Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

5. Мојсеева 18:1-22

18  Свештениците и левитите, целото Левиево племе, да немаат дел ни наследство со Израел.+ Нека ги јадат жртвите палени за Јехова, неговото наследство.+  Значи, Леви нека нема наследство меѓу своите браќа. Јехова е неговото наследство,+ токму како што му рече.  А од народот, од оние што принесуваат жртва, било од крупната било од ситната стока, свештениците имаат право да го добијат следново: на свештеникот треба да му се даде плешката, двете вилици и желудникот.  Дај му ги и првините од своето жито, од своето младо вино, од своето масло и првината од волната што си ја истрижал од овците.+  Зашто, Јехова, твојот Бог, го избра него од сите твои племиња за да стои секогаш и да служи во Јеховино име, тој и неговите синови.+  Ако некој левит си отиде од некој од твоите градови во целиот Израел, во кој живеел некое време,+ и по желба на својата душа дојде во местото што ќе го избере Јехова,+  нека служи во името на Јехова, својот Бог, исто како и сите негови браќа левити, кои стојат таму пред Јехова.+  Нека јаде еднаков дел,+ покрај она што ќе го добие со продавањето на татковиот имот.  Кога ќе влезеш во земјата што ти ја дава Јехова, твојот Бог, не учи се да ги правиш гадостите на оние народи.+ 10  Кај тебе нека не се најде никој што ќе го помине својот син или својата ќерка низ оган,+ ни некој што гата,+ ни некој што се занимава со магија,+ ни некој што пророкува според предзнаци,+ ни маѓепсник,+ 11  ни некој што фрла уроци,+ ни некој што повикува духови,+ ни некој што ја претскажува иднината,+ ни некој што ги прашува мртвите.+ 12  Зашто, секој што прави такво нешто му е одвратен на Јехова, и поради такви гадости Јехова, твојот Бог, ги истерува од пред тебе.+ 13  Биди непорочен* пред Јехова, својот Бог.+ 14  Зашто, народите што ќе ги истераш од нивниот имот ги слушаат оние што се занимаваат со магија+ и оние што гатаат,+ но тебе Јехова, твојот Бог, не ти дозволува такво нешто.+ 15  Јехова, твојот Бог, ќе ти подигне од твојата средина, од твоите браќа, таков пророк каков што сум јас. Него слушајте го!+ 16  Тоа и го бараше од Јехова, својот Бог, на Хорив, на денот на собирот,+ кога рече: ‚Да не го слушам повеќе гласот на Јехова, својот Бог, и да не го гледам повеќе овој голем оган за да не загинам‘.+ 17  Тогаш Јехова ми рече: ‚Добро е тоа што го рекоа.+ 18  Ќе им подигнам пророк од нивните браќа, како што си ти.+ И ќе ги ставам своите зборови во неговата уста+ за да им кажува сѐ што ќе му заповедам.+ 19  А оној што нема да ги послуша моите зборови, кои тој ќе ги кажува во мое име, ќе одговара пред мене за тоа.+ 20  Но пророкот што ќе се осмели да зборува во мое име за нешто за кое не сум му заповедал да зборува+ или да зборува во името на други богови,+ таквиот пророк да биде погубен.+ 21  А ако си речеш во срцето: „Како ќе го препознаеме зборот што Јехова не го кажал?“+ 22  — тогаш знај: кога пророкот зборува во Јеховино име, а не се случи и не се исполни она што го рекол, тогаш тоа не го кажал Јехова. Тој пророк го кажал тоа од дрскост.+ Не плаши се од него!‘+

Фусноти

Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.