Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

5. Мојсеева 16:1-22

16  Држи го месецот авив+ и слави ја Пасхата во чест на Јехова, својот Бог,+ зашто во месецот авив, Јехова, твојот Бог, те изведе ноќе од Египет.+  И принеси му ја пасхалната жртва на Јехова, својот Бог,+ од својата ситна и крупна стока,+ на местото што Јехова ќе го избере за да престојува таму неговото име.+  Ништо со квасец немој да јадеш со неа.+ Седум дена јади бесквасен леб, страдалнички леб, бидејќи набрзина излеговте од египетската земја,+ за да се сеќавате во сите денови од својот живот на денот кога излеговте од египетската земја.+  Седум дена нека нема кај тебе потквасено тесто на целото твое подрачје,+ и ништо од месото што ќе го жртвуваш навечер на првиот ден нека не остане преку ноќта до утрото.+  Не смееш да ја принесуваш пасхалната жртва во кој и да е од твоите градови што ти ги дава Јехова, твојот Бог,  туку на местото што ќе го избере Јехова, твојот Бог, за таму да престојува неговото име,+ таму принеси ја пасхалната жртва навечер кога ќе зајде сонцето,+ во времето кога излезе од Египет.  Зготви ја и изеди ја+ на местото што ќе го избере Јехова, твојот Бог,+ а наутро врати се во своите шатори.  Шест дена јади бесквасен леб, а на седмиот ден нека има свечен собир во чест на Јехова, твојот Бог.+ Не работи никаква работа!  Изброј седум седмици. Од денот кога српот ќе почне да го жние житото почни да ги броиш седумте седмици.+ 10  Тогаш слави го Празникот на седмиците во чест на Јехова, својот Бог,+ принесувајќи му доброволна жртва од својата рака, како што ќе те благослови Јехова, твојот Бог.+ 11  И радувај се пред Јехова, својот Бог,+ на местото што ќе го избере Јехова, твојот Бог, за таму да престојува неговото име,+ ти, и твојот син, и твојата ќерка, и твојот роб, и твојата робинка, и секој Левиев син што живее во твојот град, и дојденецот,+ и детето без татко+ и вдовицата,+ кои се во твојата средина. 12  Сети се дека беше роб во Египет!+ Држи ги тие уредби и постапувај според нив.+ 13  Празникот на сениците+ слави го седум дена откако ќе го собереш родот од своето гумно и од своето гмечало за масло и за вино. 14  И радувајте се на својот празник,+ ти, и син ти, и ќерка ти, и твојот роб, и твојата робинка, и секој Левиев син, и дојденецот, и детето без татко и вдовицата, кои живеат во твојот град. 15  Седум дена слави го празникот+ во чест на Јехова, својот Бог, на местото што ќе го избере Јехова, зашто Јехова, твојот Бог, ќе те благослови+ во сиот твој принос и во секое дело на твоите раце. И биди весел!+ 16  Трипати во годината нека дојде секое машко пред Јехова, твојот Бог, на местото што ќе го избере тој:+ на Празникот на бесквасните лебови,+ на Празникот на седмиците+ и на Празникот на сениците.+ Никој да не доаѓа пред Јехова со празни раце.+ 17  Секој нека принесе дар според благословот што му го дава Јехова, твојот Бог.+ 18  Постави си судии+ и управители+ во своите градови, кои ти ги дава Јехова, твојот Бог, по твоите племиња, за да му судат на народот со праведни одлуки. 19  Не извртувај ја правдата.+ Не биди пристрасен+ и не примај мито, зашто митото им ги заслепува очите на мудрите+ и ги извртува зборовите на праведните. 20  Оди само по правдата+ за да бидеш жив и да ја заземеш земјата што ти ја дава Јехова, твојот Бог.+ 21  Не сади за себе никакво дрво за да ти биде како обреден дирек* близу до жртвеникот што ќе го направиш за Јехова, твојот Бог.+ 22  Не поставувај си никаков обреден столб,+ зашто Јехова, твојот Бог, многу го мрази тоа.+

Фусноти

Или: „ашер“.