Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

5. Мојсеева 13:1-18

13  Ако се појави во твојата средина некој пророк+ или човек што сонува+ соништа, ако ти даде некаков знак или предзнак+  и ако се обистини тој знак или предзнак за кој ти зборувал, па ти рече:+ ‚Да тргнеме по други богови, кои не ги познаваш, и ним да им служиме!‘  — не слушај ги зборовите на тој пророк, ниту на човекот што го сонил тој сон,+ зашто Јехова, вашиот Бог, ве испитува+ за да види дали го сакате Јехова, својот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа.+  Одете по Јехова, својот Бог, и од него бојте се, држете ги неговите заповеди и слушајте го неговиот глас, служете му нему и приврзете се кон него.+  А оној пророк+ или оној човек што го сонил сонот нека биде погубен,+ зашто поттикнувал на побуна против Јехова, вашиот Бог, кој ве изведе од египетската земја и ве откупи од куќата на ропството. Сакал да те одврати од патот по кој Јехова, твојот Бог, ти заповеда да одиш.+ Отстрани го злото од својата средина!+  Кога би се обидел твојот брат, синот на мајка ти, или твојот син, или твојата ќерка, или твојата мила жена, или твојот другар кого го сакаш како својата душа+ да те наговори во тајност: ‚Ајде да им служиме на други богови‘,+ кои не си ги познавал ниту ти ниту ги познавале твоите прататковци,  на боговите на народите што се околу вас, кои се блиску или, пак, далеку од тебе, од едниот крај на земјата до другиот,  немој да се согласиш со она што тој го сака и немој да го слушаш.+ Нека не го жали твоето око, немој да го сожалиш+ и немој да го штитиш,  туку погуби го.+ Твојата рака прва нека се подигне на него за да го погубиш, а потоа раката на целиот народ.+ 10  Засипи го со камења за да загине,+ зашто сакал да те одврати од Јехова, твојот Бог, кој те изведе од египетската земја, од куќата на ропството.+ 11  И тоа ќе го чуе сиот Израел и страв ќе ги обземе сите, па нема повеќе да прават такво зло во твојата средина.+ 12  Ако чуеш дека во некои од твоите градови што ти ги дава Јехова, твојот Бог, за да живееш во нив, се зборува: 13  ‚Од твојата средина излегоа некои никаквеци+ за да ги заведат жителите на својот град,+ велејќи: „Ајде да им служиме на други богови“ кои не ги познавате‘, 14  тогаш испитај го тоа, истражи го и темелно распрашај се за тоа,+ па ако се утврди дека е вистина и дека навистина се случило нешто толку одвратно во твојата средина, 15  погуби ги жителите на тој град со сечилото на мечот.+ Уништи го градот и со сечилото на мечот убиј сѐ* што е во него, заедно со целата негова стока.+ 16  Собери го среде плоштадот сето она што е запленето во него и со оган изгори ги градот+ и сето она што е запленето во него како цела паленица за Јехова, твојот Бог. Од него нека останат засекогаш само урнитини+ и никогаш да не се обнови! 17  Ништо од она што е одредено за уништување* нека не ти се прилепи за раката,+ за да се одврати Јехова од својот распламтен гнев+ и да биде милосрден кон тебе, да ти се смилува+ и да те намножи, како што им се заколна на твоите прататковци.+ 18  Затоа слушај го гласот на Јехова, својот Бог, и држи ги сите негови заповеди+ што ти ги давам денес, за да го правиш она што е исправно во очите на Јехова, својот Бог.+

Фусноти

Или: „Со сечилото на мечот уништи ги како херем градот и сѐ“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.
Или: „што е херем“.