Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

5. Мојсеева 34:1-12

34  Потоа Мојсеј отиде од пустелијата, од моавските рамници, на планината Нево,+ на врвот на Фасга,+ која е спроти Ерихон.+ И Јехова му ја покажа целата земја: Галад до Дан,+  и целиот Нефталим и земјата на Ефрем и Манасија и целата земја на Јуда до западното море,+  потоа Негев+ и Јорданската Долина,*+ рамницата околу Ерихон, градот на палмите,+ дури до Сигор.+  И Јехова му рече: „Ова е земјата за која им се заколнав на Авраам, Исак и Јаков: ‚Ќе му ја дадам на твоето потомство‘.+ Ти дозволив да ја видиш со свои очи, зашто во неа нема да влезеш“.+  Потоа Мојсеј, Јеховиниот слуга,+ умре таму во моавската земја, според заповедта на Јехова.+  И тој* го закопа во долината во моавската земја спроти Вет-Фегор,+ и никој не дозна за неговиот гроб до денешен ден.+  Кога умре, Мојсеј имаше сто и дваесет години.+ Неговото око не ослабе,+ и силата не го издаде.+  И синовите на Израел го оплакуваа Мојсеј триесет дена+ во пустелијата, во моавските рамници. Потоа завршија деновите на оплакување и тагување по Мојсеј.  А Исус, синот на Навин, беше полн со дух на мудроста,+ зашто Мојсеј ја положи раката врз него.+ Израеловите синови го слушаа и правеа како што му заповеда Јехова на Мојсеј.+ 10  Но во Израел повеќе не се појави пророк како Мојсеј,+ кого Јехова го познаваше лице в лице,+ 11  со сите знаци и чуда што му ги даде Јехова како на свој пратеник да ги прави во египетската земја врз фараонот и врз сите негови слуги и врз целата негова земја,+ 12  и со сѐ што направи неговата силна рака и со сите големи, застрашувачки дела што ги правеше Мојсеј пред очите на целиот Израел.+

Фусноти

Види ја фуснотата за 1Мо 13:10.
Очигледно станува збор за Јехова.