Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

5. Мојсеева 31:1-30

31  Потоа Мојсеј дојде и му ги кажа овие зборови на целиот Израел:  „Денес имам сто и дваесет години.+ Повеќе не ми е дозволено да одам пред вас како водач,+ зашто Јехова рече: ‚Нема да го преминеш овој Јордан‘.+  Јехова, твојот Бог, ќе оди пред тебе.+ Тој ќе ги истреби оние народи пред тебе, а ти ќе го земеш нивниот посед.+ Исус Навин ќе оди пред тебе,+ како што рече Јехова.  И Јехова ќе им направи исто како што им направи на Сихон+ и на Ог,+ аморејските цареви, и на нивната земја, кога ги сотре.+  Јехова ви ги предава вам,+ а вие постапувајте со нив според сите заповеди што ви ги давам.+  Бидете храбри и силни!+ Не бојте се и не плашете се од нив+ зашто Јехова, твојот Бог, оди со тебе. Нема да те напушти и нема да те остави“.+  И Мојсеј го викна Исус Навин и му рече пред очи на целиот Израел: „Биди храбар и силен,+ зашто ти ќе го доведеш овој народ во земјата за која Јехова им се заколна на нивните прататковци дека ќе им ја даде, и ти ќе им ја дадеш во наследство.+  Јехова оди пред тебе. Тој ќе биде со тебе.+ Нема да те напушти и нема да те остави. Не бој се и не плаши се!“+  Потоа Мојсеј го напиша овој закон+ и им го даде на левитските свештеници,+ кои го носеа ковчегот на Јеховиниот сојуз,+ и на сите старешини во Израел. 10  И Мојсеј им заповеда: „На крајот од секоја седма година, во одреденото време во годината кога се простуваат долговите,+ на Празникот на сениците,+ 11  кога целиот Израел ќе дојде да го види лицето на Јехова,+ твојот Бог, на местото што ќе го избере тој,+ читај го овој закон пред сите Израелци за да можат да го чујат.+ 12  Собери го народот+ — мажите, жените, децата и дојденците што живеат со тебе во твојот град — за да слушаат и да научат+ да се бојат од Јехова, вашиот Бог,+ и совесно да ги држат сите зборови на овој закон. 13  И нивните синови, кои уште не го познаваат тој закон, нека слушаат+ и нека учат да се бојат од Јехова, вашиот Бог, во сите денови додека живеете на земјата во која одите преку Јордан за да ја заземете“.+ 14  Потоа Јехова му рече на Мојсеј: „Еве, се приближи времето да умреш.+ Повикај го Исус Навин, па застанете во шаторот на средбата за да го поставам за водач“.+ Така Мојсеј и Исус Навин дојдоа и застанаа во шаторот на средбата.+ 15  Тогаш Јехова се појави во шаторот во столб од облак. Столбот од облак стоеше на влезот од шаторот.+ 16  И Јехова му рече на Мојсеј: „Еве, ќе починеш кај своите прататковци.+ А овој народ ќе се крене+ и, во својата средина, ќе почитува туѓи богови,* богови на земјата во која одат.+ Ќе ме остават+ и ќе го прекршат мојот сојуз што го склучив со нив.+ 17  Во тој ден ќе пламнам од гнев против нив,+ и ќе ги оставам+ и ќе го свртам своето лице+ од нив за да бидат проголтани. Врз нив ќе дојдат многу зла и неволји,+ и во тој ден ќе речат: ‚Зар не нѐ снајдоа овие неволји затоа што нашиот Бог не е меѓу нас?‘+ 18  А јас ќе го свртам своето лице во тој ден поради сето зло што го прават, зашто се свртија кон други богови.+ 19  А сега напишете си ја оваа песна!+ Нека ја научат синовите на Израел!+ Стави им ја в уста оваа песна за да ми биде сведок против синовите на Израел.+ 20  Зашто, ќе ги доведам во земјата која со заклетва им ја ветив на нивните прататковци,+ земја во која тече мед и млеко.+ И таму ќе јадат,+ ќе се наситат и ќе се згојат,+ па ќе се свртат кон други богови+ и ќе им служат, а мене ќе ме презираат и мојот сојуз ќе го прекршат.+ 21  И кога ќе ги снајдат многу зла и неволји,+ оваа песна ќе сведочи против нив, зашто заборавот нема да им ја одземе на нивните потомци од уста. Зашто, знам добро кон што се склони+ уште денес, додека сѐ уште ги немам доведено во земјата која со заклетва им ја ветив“. 22  Така Мојсеј ја напиша оваа песна во тој ден и ги научи на неа синовите на Израел.+ 23  И Бог го постави за водач Исус, синот на Навин,+ и рече: „Биди храбар и силен,+ зашто ти ќе ги доведеш синовите на Израел во земјата која им ја ветив со заклетва,+ а јас ќе бидам со тебе“. 24  И кога Мојсеј ги запиша во книга сите зборови на овој закон,+ 25  Мојсеј им заповеда на синовите на Леви, кои го носеа ковчегот на Јеховиниот сојуз:+ 26  „Земете ја оваа книга на законот+ и ставете ја до ковчегот+ на сојузот на Јехова, својот Бог, за да биде таму сведок против тебе.+ 27  Зашто добро знам колку си бунтовен+ и непокорен.*+ Ако се буните против Јехова+ уште денес, додека сум уште жив меѓу вас, колку ли ќе се буните кога ќе умрам! 28  Соберете ги кај мене сите старешини на вашите племиња и вашите управители+ за да ги кажам пред нив овие зборови и за да ги земам како сведоци против нив небото и земјата.+ 29  Зашто, знам дека по мојата смрт ќе се расипете+ и ќе скршнете од патот што ви го одредив. И неволја+ ќе ве снајде на крајот од тие денови, зашто ќе го правите она што е зло во Јеховини очи и ќе го навредувате со делата на своите раце“.+ 30  И додека целата израелска заедница го слушаше, Мојсеј ги изговори сите зборови на оваа песна:+

Фусноти

Буквално: „блудствува со туѓи богови“. Види го додатокот 6.
Или: „тврдоврат“.