасија.+ 44  Ова е законот+ што го постави Мојсеј пред синовите на Израел. 45  Ова се опомените,+ уредбите+ и законите+ што им ги објави Мојсеј на синовите на Израел кога излегоа од Египет, 46  во јорданскиот крај, во долината спроти Вет-Фегор,+ во земјата на аморејскиот цар Сихон, кој живееше во Есевон+ и кого Мојсеј и синовите на Израел го поразија кога излегоа од Египет.+ 47  И ја зазедоа неговата земја и земјата на васанскиот цар Ог,+ двајца аморејски цареви кои живееја во пределот источно од Јордан, 48  од Ароир,+ кој се наоѓа покрај долината на Арнон, до планината Сион, односно Хермон,+ 49  и цела Араба+ во јорданскиот крај кон исток дури до морето Араба+ во подножјето на падините на Фасга.+

Фусноти

Види ја фуснотата за 2Мо 34:28.