Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

4. Мојсеева 7:1-89

7  Во оној ден кога Мојсеј го заврши подигањето на светиот шатор,+ го помаза+ и го посвети со целата негова опрема, а исто и жртвеникот со целиот негов прибор. Ги помаза и ги посвети.+  Потоа го приложија својот дар+ поглаварите на Израел,+ главари на своите родови, односно племенските кнезови што го водеа попишувањето,  и го донесоа својот прилог пред Јехова: шест покриени коли и дванаесет грла говеда — по една кола за двајца поглавари и по еден бик за секого. Ги доведоа пред светиот шатор.  Тогаш Јехова му рече на Мојсеј:  „Прими го тоа од нив за да се употреби за службата околу шаторот на средбата. Дај им го тоа на левитите, секому според неговата служба“.  Така Мојсеј ги прими колите и говедата и им ги даде на левитите.  Две коли и четири грла говеда им даде на синовите на Гирсон според нивната служба,+  четири коли и осум грла говеда им даде на синовите на Мерариј според нивната служба,+ под водството на Итамар, синот на свештеникот Арон.+  А на синовите на Кат не им даде ништо, бидејќи ним им беше доверена службата на светото место.+ Тие ги носеа работите на раменици.+ 10  Поглаварите потоа го приложија својот дар на свеченоста+ по повод поставувањето на жртвеникот на денот кога беше помазан. И поглаварите го донесуваа својот прилог пред жртвеникот. 11  И Јехова му рече на Мојсеј: „Секој ден по еден поглавар нека го донесе својот прилог на свеченоста по повод поставувањето на жртвеникот“.+ 12  Во првиот ден својот прилог го донесе Насон,+ синот на Аминадав, од племето на Јуда. 13  Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел,+ полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 14  една златна чаша од десет сикли полна со темјан;+ 15  еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 16  едно јаре за жртва за грев;+ 17  а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Насон, синот на Аминадав.+ 18  Во вториот ден, Нетанел,+ синот на Суар, поглавар на племето на Исахар, го приложи својот дар. 19  Како свој прилог донесе еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 20  една златна чаша од десет сикли полна со темјан; 21  еден јунец, еден овен, едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 22  едно јаре за жртва за грев,+ 23  а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Нетанел, синот на Суар. 24  Во третиот ден на ред беше поглаварот на синовите на Завулон — Елијав,+ синот на Хелон. 25  Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва; 26  една златна чаша од десет сикли полна со темјан; 27  еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 28  едно јаре за жртва за грев,+ 29  а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Елијав, синот на Хелон.+ 30  Во четвртиот ден, на ред беше поглаварот на синовите на Рувим — Елисур,+ синот на Седиур. 31  Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 32  една златна чаша од десет сикли полна со темјан; 33  еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 34  едно јаре за жртва за грев,+ 35  а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Елисур, синот на Седиур.+ 36  Во петтиот ден, на ред беше поглаварот на синовите на Симеон — Селумил,+ синот на Сурисадај. 37  Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 38  една златна чаша од десет сикли полна со темјан; 39  еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 40  едно јаре за жртва за грев,+ 41  а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Селумил, синот на Сурисадај.+ 42  Во шестиот ден, на ред беше поглаварот на синовите на Гад — Елисаф,+ синот на Деуел. 43  Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 44  една златна чаша од десет сикли полна со темјан;+ 45  еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 46  едно јаре за жртва за грев,+ 47  а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Елисаф, синот на Деуел.+ 48  Во седмиот ден, на ред беше поглаварот на синовите на Ефрем — Елисама,+ синот на Амиуд. 49  Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 50  една златна чаша од десет сикли полна со темјан; 51  еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 52  едно јаре како жртва за грев,+ 53  а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Елисама, синот на Амиуд.+ 54  Во осмиот ден, на ред беше поглаварот на синовите на Манасија — Гамалиил,+ синот на Фадасур. 55  Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 56  една златна чаша од десет сикли полна со темјан;+ 57  еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 58  едно јаре за жртва за грев,+ 59  а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Гамалиил, синот на Фадасур.+ 60  Во деветтиот ден, на ред беше поглаварот+ на синовите на Венијамин — Авидан,+ синот на Гедеони. 61  Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 62  една златна чаша од десет сикли полна со темјан; 63  еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 64  едно јаре за жртва за грев,+ 65  а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Авидан, синот на Гедеони.+ 66  Во десеттиот ден, на ред беше поглаварот на синовите на Дан — Ахиезер,+ синот на Амисадај. 67  Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 68  една златна чаша од десет сикли полна со темјан; 69  еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 70  едно јаре за жртва за грев,+ 71  а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Ахиезер, синот на Амисадај.+ 72  Во единаесеттиот ден, на ред беше поглаварот на синовите на Асер — Фагаил,+ синот на Ехран. 73  Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 74  една златна чаша од десет сикли полна со темјан;+ 75  еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 76  едно јаре за жртва за грев,+ 77  а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Фагаил, синот на Ехран.+ 78  Во дванаесеттиот ден, на ред беше поглаварот на синовите на Нефталим — Ахиреј,+ синот на Енан. 79  Неговиот прилог беше: еден сребрен сад тежок сто и триесет сикли, една сребрена чинија од седумдесет сикли, според светиот сикел, полни со фино брашно замесено со масло, за житна жртва;+ 80  една златна чаша од десет сикли полна со темјан;+ 81  еден јунец, еден овен и едно машко јагне старо до една година, за жртва паленица;+ 82  едно јаре за жртва за грев,+ 83  а за жртва на заедништвото:+ две грла говеда, пет овни, пет јарци и пет едногодишни машки јагниња. Тоа беше прилогот на Ахиреј, синот на Енан.+ 84  Ова беше прилогот+ од поглаварите+ на Израел кои, по повод поставувањето на жртвеникот, на денот кога беше помазан, принесоа: дванаесет сребрени садови, дванаесет сребрени чинии+ и дванаесет златни чаши. 85  Секој сребрен сад тежеше сто и триесет сикли, а секоја чинија седумдесет. Во садовите имаше вкупно две илјади и четиристотини сикли сребро, според светиот сикел.+ 86  Златни чаши+ полни со темјан имаше дванаесет и секоја чаша тежеше десет сикли, според светиот сикел. Во чашите имаше вкупно сто и дваесет сикли злато. 87  А стока за жртва паленица+ имаше вкупно: дванаесет јунци, дванаесет овни, дванаесет едногодишни машки јагниња со нивните житни жртви+ и дванаесет јариња како жртва за грев.+ 88  А стока за жртви на заедништвото+ имаше вкупно: дваесет и четири јунци, шеесет овни, шеесет јарци и шеесет едногодишни машки јагниња. Тоа е прилогот за свеченоста по повод поставувањето на жртвеникот+ откако беше помазан.+ 89  Кога влегуваше во шаторот на средбата да разговара со Бог,+ Мојсеј го слушаше гласот што му зборуваше одозгора, од над поклопецот+ на ковчегот на сведоштвото, меѓу двата херувима.*+ Така му зборуваше.

Фусноти

Херувими се ангели на висока положба.