Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

5. Мојсеева 24:1-22

24  Ако некој човек земе жена и ако се ожени за неа, па се случи таа да не му биде по волја зашто нашол на неа нешто недолично,+ нека ѝ напише потврда за развод,+ нека ѝ ја предаде в раце и нека ја испрати од својата куќа.+  А таа нека излезе од неговата куќа, па нека отиде и нека се омажи за друг.+  Ако ја замрази и другиот, па ако и тој ѝ напише потврда за развод, ѝ ја предаде в раце и ја отпушти од својата куќа, или ако умре вториот маж што ја зел за жена,  првиот на кој му припаѓала* и кој ја напуштил не смее да ја земе за жена повторно откако била осквернета,+ зашто тоа е одвратно пред Јехова. Не дозволувај да се прави грев во земјата што ти ја дава во наследство Јехова, твојот Бог.  Ако некој се оженил неодамна,+ не треба да оди во војска, и нека не му се наметнува никаква друга обврска. Една година нека биде слободен да седи дома и нека ја развеселува жената што ја зел.+  Никој нека не зема во залог рачна мелница, ниту горниот камен од неа,+ зашто така би го зел во залог самиот живот.*  Ако се утврди дека некој грабнал+ човек* меѓу своите браќа, синовите на Израел, и дека постапувал тирански со него и го продал,+ тој грабнувач нека биде погубен. Отстрани го злото од својата средина!+  Ако се појави лепра,+ внимателно погрижи се да се држиш точно за сето она за кое ќе ве поучат левитските свештеници+ и да постапуваш така. Совесно постапувајте според она што им го заповедав.+  Сети се што ѝ направи Јехова, твојот Бог, на Маријам по патот кога бевте излегле од Египет.+ 10  Ако му дадеш некаков заем на својот ближен,+ не влегувај во неговата куќа за да го земеш она што тој го дал во залог.+ 11  Стој надвор, а оној на кого си му дал заем нека ти го изнесе залогот. 12  Ако тој човек е во неволја, не оди на спиење имајќи го неговиот залог кај себе.+ 13  Врати му го залогот штом ќе зајде сонцето,+ за да отиде на спиење во својата облека+ и да те благословува.+ Тоа ќе ти се смета за праведност пред Јехова, твојот Бог.+ 14  Не мами го наемникот кој е страдалник и сиромав, било да е твој брат било да е дојденец што живее со тебе во твојата земја, во твојот град.+ 15  Дај му ја платата во истиот ден,+ сонцето да не зајде над неа, зашто тој е во неволја и душата негова желно ја исчекува својата плата, за да не го повика на помош Јехова поради тебе,+ и тоа ќе ти биде грев.+ 16  Татковците да не бидат погубени поради децата и децата да не бидат погубени поради татковците.+ Секој нека биде погубен поради сопствениот грев.+ 17  Не извртувај ја правдата на дојденецот,+ ниту на детето без татко,+ и не земај ѝ ја во залог облеката на вдовицата.+ 18  Сети се дека беше роб во Египет и дека Јехова, твојот Бог, те откупи оттаму.+ Затоа ти заповедам да го правиш ова. 19  Кога го жнееш житото на својата нива,+ ако заборавиш сноп на нивата, не враќај се по него. Нека остане за дојденецот, за детето без татко и за вдовицата,+ за да те благослови Јехова, твојот Бог, во секое дело на твоите раце.+ 20  Кога ја тресеш својата маслина, не загледувај ја зад себе секоја гранка. Нека остане за дојденецот, за детето без татко и за вдовицата.+ 21  Кога го береш грозјето во своето лозје, не собирај го она што ќе остане зад тебе. Нека остане за дојденецот, за детето без татко и за вдовицата. 22  Сети се дека беше роб во египетската земја.+ Затоа ти заповедам да го правиш ова.+

Фусноти

Буквално: „првиот сопственик (господар)“.
Или: „средствата за живот“. Буквално: „душа“.
Буквално: „душа“.