Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

4. Мојсеева 4:1-49

4  Јехова им рече на Мојсеј и Арон:  „Нека се пребројат синовите на Кат+ меѓу синовите на Леви, по нивните семејства во домовите на нивните татковци,  од триесет години+ нагоре до педесет години,+ сите што влегуваат во групата на оние што служат+ вршејќи ја работата во шаторот на средбата.  А ова е службата на синовите на Кат во шаторот на средбата,+ нешто најсвето:  Кога таборот ќе тргне на пат, Арон и неговите синови нека влезат во шаторот, нека ја симнат преградната завеса+ и со неа нека го покријат ковчегот+ на сведоштвото.  И преку него нека стават покров од фокини кожи+ и над него нека прострат сино платно и потоа нека ги наместат лостовите.+  На масата+ на која стои лебот ставен пред Бог нека постелат сино платно и на него нека ги стават чиниите,+ чашите, садовите+ и бокалите за жртвите налевници. На неа нека биде лебот што се принесува постојано.+  Преку тоа нека прострат светлоцрвено платно.+ Потоа масата нека ја покријат со покров од фокини кожи,+ па нека ги наместат лостовите.+  Нека земат сино платно и нека го покријат светилникот+ за осветлување и неговите светилки,+ неговата клешта за гаснење фитили,+ неговите пепелници+ и сите садови+ за масло со кои го опслужуваат светилникот. 10  И нека го стават со сиот негов прибор во покров од фокини кожи+ и нека го стават на носилка. 11  Преку златниот жртвеник+ нека прострат сино платно, нека го покријат со покров од фокини кожи+ и потоа нека ги наместат лостовите.+ 12  Нека го земат целиот прибор+ за служба што го користат во службата на светото место и нека го стават во сино платно, нека го покријат со покров од фокини кожи+ и нека го стават на носилка. 13  Нека ја отстранат мрсната пепел* од жртвеникот+ и преку жртвеникот нека прострат ткаенина од црвеникаво-виолетова волна. 14  И на него нека го стават целиот прибор што го користат за служба: пепелниците, виљушките, лопатите и бокалите — сиот прибор за жртвеникот.+ Нека го покријат со покров од фокини кожи и потоа нека ги наместат лостовите.+ 15  Кога таборот ќе тргне на пат, Арон и неговите синови нека го довршат покривањето на светото место+ и на сиот прибор+ што му припаѓа на светото место. Потоа нека дојдат синовите на Кат да го понесат тоа,+ но не смеат да го допрат+ светото место за да не загинат. Тоа се работите во шаторот на средбата што ќе ги носат синовите на Кат.+ 16  А Елеазар, синот на свештеникот Арон, нека се грижи+ за маслото+ што служи за осветлување, за мирисливиот темјан,+ за редовната житна жртва+ и за маслото за помазание.+ Нека се грижи за целиот шатор, за сѐ што е во него — за светото место и за неговиот прибор“. 17  Јехова понатаму им рече на Мојсеј и Арон: 18  „Немојте да допуштите племето на семејствата на синовите на Кат+ да биде истребено меѓу левитите. 19  Туку направете им вака за да останат живи и да не загинат кога пристапуваат кон најсветите работи:+ Арон и неговите синови нека влезат и нека му одредат на секого како ќе служи и што треба да носи. 20  А тие нека не влегуваат ниту за миг да ги гледаат светите работи за да не загинат“.+ 21  Потоа Јехова му рече на Мојсеј: 22  „Синовите на Гирсон+ нека се пребројат по домовите на своите татковци, по своите семејства. 23  Преброј ги оние од триесет години нагоре до педесет години,+ сите што влегуваат во групата на оние што служат во шаторот на средбата. 