Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

4. Мојсеева 3:1-51

3  Ова беше потомството на Арон и на Мојсеј во времето кога Јехова му зборуваше на Мојсеј на планината Синај.+  И ова се имињата на синовите на Арон: првородениот Надав, потоа Авиуд,+ Елеазар+ и Итамар.+  Тоа се имињата на синовите на Арон, помазани свештеници кои беа овластени* да служат како свештеници.+  Но Надав и Авиуд загинаа пред Јехова кога во Синајската Пустина принесоа пред Јехова недозволен оган.+ Тие немаа синови. А Елеазар+ и Итамар+ продолжија да служат како свештеници со својот татко Арон.  И Јехова му рече на Мојсеј:  „Доведи го племето на Леви+ и постави го пред свештеникот Арон за да му служи.+  Нека го прават она што се должни да го прават за него и она што се должни да го прават за целата заедница пред шаторот на средбата, вршејќи ја службата во светиот шатор.  И нека се грижат за сиот прибор+ што му припаѓа на шаторот на средбата и нека ги извршуваат должностите на синовите на Израел, вршејќи ја службата во светиот шатор.+  Левитите дарувај им ги на Арон и на неговите синови. Тие се дарувани,* дарувани му се од синовите на Израел.+ 10  Постави ги Арон и неговите синови да ја вршат својата свештеничка служба.+ Ако некој од обичниот народ се приближи до светилиштето, да биде погубен“.+ 11  Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 12  „Еве, јас ги земам левитите меѓу синовите на Израел наместо сите првородени,+ сите што ја отвораат материцата меѓу синовите на Израел. Левитите нека ми припаднат мене. 13  Зашто, мене ми припаѓа секој првороден.+ Во оној ден кога го погубив секој првороден во египетската земја,+ го посветив за себе секој првороден во Израел — и од човек и од животно.+ Тие нека ми припаднат мене. Јас сум Јехова“. 14  Потоа Јехова му рече на Мојсеј во Синајската Пустина:+ 15  „Попиши ги синовите на Леви по домовите на нивните татковци, по нивните семејства. Попиши го секое машко од еден месец нагоре“.+ 16  И Мојсеј ги попиша по наредба на Јехова, како што му беше заповедано. 17  Ова беа синовите на Леви+ по име: Гирсон, Кат и Мерариј.+ 18  А ова се имињата на синовите на Гирсон, по нивните семејства: Ливниј и Симеј.+ 19  А синовите на Кат,+ по нивните семејства, се: Амрам, Исар,+ Хеврон и Узиел. 20  Синовите на Мерариј,+ по нивните семејства, се: Махли+ и Муси.+ Тоа се семејствата на Леви по домовите на нивните татковци. 21  Од Гирсон потекнуваат семејството на Ливниј+ и семејството на Симеј.+ Тоа се семејствата на Гирсон. 22  Бројот на сите нивни попишани машки на возраст од еден месец нагоре+ изнесуваше седум илјади и петстотини.+ 23  Семејствата на Гирсон се наоѓаа зад светиот шатор.+ Беа улогорени од западната страна. 24  Поглавар на родот во семејствата на Гирсон беше Елисаф, синот на Лаил. 25  Во шаторот на средбата синовите на Гирсон+ беа задолжени за шаторот и за неговите покрови,+ за завесата+ на влезот во шаторот на средбата, 26  потоа за дворните завеси+ и за завесата+ на влезот во дворот, која е околу шаторот и жртвеникот, и за шаторските јажиња+ — за сѐ што спаѓа во таа служба. 27  Од Кат потекнуваат семејството на Амрам, семејството на Исар, семејството на Хеврон и семејството на Узиел. Тоа беа семејствата на Кат.+ 28  Бројот на сите машки на возраст од еден месец нагоре изнесуваше осум илјади и шестотини.* Тие беа задолжени да се грижат за светото место.+ 29  Семејствата на Катовите синови беа улогорени од јужната страна на шаторот.