Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

5. Мојсеева 26:1-19

26  Кога ќе дојде време да влезеш во земјата, која Јехова, твојот Бог, ти ја дава во наследство, и кога ќе ја заземеш и ќе се населиш во неа,+  земи дел од првините+ на сите земни плодови што ќе ги набереш од својата земја што ти ја дава Јехова, твојот Бог, и стави ги во кошница, па отиди на местото што ќе го избере Јехова, твојот Бог, за таму да престојува неговото име.+  И дојди кај свештеникот+ што ќе врши служба во тие денови, па речи му: ‚Денес изјавувам пред Јехова, твојот Бог, дека дојдов во земјата за која Јехова им се заколна на нашите прататковци дека ќе ни ја даде‘.+  И свештеникот нека ја земе кошницата од твоите раце и нека ја положи пред жртвеникот на Јехова, твојот Бог.  А тогаш ти продолжи и речи пред Јехова, својот Бог: ‚Татко ми беше Сириец кому животот му беше во опасност.+ Со малку луѓе+ отиде во Египет+ и таму се насели привремено. Но таму од него настана голем народ, моќен и многуброен.+  А Египќаните постапуваа лошо со нас, нѐ угнетуваа и ни наметнаа тешко ропство.+  И повикавме за помош кон Јехова, Богот на нашите прататковци,+ и Јехова го чу нашиот глас+ и ја погледна нашата неволја, нашата мака и нашето страдање.+    И Јехова нѐ изведе од Египет со силна рака+ и со подигната мишка,+ со големи стравотии,+ со знаци и со чуда.+  Потоа нѐ доведе на ова место и ни ја даде оваа земја, земја во која тече мед и млеко.+ 10  И сега, еве, донесов првини од плодовите на земјата што ми ја даде Јехова‘.+ Тогаш положи ги пред Јехова, својот Бог, и поклони се пред Јехова, својот Бог.+ 11  И радувај се+ на секое добро што ќе ти го даде Јехова, твојот Бог, тебе и на твојот дом, ти и секој Левиев син и дојденецот во твојата средина.+ 12  Во третата година,+ која е година на десеттината, кога ќе завршиш со одделувањето на целата десеттина+ од своите плодови, дај им ја на Левиевиот син, на дојденецот, на детето без татко и на вдовицата за да јадат во твојот град и да се наситат.+ 13  И пред Јехова, својот Бог, речи: ‚Од куќата го извадив сето она што е свето и им го дадов на Левиевиот син и на дојденецот, на детето без татко и на вдовицата,+ според сите заповеди што ми ги даде ти. Не ги престапив твоите заповеди и не ги заборавив.+ 14  Не јадев од тоа додека тагував, ниту извадив нешто од тоа додека бев нечист, ниту дадов нешто од тоа за мртовец. Го слушав гласот на Јехова, својот Бог. Направив сѐ како што ми заповеда ти. 15  Погледни од своето свето живеалиште,+ од небото, и благослови го својот народ, Израел,+ и земјата што ни ја даде, како што им се заколна на нашите прататковци,+ земја во која тече мед и млеко‘.+ 16  Денес Јехова, твојот Бог, ти заповеда да ги извршуваш овие уредби и закони.+ Држи ги и извршувај ги со сето свое срце+ и со сета своја душа.+ 17  Денес го обврза Јехова да ти вети дека ќе биде твој Бог сѐ додека одиш по неговите патишта, ги држиш неговите одредби,+ неговите заповеди+ и неговите закони+ и додека го слушаш неговиот глас.+ 18  И Јехова денес те обврза тебе да ветиш дека ќе бидеш негов народ, негова најмила сопственост,+ како што ти вети,+ и дека ќе ги држиш сите негови заповеди, 19  и дека ќе те возвиши над сите други народи што ги создал.+ И ќе му донесуваш фалба, слава и чест, а ќе му бидеш свет народ на Јехова, својот Бог,+ како што тој вети“.

Фусноти