Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

5. Мојсеева 20:1-20

20  Ако појдеш во битка против своите непријатели и ако видиш коњи и бојни коли+ и многу луѓе, повеќе од тебе, не плаши се од нив, зашто со тебе е Јехова, твојот Бог,+ кој те изведе од египетската земја.+  Пред битката, свештеникот нека му пристапи на народот и нека му зборува.+  И нека му каже: ‚Чуј Израеле! Денес одите во битка против своите непријатели. Нека не се плаши вашето срце!+ Не плашете се, не бегајте избезумено и не треперете пред нив,+  зашто Јехова, вашиот Бог, оди со вас да се бори за вас против вашите непријатели и да ве спаси‘.+  И управителите+ нека му се обратат на народот и нека речат: ‚Има ли некој што изградил нова куќа, а не го прославил вселувањето во неа? Нека си оди и нека се врати во својата куќа за да не загине во битката, па некој друг да го слави вселувањето во неа.+  Има ли некој што засадил лозје, а сѐ уште не го брал? Нека си оди и нека се врати во својата куќа за да не загине во битката, па некој друг да го бере.+  Има ли некој што се свршил со некоја девојка, а сѐ уште не ја зел кај себе? Нека си оди и нека се врати во својата куќа+ за да не загине во битката, па некој друг да ја земе‘.  Управителите нека му го кажат на народот уште ова: ‚Има ли некој што се плаши и има плашливо срце?+ Нека си оди и нека се врати во својата куќа за да не посее страв во срцата на своите браќа, па и тие да се плашат како него‘.+  Кога ќе му го кажат ова на народот, управителите нека постават воени заповедници на чело на народот. 10  Ако се приближиш кон некој град за да го нападнеш, најнапред понуди му мир.+ 11  Ако го прифати мирот и ти ја отвори својата порта, целиот народ што ќе се најде во него нека ти врши ропска работа и нека ти служи.+ 12  Но, ако не склучи мир со тебе,+ туку завојува со тебе и ти мораш да го опсадиш, 13  кога Јехова, твојот Бог, ќе ти го предаде в раце, убиј го во него секое машко со сечилото на мечот.+ 14  А жените, децата,+ стоката+ и сѐ што ќе се најде во градот, целиот плен од него земи го за себе.+ И јади го пленот од своите непријатели, кои ти ги дава Јехова, твојот Бог.+ 15  Така направи им на сите градови што се многу далеку од тебе и не им припаѓаат на градовите на овие народи. 16  Само во градовите на овие народи што Јехова, твојот Бог, ти ги дава во наследство не оставај живо ништо што диши,+ 17  зашто мораш да ги уништиш:* Хетејците и Аморејците, Ханаанците и Ферезејците, Евејците и Евусејците,+ како што ти заповеда Јехова, твојот Бог, 18  за да не ве научат да ги правите сите тие гадости што им ги прават на своите богови и да не му згрешите на Јехова, својот Бог.+ 19  Ако опсадуваш некој град многу денови, борејќи се да го освоиш, не уништувај ги дрвјата околу него сечејќи ги со секира, зашто можеш да јадеш од нивниот род, па затоа немој да ги соборуваш.+ Зар е дрвото во полето човек за да го опсадиш? 20  Само дрвото за кое знаеш дека не дава плодови за јадење можеш да го собориш. Исечи го и направи справи за опсадување+ на градот што завојувал со тебе додека не падне.

Фусноти

Или: „да ги уништиш како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.