Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

5. Мојсеева 1:1-46

1  Ова се зборовите* што Мојсеј му ги упати на целиот Израел во пустината, во јорданскиот крај,+ во пустите рамници спроти Суф, меѓу Фаран,+ Тофел, Лаван, Асирот+ и Дизав,  на единаесет дена одење од Хорив по патот преку планината Сеир до Кадис-Варни.+  Така, во четириесеттата+ година, во единаесеттиот месец, на првиот ден од тој месец, Мојсеј им се обрати на синовите на Израел и им пренесе сѐ што Јехова му заповеда за нив.  Тоа беше откако во Едреј+ ги порази аморејскиот цар Сихон,+ кој живееше во Есевон, и васанскиот цар Ог,+ кој живееше во Астарот.+  Во јорданскиот крај, во моавската земја, Мојсеј почна да го објаснува овој закон+ со зборовите:  „Јехова, нашиот Бог, ни рече на Хорив:+ ‚Доста живеевте во овие планини.+  Свртете се и тргнете на пат, па отидете во планинскиот крај на Аморејците+ и кај сите нивни соседи во Араба,+ во планините,+ во Шефела,* во Негев*+ и на морскиот брег,+ во ханаанската земја+ и на Ливан,+ до големата река, реката Еуфрат.+  Еве, пред вас ја ставам оваа земја. Одете и заземете ја земјата за која Јехова им се заколна на вашите татковци Авраам, Исак+ и Јаков+ дека ќе им ја даде ним и на нивното потомство по нив‘.+  И тогаш ви реков: ‚Не можам сам да ве носам.+ 10  Јехова, вашиот Бог, ве намножи и, еве, денес сте многубројни како ѕвездите на небото.+ 11  Јехова, Богот на вашите прататковци, нека ве намножи+ уште илјада пати и нека ве благослови+ како што ви вети.+ 12  Како да ве носам сам вас, тоа бреме и тој товар и вашите расправии?+ 13  Изберете си од своите племиња луѓе мудри, разборити+ и искусни+ за да ви ги поставам за поглавари‘.+ 14  А вие ми одговоривте: ‚Добро е тоа што ни кажа да го направиме‘. 15  Така ги зедов поглаварите од вашите племиња, луѓе мудри и искусни, и ви ги поставив за илјаданачалници, стотници, педесетници, десетници и за управители на вашите племиња.+ 16  Тогаш им заповедав на вашите судии: ‚Кога ги сослушувате своите браќа во расправа, судете праведно+ меѓу човек и неговиот брат или дојденецот што е со него.+ 17  Во судењето не бидете пристрасни.+ Сослушувајте го еднакво и малиот и големиот.+ Не плашете се од луѓе,+ бидејќи судот е Божји,+ а спорот што ќе ви биде претежок изнесете го пред мене за да го сослушам‘.+ 18  И така ви заповедав тогаш сѐ што треба да правите. 19  Потоа тргнавме од Хорив и ја поминавме целата онаа голема и застрашувачка пустина+ што ја видовте на патот до планинскиот крај на Аморејците,+ како што Јехова, нашиот Бог, ни заповеда. На крајот стигнавме во Кадис-Варни.+ 20  Тогаш ви реков: ‚Дојдовте во планинскиот крај на Аморејците, кој ни го дава Јехова, нашиот Бог.+ 21  Еве, Јехова, твојот Бог, ти ја предаде таа земја.+ Оди, заземи ја, како што ти рече Јехова, Богот на твоите прататковци.+ Не бој се и не плаши се!‘+ 22  Но вие дојдовте кај мене и рековте: ‚Да испратиме пред себе луѓе за да ја извидат земјата и да нѐ известат за патот по кој ќе одиме и за градовите во кои ќе дојдеме‘.+ 23  И тоа беше добро во мои очи, па зедов од вас дванаесет луѓе, по еден од секое племе.