Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

5. Мојсеева 32:1-52

32  „Чујте, небеса, што ќе зборувам! Земјата нека ги чуе зборовите на мојата уста!+   Мојата поука ќе капе како дожд,+ моите зборови ќе паѓаат како роса,+ како ситен дождец по тревата,+ како обилен дожд по растенијата.+   Зашто, ќе го објавувам Јеховиното име.+ Величајте го нашиот Бог!+   Тој е Карпа, делото му е совршено,+ зашто сите негови патишта се правда.+ Тој е верен Бог,+ без неправда,+ праведен е и вистинољубив.+   Тие се расипаа,+ тие не му се деца, вината е нивна.+ Поколение расипано и изопачено!+   Зар на Јехова му го правиш тоа,+ безумен народе што немаш мудрост?+ Не е ли тој Таткото кој те создаде,+ те направи и те утврди?+   Сети се на дамнешните денови,+ размислувај за годините на минатите поколенија. Прашај го татко ти, и ќе ти каже,+ своите старци, и ќе ти раскажат!+   Кога им даде наследство на народите,+ кога ги раздели синовите на Адам,+ Севишниот им постави граница на народите+ според бројот на Израеловите синови.+   Зашто, Јеховиното наследство е неговиот народ.+ Јаков е делот што го наследува тој.+ 10  Го најде во пуста земја,+ во празна пустина, кај што се слуша завивање.+ Го загради,+ се грижеше за него,+ го чуваше како зеницата на своето око.+ 11  Како што орелот ги подига орлињата од своето гнездо, надлетува над своите пилиња,+ ги шири крилјата, ги зема и ги носи на крилјата,+ 12  така Јехова сам го водеше него,+ и туѓ бог немаше со него.+ 13  Го изведе на земските височинки+ за да ги јаде полските плодови.+ Му даваше да цица мед од карпа,+ и масло од кремен карпа,+ 14  кравја маст и овчо млеко+ со овнешки лој, овни, од васански сој, и јарци+ со најдобрата пченица.+ И пиеше вино, крв од грозје.+ 15  Кога се здебели, Есурун*+ почна да клоца.+ (Се згои, Есуруне, се здебели, се претвори во сало!) + И го остави Богот кој го создаде,+ ја презре Карпата+ на своето спасение. 16  Со туѓи богови+ му предизвикуваа љубомора,+ со гадотии го навредуваа.+ 17  Жртви им принесуваа на демоните, а не на Бог,+ на богови што не ги познаваа,+ на нови богови што се појавија неодамна,+ за кои не знаеја вашите прататковци. 18  Ја заборави Карпата што те роди,+ го фрли во заборав Бог, кој те роди со родилни болки.+ 19  Кога го виде тоа, Јехова ги презре,+ зашто го разлутија неговите синови и неговите ќерки. 20  И рече: ‚Ќе го свртам лицето од нив,+ па ќе видам каков ќе им биде крајот. Зашто, тие се поколение изопачено,+ синови во кои нема верност.+ 21  Ми предизвикаа љубомора со она што не е бог,+ ме разлутија со ништожни идоли.+ И јас ќе им предизвикам љубомора со она што не е народ,+ со безумен народ ќе ги навредувам.+ 22  Зашто, мојот гнев пламна како оган,+ и ќе гори до гробот,* до најдлабокото место,+ ќе ги голтне земјата и нејзиниот род,+ ќе ги запали темелите на планините.+ 23  Ќе им ги намножам неволјите,+ на нив ќе ги потрошам стрелите.+ 24  Ќе бидат исцрпени од глад,+ ќе ги проголта силна треска+ и страшна чума.+ Против нив ќе испратам ѕверски заби,+ со отров на влекачи што лазат по правот.+ 25  Надвор мечот,+ а внатре стравот+ ќе им ги убива момчињата и девојките,+ доенчињата и старците.+ 26  Требаше да речам: „Ќе ги расеам,+ ќе го избришам нивниот спомен меѓу смртните луѓе“,+ 27  но се плашев од исмејувањето на непријателот,+ за да не го протолкуваат тоа погрешно нивните противници+ и да не речат: „Нашата рака е најмоќна,+ сето ова не го направи Јехова“.+ 28  Зашто, Израелците се народ без разум,+ меѓу нив нема разборитост.+ 29  Барем да се мудри!