Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

5. Мојсеева 33:1-29

33  А ова е благословот+ со кој Мојсеј, Божјиот човек,+ ги благослови синовите на Израел пред својата смрт.  И рече: „Јехова дојде од Синај,+ ги осветли од Сеир.+ Светна од фаранските планини,+ со него се неброени илјади свети ангели,+ а оддесно му беа нивните воини.+   Тој навистина го сака својот народ.+ Во твоја рака, Боже, се сите нивни свети.+ Се собраа кај твоите нозе+ за да ги примат зборовите твои.+   (Мојсеј ни го одреди законот,+ кој ѝ припадна на заедницата на Јаков.) +   И Бог стана цар во Есурун,*+ кога се собраа народните поглавари,+ сите племиња на Израел на број.+   Да живее Рувим и да не изумре никогаш!+ Да не се малобројни неговите луѓе!“+  А ова е благословот што го изрече за Јуда:+ „Чуј го, Јехова, гласот на Јуда,+ одведи го кај неговиот народ. Неговите раце се борат за она што му припаѓа, помогни му против неговите непријатели“.+  А за Леви рече:+ „Твојот Тумим и твојот Урим*+ му припаѓаат на човекот што ти е верен,+ кого го испита во Маса.+ Се препираше со него кај водите на Мерива,+   и тој рече за својот татко и за својата мајка: ‚Не ги видов‘. Ни своите браќа не ги познаваше+ и не знаеше за своите синови, зашто ја вршеше речта+ и го држеше твојот сојуз.+ 10  Нека го поучува Јаков за твоите заповеди+ и Израел за твојот закон.+ Нека принесува темјан пред твоите носници+ и цели жртви паленици на твојот жртвеник.+ 11  Јехова, благослови ја неговата сила,+ нека ти биде пријатно делото на неговите раце.+ Скрши им ги бедрата на оние што се креваат против него+ и на оние што многу го мразат, за да не станат повеќе“.+ 12  За Венијамин рече:+ „Покрај Јехова нека живее без страв+ неговиот љубимец.+ Бог нека го штити по цел ден,+ нека живее меѓу неговите раменици“.+ 13  За Јосиф рече:+ „Јехова нека ја благословува неговата земја+ со добар небесен дар, со роса,+ и со водната бездна што лежи одоздола,+ 14  со најдобрите плодови што ги дава сонцето+ и со најдобриот род во секој месец,*+ 15  со најдоброто од источните планини+ и со најдоброто од вечните ридови, 16  со најдобрите плодови од земјата и со нејзиното изобилство+ и со милоста од оној што живееше во грмушка.+ Сето тоа нека дојде на Јосифовата глава,+ на темето на оној што е издвоен од неговите браќа.+ 17  Величествен е како првороденецот на бикот,+ неговите рогови се рогови на див бик.+ Со нив ќе ги боде народите+ дури до крајот на земјата. Такви се мноштвата на Ефремовите илјади,+ такви се илјадниците на Манасија“. 18  За Завулон рече:+ „Радувај се, Завулоне, на своите патувања,+ и ти, Исахаре, во своите шатори!+ 19  Ќе викаат народи на онаа планина, таму ќе принесуваат жртви на праведноста.+ Зашто, ќе го цицаат изобилното морско богатство+ и богатството скриено во песокот“. 20  За Гад рече:+ „Благословен да е оној што ги шири границите на Гад!+ Како лав ќе почива,+ и ќе ги растргне раката и темето.+ 21  За себе ќе ја избере најдобрата земја,+ зашто таму му го зачува делот оној што го даде законот.+ Ќе се соберат народните поглавари, ќе ја спроведуваат правдата на Јехова и неговите закони во Израел“. 22  За Дан рече:+ „Дан е лавче+ што ќе скокне од Васан“.+ 23  За Нефталим рече:+ „Јехова го наситува Нефталим со својата милост и го опсипува со својот благослов. Освој ги западот и југот!“+ 24  За Асер рече:+ „Асер е благословен со синови.+ Нека стекне признание од своите браќа+ и нека ја натопува својата нога во масло!+ 25  Железо и бакар се твоите резиња,+ твојата безгрижност* трае колку и твоите денови. 26  Никој не е како вистинскиот Бог+ на Есурун,+ кој јава на небото за да ти помогне+ и на облаците небесни во својата возвишеност.+ 27  Прадревниот Бог е твоето засолниште,+ под тебе се вечните раце.+ Тој ќе ги гони пред тебе непријателите+ и ќе рече: ‚Погуби ги!‘+ 28  И Израел ќе живее без страв,+ изворот на Јаков ќе почива во мир+ во земјата на житото и на младото вино.+ Од неговите небеса ќе паѓа роса.+ 29  Среќен си, Израеле!+ Кој е како тебе,+ народ кого Јехова го спасува?+ Тој е штит кој ти помага,+ твој возвишен меч.+ Затоа, твоите непријатели ќе ползат пред тебе,+ а ти ќе газиш по нивните возвишени места“.+

Фусноти

Види ја фуснотата за 5Мо 32:15.
Види ја фуснотата за 2Мо 28:30.
Или: „лунарен месец“. Види го додатокот 14.
Или: „чекор; лесен од“.