Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

5. Мојсеева 17:1-20

17  Не жртвувај му на Јехова, твојот Бог, грло од крупната или од ситната стока кое има недостаток или некоја друга маана, зашто тоа му е одвратно на Јехова, твојот Бог.+  Ако се најде во твојата средина, во еден од твоите градови што ти ги дава Јехова, твојот Бог, маж или жена кои прават нешто што е зло во очите на Јехова, твојот Бог, и го престапуваат неговиот сојуз,+  па почнат да обожаваат други богови и да им се клањаат ним, или на сонцето, или на месечината, или на сета небесна војска,+ нешто што не сум го заповедал,+  и ако ти кажат за тоа и ти дознаеш за тоа и темелно го истражиш, и ете, се покаже дека е вистина+ и дека навистина се случила таа гнасотија во Израел,  тогаш изведи ги на градската порта тој маж или таа жена, кои направиле такво зло — сеедно дали е маж или жена — па засипи ги со камења за да загинат.+  На темел на изјавата од двајца или од тројца сведоци+ нека биде погубен оној што заслужува смрт. Не смее да биде погубен на темел на изјавата од еден сведок.+  Сведоците први нека дигнат рака на него за да го погубат, па тогаш нека дигне рака целиот народ.+ Отстрани го злото од својата средина!+  Ако ти е нешто претешко да го пресудиш,+ било да станува збор за пролевање крв,+ било за некаква тужба,+ било за насилно дело — спор+ во твојот град — тогаш стани и појди во местото што ќе го избере Јехова, твојот Бог.+  Отиди кај левитските свештеници+ и кај судијата,+ кои ќе служат во тоа време, па прашај ги нив, а тие ќе ти кажат како да пресудиш.+ 10  И постапи според зборовите што ќе ти ги кажат во она место што ќе го избере Јехова. Совесно постапувај според сето она за кое ќе те поучат. 11  Постапи според законот на кој ќе ти укажат и според пресудата што ќе ја изречат.+ Од зборовите што ќе ти ги кажат не отстапувај ни надесно ни налево.+ 12  Ако некој се однесува дрско и ако не го послуша свештеникот, кој стои таму за да му служи на Јехова, твојот Бог, или судијата,+ тој човек нека биде погубен!+ Отстрани го злото од Израел!+ 13  А целиот народ ќе чуе за тоа и ќе го обземе страв,+ па повеќе никој нема да постапува дрско. 14  Кога најпосле ќе дојдеш во земјата што ти ја дава Јехова, твојот Бог, кога ќе ја заземеш и ќе се населиш во неа,+ ако кажеш: ‚Ќе поставам над себе цар како што имаат сите околни народи‘,+ 15  тогаш постави го над себе царот што ќе го избере Јехова, твојот Бог.+ За цар над себе постави некој од своите браќа. Не смееш да поставуваш над себе туѓинец, кој не е твој брат. 16  Само нека не држи многу коњи+ и нека не го праќа народот назад во Египет за да му доведат уште повеќе коњи,+ зашто Јехова ви рече: ‚Никогаш повеќе не враќајте се по овој пат!‘ 17  И нека нема многу жени за да не му тргне срцето по крив пат,+ и нека не трупа за себе многу сребро и злато.+ 18  А кога ќе седне на престолот на своето царство, нека си го препише во една книга овој закон што го чуваат левитските свештеници.+ 19  И нека го држи кај себе и нека го чита во сите денови на својот живот+ за да научи да се бои од Јехова, својот Бог, да ги држи сите зборови на овој закон и овие уредби и да постапува според нив,+ 20  за да не му се возвиши срцето над неговите браќа+ и за да не отстапи од овие заповеди ни надесно ни налево,+ за да ги продолжи деновите на своето царување+ и за себе и за сите свои синови среде Израел.

Фусноти