Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

5. Мојсеева 25:1-19

25  Ако дојде до спор меѓу луѓе,+ па излезат на суд,+ нека им се суди, и праведниот нека биде прогласен за праведен, а злиот за зол.+  Ако злиот заслужува удари,+ судијата нека нареди да го легнат и пред него да го удрат+ онолку пати колку што е соодветно за неговото злодело.  Може да му бидат зададени четириесет удари, но не повеќе од тоа, за да не биде твојот брат осрамотен во твои очи ако му зададеш уште многу удари.+  Не врзувај му ја устата на бикот што врши жито.+  Ако браќа живеат заедно, па едниот од нив умре, без да има син, жената на починатиот нека не се мажи за човек надвор од семејството. Нека ѝ пристапи деверот и нека ја земе за жена и така нека склучи со неа деверски брак.+  И првородениот што ќе го роди таа нека го наследи името на неговиот покоен брат,+ за да не се избрише неговото име од Израел.+  Но, ако оној човек не сака да ја земе вдовицата на својот брат, вдовицата на неговиот брат нека отиде на градските порти пред старешините+ и нека каже: ‚Девер ми не сака да го зачува името на својот брат во Израел. Не сака да склучи со мене деверски брак‘.  И старешините од неговиот град нека го повикаат и нека разговараат со него, а тој нека застане пред нив и нека рече: ‚Не сакам да ја земам‘,+  тогаш нека му пристапи вдовицата на неговиот брат, па пред очи на старешините нека му ја собуе сандалата од ногата,+ нека му плукне в лице+ и нека рече: ‚Така се постапува со човек кој не сака да му подигне дом на својот брат‘.+ 10  И нека го викаат во Израел со името ‚Домот на оној кому му е собуена сандалата‘. 11  Ако се степаат двајца, па жената на едниот од нив се приближи за да го избави својот маж од рацете на оној што го тепа и притоа ја испружи раката и го фати оној за половиот орган,+ 12  отсечи ѝ ја раката. Нека нема жал твоето око.+ 13  Во својата торба не смееш да имаш два вида тегови,+ големи и мали. 14  Во својата куќа не смееш да имаш два вида ефа,+ голема и мала. 15  Твојот тег нека биде точен и праведен. Твојата ефа нека биде точна и праведна за да ти се продолжат деновите на земјата што ти ја дава Јехова, твојот Бог.+ 16  Зашто, секој што прави такво нешто, секој што прави неправда, му е одвратен на Јехова, твојот Бог.+ 17  Сети се што ти направи Амалик кога беше на пат откако излезе од Египет,+ 18  кога те дочека на патот и удри на тебе од зад грб и ги испотепа сите што заостануваа, кога ти беше исцрпен и изморен, а тој не се плашеше од Бог.+ 19  Кога Јехова, твојот Бог, ќе ти даде да си отпочинеш од сите свои непријатели околу тебе во земјата што ти ја дава Јехова, твојот Бог, да ја заземеш како наследство,+ тогаш избриши го од под небото споменот на Амалик.+ Тоа да не го заборавиш!

Фусноти