+ 24  Тие тргнаа и, откако отидоа во планините,+ дојдоа до долината на Есхол+ и почнаа да го извидуваат тој крај. 25  И зедоа плодови од таа земја+ и ни ги донесоа. И нѐ известија: ‚Добра е земјата што ни ја дава Јехова, нашиот Бог‘.+ 26  Но вие не сакавте да појдете,+ туку се побунивте против наредбата на Јехова, својот Бог.+ 27  И негодувавте во своите шатори: ‚Јехова нѐ мрази+ и затоа нѐ изведе од египетската земја,+ за да нѐ предаде во рацете на Аморејците и тие да нѐ истребат.+ 28  Каде одиме? Нашите браќа ни посеаја страв во срцата+ со зборовите: „Тој народ е поголем од нас и со повисок раст,+ градовите се големи и до небо утврдени,+ а ги видовме таму и синовите на Енак‘ “.+ 29  Тогаш ви реков: ‚Не бојте се и не плашете се од нив!+ 30  Јехова, вашиот Бог, оди пред вас. Тој ќе се бори за вас+ онака како што се бореше во Египет пред ваши очи,+ 31  и во пустината,+ каде што виде како Јехова, твојот Бог, те носеше,+ како што човек го носи својот син, по целиот пат по кој одевте додека не дојдовте до ова место‘.+ 32  Но, и покрај сето тоа, вие не му верувавте на Јехова, својот Бог,+ 33  кој одеше пред вас по патот за да ви побара место за логор+ — ноќе во оган, за да го видите патот по кој требаше да одите, а дење во облак.+ 34  За сето тоа време Јехова ги слушаше вашите зборови. И затоа се разгневи и се заколна:+ 35  ‚Ниту еден од ова зло поколение нема да ја види добрата земја за која се заколнав дека ќе им ја дадам на вашите татковци,+ 36  освен Халев, синот на Јефониј.+ Тој ќе ја види, и нему и на неговите синови ќе им ја дадам земјата по која одеше, зашто во потполност го следеше Јехова.+ 37  Поради вас Јехова се разгневи и на мене и ми рече: „Ни ти нема да влезеш во неа!+ 38  Исус, синот на Навин, кој ти служи, ќе влезе во неа“.+ Него го зајакна,+ зашто тој на Израел ќе му ја даде во наследство таа земја. 39  А вашите деца за кои рековте: „Ќе станат плен!“+ — и вашите синови, кои денес не знаат што е добро, а што зло, тие ќе влезат во неа, ним ќе им ја дадам и тие ќе ја заземат. 40  А вие свртете се и тргнете кон пустината по Црвеноморскиот пат‘.+ 41  Вие тогаш ми одговоривте: ‚Му згрешивме на Јехова.+ Ќе појдеме горе и ќе се бориме онака како што ни заповеда Јехова, нашиот Бог!‘ И така секој од вас го опаша своето оружје за војна и мислевте дека лесно ќе се искачите на планината.+ 42  Но Јехова ми рече: ‚Кажи им: „Не одете горе и не започнувајте борба, зашто јас не сум меѓу вас,+ за да не ве поразат вашите непријатели“ ‘.+ 43  И јас ви зборував, но вие не слушавте, туку се побунивте+ против наредбите на Јехова и во својата дрскост тргнавте на планината.+ 44  Но ве дочекаа Аморејците што живееја на таа планина, ве гонеа+ како да ве гонат пчели и ве растераа во Сеир, дури до Хорма.+ 45  А потоа се вративте и плачевте пред Јехова, но Јехова не го слушаше вашиот глас+ и не го сврте кон вас увото.+ 46  Така останавте во Кадис многу денови, долго останавте таму.+

Фусноти

„Ова се зборовите“ — хебрејски: Еле хаддеварим. Петтата Мојсеева книга го добила своето име на хебрејски според овие уводни зборови, скратено Деварим. Во Септуагинтата и во Вулгатата се нарекува „Втор закон“, односно објаснување на Законот (види го 5. стих).
Или: „во низината“.
Или: „на југот, односно на јужниот дел од Ветената земја“.