Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

5. Мојсеева 2:1-37

2  Потоа свртивме и тргнавме кон пустината по Црвеноморскиот пат, како што ми кажа Јехова,+ и долго време патувавме околу планината Сеир.  На крајот, Јехова ми рече:  ‚Доста патувавте околу оваа планина.+ Свртете кон север.  Вака заповедај му на народот: „Сега ќе поминете покрај границата на своите браќа,+ синовите на Исав,+ кои живеат во Сеир.+ Тие ќе се плашат од вас,+ но вие бидете многу внимателни.  Не впуштајте се во борба со нив, зашто нема да ви дадам од нивната земја ни колку што е широко едно стапало, зашто на Исав му ја дадов како посед планината Сеир.+  Јадете ја храната што од нив ќе ја купите за пари, и пијте ја водата што од нив ќе ја купите за пари.+  Зашто, Јехова, твојот Бог, те благослови во секое дело на твоите раце.+ Тој добро знае како патуваше низ оваа голема пустина.* Овие четириесет+ години Јехова, твојот Бог, беше со тебе. Ништо не ти недостасуваше“ ‘.+  Така отидовме откај своите браќа, синовите на Исав,+ кои живеат во Сеир, и од патот што води до Араба,+ од Елат и Есион-Гавер.+ Потоа се свртивме и тргнавме по патот преку моавската пустина.+  И Јехова ми рече: ‚Не вознемирувај ги Моавците и не тргнувај во војна против нив, зашто нема да ти дадам ништо од нивната земја, бидејќи Ар+ им го дадов на синовите на Лот.+ 10  (Порано таму живееја Емимците,+ народ моќен, броен и со висок раст како Енаковците.+ 11  И на Рефаимците+ се гледаше како да се Енаковци,+ а Моавците ги викаа Емимци. 12  Во Сеир порано живееја Хорејците,+ но синовите на Исав+ ги истераа од имотот, ги истребија од пред себе и се населија на нивното место,+ исто како што ќе направи Израел со земјата што му припаѓа, која ќе му ја даде Јехова.) 13  А сега станете и преминете ја долината* на Заред‘. И така ја преминавме долината на Заред.+ 14  Нашето патување од Кадис-Варни до преминувањето на долината на Заред траеше триесет и осум години. Дотогаш во логорот изумре целото поколение од мажи способни за војна, како што им се заколна Јехова.+ 15  А уште и Јеховината рака+ беше на нив и не им даваше мир сѐ додека не изумреа и не исчезнаа од логорот.+ 16  А кога изумреа во народот сите мажи способни за војна,+ 17  Јехова ми рече: 18  ‚Денес го преминуваш подрачјето на Моав, односно Ар,+ 19  и ќе им се приближиш на синовите на Амон. Не вознемирувај ги и не тргнувај во војна против нив, зашто нема да ти дадам да поседуваш ништо од земјата на синовите на Амон, бидејќи им ја дадов на синовите на Лот.+ 20  И таа се сметаше за земја на Рефаимците.+ (Порано во неа живееја Рефаимците, а Амонците ги нарекуваа Замзуми. 21  Тоа беше народ моќен, многуброен и со висок раст како Енаковците.+ И Јехова ги истреби+ од пред нив за да можат да ја земат нивната земја и да се населат на нивното место, 22  како што направи и за синовите на Исав, кои живеат во Сеир,+ кога од пред нив ги истреби Хорејците+ за да го земат нивниот посед и да се населат на нивното место каде што живеат до ден-денес. 23  А Авимците,+ кои живееја во местата дури до Газа,+ беа истребени од Кафторците,+ кои дојдоа од Кафтор,+ за да се населат на нивното место.) 24  Станете, тргнете и преминете ја долината на Арнон!+ Еве, ти го давам в раце Сихон,+ царот на Есевон, Амореецот. Почни да ја освојуваш неговата земја, тргни во војна против него! 25  Од денес под целото небо ќе почнам да ширам страв и трепет пред тебе меѓу народите кои ќе чујат глас за тебе, така што ќе се вознемират и, поради тебе, ќе ги обземат болки слични на родилните‘.+ 26  Потоа од пустината Кедимот+ испратив гласници кај Сихон,+ царот на Есевон, со мирољубиви зборови:+ 27  ‚Пушти ме да поминам низ твојата земја. Ќе одам само по патот. Нема да скршнувам ни надесно ни налево.+ 28  Ќе ја јадам храната што ќе ми ја продадеш за пари и ќе ја пијам водата што ќе ми ја дадеш за пари. Само пушти ме да поминам пеш,+ 29  како што ме пуштија синовите на Исав што живеат во Сеир+ и Моавците+ што живеат во Ар, додека да поминам преку Јордан во земјата што ни ја дава Јехова, нашиот Бог‘.+ 30  Но Сихон, царот на Есевон, не нѐ пушти да поминеме преку неговата земја, зашто Јехова, твојот Бог, допушти да стане* тврдокорен+ и срцето да му закорави, за да ти го предаде в раце, како што се гледа денес.+ 31  Тогаш Јехова ми рече: ‚Еве, почнав да ти ги предавам Сихон и неговата земја. Почни да ја освојуваш неговата земја‘.+ 32  Кога Сихон излезе пред нас, тој и целиот негов народ, за да почне битка кај Јаса,+ 33  Јехова, нашиот Бог, ни го предаде,+ така што ги поразивме него,+ неговите синови и целиот негов народ. 34  Тогаш ги освоивме и ги уништивме* сите негови градови+ и ги убивме мажите, жените и децата. Никого не оставивме жив. 35  Само стоката ја зедовме за себе како плен, заедно со пленот од градовите што ги освоивме.+ 36  Од Ароир,+ кој се наоѓа покрај долината на Арнон, и од градот што е во таа долина, па дури до Галад немаше град чиишто ѕидишта беа превисоки за нас.+ Јехова, нашиот Бог, ни ги предаде сите. 37  Единствено не ѝ се приближивме на земјата на Амоновите синови,+ по должината на целата долина на Јавок,+ ниту се приближивме до градовите на планините, ниту до нешто друго кое Јехова, нашиот Бог, ни го забрани.

Фусноти

Види го додатокот 12.
Види го додатокот 12.
Буквално: „духот негов да стане“.
Или: „ги уништивме како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.