24  А ова е службата на семејствата на Гирсон, службата што ќе ја вршат и работите што ќе ги носат:+ 25  нека ги носат шаторските платна+ на светиот шатор, односно шаторот на средбата+ со неговиот покров+ и покровот од фокини кожи+ што е врз него, завесата+ што е на влезот во шаторот на средбата, 26  дворните завеси,+ завесата на влезот+ во дворот што е околу шаторот и жртвеникот, шаторските јажиња, сиот прибор за нивната служба и сите работи што ги користат за работата. Тоа нека биде нивната служба. 27  Синовите на Гирсон+ нека ја вршат сета своја служба, сѐ што треба да носат и сета служба што треба да ја вршат, по наредба на Арон и на неговите синови.+ Одредете им сѐ што се должни да носат. 28  Тоа е службата на семејствата на синовите на Гирсон+ во шаторот на средбата. Службата за која се задолжени нека биде под водство на Итамар,+ синот на свештеникот Арон. 29  И синовите на Мерариј+ попиши ги по нивните семејства во домовите на нивните татковци. 30  Попиши ги сите на возраст од триесет години нагоре до педесет години, сите што влегуваат во групата на оние што служат вршејќи ја работата во шаторот на средбата.+ 31  А ова е нивната должност, она што ќе го носат,+ додека ја вршат сета своја служба во шаторот на средбата: ѕидните рамки+ на шаторот, неговите напречници,+ столбовите+ и подножјата,+ 32  потоа дворните столбови+ што се околу дворот, нивните подножја,+ клиновите+ и јажињата со сиот прибор за сета нивна служба. Поименично одредете ги предметите за кои се задолжени да ги носат.+ 33  Тоа е службата на семејствата на синовите на Мерариј,+ сета нивна служба во шаторот на средбата под водство на Итамар, синот на свештеникот Арон“.+ 34  Мојсеј, Арон и поглаварите+ на заедницата ги попишаа синовите на Кат+ по нивните семејства и по домовите на нивните татковци, 35  од триесет+ години нагоре до педесет години,+ сите што влегуваат во групата на оние што служат вршејќи ја работата во шаторот на средбата.+ 36  И попишаните по нивните семејства беа две илјади седумстотини и педесет.+ 37  Тоа се попишаните+ од семејствата на Кат, сите што служат во шаторот на средбата, кои Мојсеј и Арон ги попишаа по наредбата што ја даде Јехова преку Мојсеј. 38  А попишаните од синовите на Гирсон+ по нивните семејства и по домовите на нивните татковци, 39  од триесет години нагоре до педесет години, сите што влегуваат во групата на оние што служат вршејќи ја работата во шаторот на средбата,+ 40  попишани по нивните семејства, по домовите на нивните татковци, беа две илјади шестотини и триесет.+ 41  Тоа се попишаните од семејствата на синовите на Гирсон, сите што служат во шаторот на средбата, кои Мојсеј и Арон ги попишаа по наредба на Јехова.+ 42  А попишаните од семејствата на синовите на Мерариј по нивните семејства и по домовите на нивните татковци, 43  на возраст од триесет години нагоре до педесет години, сите што влегуваат во групата на оние што служат вршејќи ја работата во шаторот на средбата,+ 44  попишани по нивните семејства, беа три илјади и двесте.+ 45  Тоа се попишаните од семејствата на Мерариј, кои Мојсеј и Арон ги попишаа по наредбата што ја даде Јехова преку Мојсеј.+ 46  Сите попишани што Мојсеј, Арон и поглаварите на Израел ги попишаа како левити по нивните семејства и по домовите на нивните татковци, 47  на возраст од триесет години нагоре до педесет години,+ сите што доаѓаат да ја вршат тешката служба и службата за носење товар во шаторот на средбата,+ 48  сите попишани беа осум илјади петстотини и осумдесет.+ 49  Беа попишани по наредбата што ја даде Јехова преку Мојсеј, секој според својата служба и според она што го носеше. Беа попишани така како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.+

Фусноти

Види ја фуснотата за 2Мо 27:3.