+ 30  Поглавар на родот во семејствата на Кат беше Елисафан, синот на Узиел.+ 31  Тие беа задолжени+ за ковчегот,+ за масата,+ за светилникот,+ за жртвениците+ и за приборот+ што му припаѓа на светото место, кој го користеа во службата, како и за завесата+ — за сѐ што спаѓа во таа служба. 32  Поглавар на сите левитски поглавари беше Елеазар,+ синот на свештеникот Арон, кој ги надгледуваше оние што беа задолжени да се грижат за светото место. 33  Од Мерариј потекнуваат семејството Махлиевци+ и семејството Мусиевци.+ Тоа се семејствата на Мерариј.+ 34  Бројот на сите нивни попишани машки на возраст од еден месец нагоре изнесуваше шест илјади и двесте.+ 35  Поглавар на родот во семејствата на Мерариј беше Суриил, синот на Авихаил. Тие беа улогорени од северната страна на шаторот.+ 36  Синовите на Мерариј беа задолжени да се грижат за ѕидните рамки+ на шаторот, за неговите напречници,+ за неговите столбови,+ за подножјата и за сиот прибор+ — за сѐ што спаѓа во таа служба+ 37  за столбовите+ околу дворот, за нивните подножја,+ за шаторските клинови и за јажињата. 38  А пред светиот шатор од источната страна, односно пред шаторот на средбата на страната што гледа кон изгрејсонце, беа улогорени Мојсеј, Арон и неговите синови, кои во името на Израеловите синови беа задолжени да се грижат за светилиштето.+ Ако се доближеше некој од обичниот народ, ќе беше погубен.+ 39  Сите попишани од синовите на Леви, кои по Јеховина заповед Мојсеј и Арон ги попишаа по нивните семејства, сите машки на возраст од еден месец нагоре, беа дваесет и две илјади. 40  Потоа Јехова му рече на Мојсеј: „Попиши ги сите првородени машки на синовите на Израел на возраст од еден месец нагоре+ и утврди го бројот на нивните имиња. 41  А левитите земи ги за мене — јас сум Јехова — наместо сите првородени од Израеловите синови,+ и стоката на левитите наместо сѐ што е првородено од стоката на Израеловите синови“.+ 42  И Мојсеј ги попиша сите првородени од синовите на Израел, како што му беше заповедал Јехова. 43  Сите машки првородени, преброени по име, на возраст од еден месец нагоре, беа дваесет и две илјади и двесте седумдесет и тројца. 44  Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 45  „Земи ги левитите наместо сите првородени од Израеловите синови, и стоката на левитите наместо нивната стока; левитите нека ми припаднат мене.+ Јас сум Јехова. 46  А за откупнина+ на оние двесте седумдесет и тројца првородени од Израеловите синови што ги има повеќе отколку левитите,+ 47  земи пет сикли од човек.+ Земи ги според светиот сикел — еден сикел има дваесет гери.+ 48  Дај им ги тие пари на Арон и на неговите синови како откупнина за оние што ги има повеќе отколку левитите“. 49  Така Мојсеј ги прими парите за откупнина од првородените што го надминуваа бројот на оние што левитите ги откупија. 50  Парите ги прими од првородените на синовите на Израел — илјада триста шеесет и пет сикли, според светиот сикел. 51  Потоа Мојсеј, по Јеховина наредба, им ги даде парите од откупнината на Арон и на неговите синови, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.

Фусноти

Буквално: „чии раце беа наполнети“. Види ја фуснотата за 2Мо 28:41.
„Дарувани“ — хебрејски: нетуним, збор кој е сроден со називот „нетини“. Види Езр 2:43.
Или: „триста“, според некои ракописи од Септуагинтата. Ако овој број се собере со броевите од 22. и 34. стих, се добива вкупниот број од 22.000, како што стои и во 39. стих.