Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

5. Мојсеева 30:1-20

30  Кога ќе дојдат врз тебе сите овие зборови, благословот+ и проклетството,+ кои ги ставам пред тебе, и ти ги земеш повторно при срце+ кај сите народи меѓу кои ќе те расее Јехова, твојот Бог,+  и ако се вратиш кај Јехова, својот Бог,+ и ако го послушаш неговиот глас, ти и твоите синови, со сето свое срце и со сета своја душа во сето она што ти го заповедам денес,+  тогаш Јехова, твојот Бог, ќе го врати твојот заробен народ+ и ќе ти се смилува,+ и пак ќе те собере откај сите народи меѓу кои ќе те расее Јехова, твојот Бог.+  Да е твојот народ расеан и до крајот на небото, и оттаму Јехова, твојот Бог, ќе те собере и оттаму ќе те земе.+  Јехова, твојот Бог, ќе те одведе во земјата што ја зазедоа твоите татковци, и ќе ја заземеш. Тој ќе ти прави добро и ќе те намножи повеќе отколку твоите татковци.+  И Јехова, твојот Бог, ќе ги обреже твоето срце+ и срцата на твоите потомци+ за да го сакаш Јехова, својот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа, и за да бидеш жив.+  И Јехова, твојот Бог, ќе ги испрати сите овие проклетства врз твоите непријатели, врз оние што те мразат и те прогонуваат.+  А ти ќе се обратиш, и ќе го послушаш Јеховиниот глас и ќе ги вршиш сите негови заповеди што ти ги давам денес.+  И Јехова, твојот Бог, ќе го благослови изобилно секое дело на твоите раце,+ и изобилно ќе го намножи плодот на твојата утроба, плодот на твојата стока+ и плодот на твојата земја,+ така што ќе уживаш во благосостојба.+ Јехова повторно ќе ти се радува правејќи ти добро, како што им се радуваше на твоите прататковци.+ 10  Така ќе биде кога ќе го послушаш гласот на Јехова, својот Бог, држејќи ги неговите заповеди и неговите одредби запишани во оваа книга на законот,+ и кога ќе се вратиш кај Јехова, својот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа.+ 11  Зашто, оваа заповед што ти ја давам денес не е претешка за тебе и не е предалеку од тебе.+ 12  Не е на небото за да речеш: ‚Кој ќе се качи за нас на небото за да ни ја симне и да ни ја објави, па да постапуваме според неа?‘+ 13  Не е ниту преку морето за да речеш: ‚Кој ќе го премине морето наместо нас за да ни ја донесе и да ни ја објави, па да постапуваме според неа?‘ 14  Зашто, таа реч е сосема близу до тебе, во твојата уста и во твоето срце,+ за да постапуваш според неа.+ 15  Ете, денес пред тебе ставам живот и добро, смрт и зло.+ 16  Ако ги слушаш заповедите на Јехова, својот Бог, кои ти ги давам денес, да го сакаш Јехова, својот Бог,+ да одиш по неговите патишта и да ги држиш неговите заповеди,+ неговите одредби и неговите закони,+ ќе останеш жив+ и ќе се намножиш, и Јехова, твојот Бог, ќе те благослови во земјата во која одиш за да ја заземеш.+ 17  Но, ако се одврати твоето срце и не послушаш,+ туку дозволиш да бидеш заведен и почнеш да им се клањаш на други богови и да им служиш,+ 18  ви објавувам денес дека сигурно ќе пропаднете.+ Нема да живеете долго во земјата во која одите преку Јордан за да ја заземете. 19  Ги земам денес за сведоци против вас небото и земјата:+ дека пред вас ставам живот и смрт,+ благослов+ и проклетство.+ Затоа избери го животот за да останеш жив,+ ти и твоето потомство,+ 20  така што ќе го сакаш Јехова, својот Бог,+ ќе го слушаш неговиот глас и ќе се држиш за него,+ зашто тој ти дава живот и долговечност+ за да можеш да живееш на земјата за која Јехова им се заколна на твоите прататковци Авраам, Исак и Јаков дека ќе им ја даде“.+

Фусноти