+ Тогаш добро би размислиле за ова.+ Би размислиле каков ќе им биде крајот.+ 30  Како ќе можеше еден да гони илјада и двајца да потераат десет илјади,+ ако не ги продадеше нивната Карпа, ако не ги предадеше Јехова?+ 31  (Зашто, нивната карпа не е како нашата Карпа,+ дури и нашите непријатели го признаваат тоа.) + 32  Зашто, нивната лоза е од содомската лоза и од гоморските ниви.*+ Нивното грозје е отровно грозје, нивните гроздови се горчливи.+ 33  Нивното вино е отров на голема змија, страшен отров на кобра.+ 34  Зар не е сето тоа складирано кај мене, запечатено во моите ризници?+ 35  Мои се одмаздата и казната.+ Ќе дојде време да им се затетерави ногата,+ зашто близу е денот на нивната пропаст,+ и брзо се приближува она што се подготвува‘.+ 36  Зашто, Јехова ќе му суди на својот народ+ и ќе се сожали на своите слуги+ кога ќе види дека ја снема нивната сила и дека останаа само беспомошните и безвредните. 37  И ќе рече: ‚Каде се нивните богови,+ карпата во која бараа заштита,+ 38  оние што ја јадеа маста од нивните жртви+ и го пиеја виното од нивните налевници?+ Нека станат и нека ви помогнат!+ Нека ви бидат засолниште!+ 39  Сега гледате дека јас сум Бог+ и нема други богови освен мене.+ Јас усмртувам и оживувам.+ Јас задавам тешка рана+ и јас ќе ја излекувам,+ и никој не може да се истргне од мојата рака.+ 40  Зашто, ја подигам раката кон небото и во заклетва+ велам: „Како што сум жив јас довека“,+ 41  кога ќе го наострам својот блескав меч+ и кога ќе го земам в рака судот,+ ќе им се одмаздам на своите противници+ и ќе им наплатам на оние што многу ме мразат.+ 42  Своите стрели ќе ги опијам со крв,+ со крвта на погубените и на заробените. Мојот меч ќе јаде месо,+ главите на непријателските водачи‘.+ 43  Веселете се, народи, со неговиот народ,*+ зашто ќе ја одмазди крвта на своите слуги,+ ќе изврши одмазда над своите противници+ и очистување за земјата на својот народ“. 44  Така, Мојсеј дојде со Осиј,* синот на Навин,+ и ги изрече сите зборови на оваа песна, за народот да го чуе.+ 45  Откако му ги кажа сите овие зборови на Израел, Мојсеј 46  им рече на сите: „Всадете ги во срцето сите зборови со кои ве опоменувам денес+ за да им заповедате на своите синови да внимаваат и да ги извршуваат сите зборови на овој закон.+ 47  Зашто, за вас ова не се празни зборови,+ туку за вас значат живот,+ и држејќи ги овие зборови ќе ги продолжите своите денови во земјата во која одите преку Јордан за да ја заземете“.+ 48  На истиот тој ден Јехова му рече на Мојсеј: 49  „Качи се на оваа аваримска планина,+ на планината Нево,+ која е во моавската земја, спроти Ерихон, и погледни ја ханаанската земја, која им ја давам на Израеловите синови во сопственост.+ 50  Ти ќе умреш на планината на која ќе се качиш и ќе им се придружиш на своите прататковци,+ како што умре и брат ти Арон на планината Хор+ и им се придружи на своите прататковци. 51  Затоа што ме изневеривте+ меѓу синовите на Израел кај водите на Мерива+ во Кадис, во пустината Зин, и затоа што не ме посветивте меѓу Израеловите синови.+ 52  Затоа ќе ја видиш земјата оддалеку, но нема да влезеш во земјата што им ја давам на Израеловите синови“.+

Фусноти

„Есурун“, што значи „воздигнат; непорочен“, е почесно име за Израел.
Буквално: „шеолот“.
Или: „тераси; терасовидни ниви“.
Или: „Веселете се, небеса, заедно со него, и сите ангели Божји нека го обожаваат. Веселете се, народи, со народот негов, и сите синови Божји нека се зајакнат во него“, според Септуагинтата (LXX). Спореди со Ев 1:6.
Првобитното име на Исус Навин.