Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

4. Мојсеева 8:1-26

8  Јехова му рече на Мојсеј:  „Кажи му на Арон и речи му: ‚Кога ќе ги палиш светилките на светилникот, седум светилки нека го осветлуваат просторот пред него‘ “.+  И Арон направи така. Ги запали светилките да го осветлуваат просторот пред светилникот,+ како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.  А светилникот беше изработен вака: беше искован од злато, од стеблото до цветовите беше искован.+ Мојсеј го изработи светилникот според образецот+ што му го беше покажал Јехова.  Јехова понатаму му рече на Мојсеј:  „Земи ги левитите меѓу синовите на Израел и очисти ги.+  Вака постапи со нив за да ги очистиш: попрскај ги со вода што очистува од грев,+ а тие нека си го избричат целото тело,+ нека си ја исперат облеката+ и нека се очистат.+  Потоа нека земат еден јунец+ со неговата житна жртва+ од фино брашно замесено со масло, а ти земи друг јунец како жртва за грев.+  И доведи ги левитите пред шаторот на средбата и собери ја целата заедница од синови на Израел.+ 10  Доведи ги левитите пред Јехова, па синовите на Израел нека ги положат+ рацете врз левитите.+ 11  И Арон нека каже левитите да се занишаат пред Јехова како нишана жртва+ што ја принесуваат синовите на Израел. Нивната работа нека биде да му вршат служба на Јехова.+ 12  Потоа левитите нека ги положат рацете врз главите на јунците.+ Тогаш принеси го едниот како жртва за грев, а другиот како жртва паленица за Јехова, за да го извршиш за левитите обредот на очистување.+ 13  И постави ги левитите пред Арон и пред неговите синови и занишај ги како нишана жртва што му ја принесуваш на Јехова. 14  Одвој ги левитите од синовите на Израел; и левитите нека ми припаднат мене.+ 15  Потоа левитите нека дојдат да служат во шаторот на средбата.+ Значи, очисти ги и занишај ги како нишана жртва.+ 16  Зашто, тие се дарувани,* дарувани ми се мене меѓу синовите на Израел.+ Нив ги зедов за себе наместо сите што ја отвораат материцата, сите првородени од синовите на Израел.+ 17  Зашто мене ми припаѓа секој првороден меѓу синовите на Израел — и од луѓето и од животните.+ Во оној ден кога ги погубив сите првородени во египетската земја,+ ги посветив за себе.+ 18  И ќе ги земам левитите наместо сите првородени меѓу синовите на Израел.+ 19  И ќе им ги дадам левитите на Арон и на неговите синови како дарувани меѓу синовите на Израел,+ за да ја вршат службата на синовите на Израел во шаторот на средбата+ и да го вршат за синовите на Израел обредот на очистување, за да не ги снајде некаква неволја синовите на Израел,+ зашто се приближија до светото место“. 20  Мојсеј, Арон и целата заедница од синови на Израел направија така со левитите. Како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј за левитите, така направија синовите на Израел со нив. 21  Откако левитите се очистија+ и ги испраа своите облеки, Арон ги заниша како нишана жртва пред Јехова.+ И Арон изврши за нив обред на очистување за да бидат чисти.+ 22  Потоа левитите влегоа да ја вршат својата служба во шаторот на средбата пред Арон и пред неговите синови.+ Како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј за левитите, така направија со нив. 23  Тогаш Јехова му рече на Мојсеј: 24  „И ова важи за левитите: левитот на возраст од дваесет и пет години нагоре стапува во редовите на оние што служат во шаторот на средбата. 25  А кога ќе наполни педесет години, нека истапи од редовите на оние што служат и повеќе нека не служи. 26  Нека им помага на своите браќа во шаторот на средбата при извршувањето на нивните должности, но самиот да не врши служба. Така да направиш со левитите и со нивните должности“.+

Фусноти

„Дарувани“ — хебрејски: нетуним, збор сроден со називот „нетини“. Види 1Ле 9:2.