Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

4. Мојсеева 29:1-40

29  Во седмиот месец, на првиот ден од тој месец, одржете свет собир.+ Не работете никаква тешка работа.+ Тоа нека ви биде ден кога се огласуваат трубите.+  Принесете како жртва паленица за успокојувачки мирис за Јехова еден јунец, еден овен и седум едногодишни машки јагниња, сите без недостаток.+  Нивната житна жртва од фино брашно замесено со масло нека биде три десеттини ефа за јунецот, две десеттини ефа за овенот+  и по една десеттина ефа за секое од седумте јагниња;+  покрај тоа принесете и едно машко јаре како жртва за грев, за да се изврши за вас обредот на очистување.+  Тоа нека биде жртва палена за Јехова, за успокојувачки мирис за Јехова,+ покрај месечната жртва паленица+ и нејзината житна жртва+ и покрај редовната жртва паленица+ и нејзината житна жртва,+ заедно со нивните жртви налевници,+ како што е пропишано за нив.  А на десеттиот ден од тој седми месец одржете свет собир+ и жалостете ги своите души.+ Не работете никаква работа.+  Како жртва паленица за успокојувачки мирис за Јехова принесете еден јунец, еден овен и седум едногодишни машки јагниња.+ Нека ви бидат без недостаток.+  Нивната житна жртва од фино брашно замесено со масло нека биде три десеттини ефа за јунецот, две десеттини ефа за овенот+ 10  и по една десеттина ефа за секое од седумте јагниња;+ 11  покрај тоа принесете и едно јаре како жртва за грев, покрај жртвата за грев заради очистување+ и покрај редовната жртва паленица и нејзината житна жртва, заедно со нивните жртви налевници.+ 12  А на петнаесеттиот ден од седмиот месец+ одржете свет собир.+ Не работете никаква тешка работа,+ туку седум дена славете празник во чест на Јехова.+ 13  Како жртва паленица,+ жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова, принесете: тринаесет јунци, два овна и четиринаесет едногодишни машки јагниња. Нека бидат без недостаток.+ 14  Нивната житна жртва од фино брашно замесено со масло нека биде по три десеттини ефа за секој од тринаесетте јунци, по две десеттини ефа за секој од двата овна+ 15  и по една десеттина ефа за секое од четиринаесетте јагниња;+ 16  а покрај тоа принесете и едно јаре како жртва за грев, покрај редовната жртва паленица со нејзината житна жртва и со нејзината жртва налевница.+ 17  На вториот ден: дванаесет јунци, два овна и четиринаесет едногодишни машки јагниња, сите без недостаток;+ 18  нивната житна жртва+ и нивните жртви налевници+ за јунците, за овните и за јагнињата според нивниот број, како што е пропишано;+ 19  и едно јаре како жртва за грев,+ покрај редовната жртва паленица и нејзината житна жртва, заедно со нивните жртви налевници.+ 20  На третиот ден: единаесет јунци, два овна и четиринаесет едногодишни машки јагниња, сите без недостаток;+ 21  нивната житна жртва+ и нивните жртви налевници+ за јунците, за овните и за јагнињата според нивниот број, како што е пропишано; 22  и едно јаре како жртва за грев,+ покрај редовната жртва паленица со нејзината житна жртва и со нејзината жртва налевница. 23  На четвртиот ден: десет јунци, два овна и четиринаесет едногодишни машки јагниња, сите без недостаток;+ 24  нивната житна жртва+ и нивните жртви налевници+ за јунците, за овните и за јагнињата според нивниот број, како што е пропишано;+ 25  и едно јаре како жртва за грев,+ покрај редовната жртва паленица+ со нејзината житна жртва и со нејзината жртва налевница.+ 26  На петтиот ден: девет јунци, два овна и четиринаесет едногодишни машки јагниња, сите без недостаток;+ 27  нивната житна жртва+ и нивните жртви налевници+ за јунците, за овните и за јагнињата според нивниот број, како што е пропишано;+ 28  и едно јаре како жртва за грев,+ покрај редовната жртва паленица со нејзината житна жртва и со нејзината жртва налевница.+ 29  На шестиот ден: осум јунци, два овна и четиринаесет едногодишни машки јагниња, сите без недостаток;+ 30  нивната житна жртва+ и нивните жртви налевници+ за јунците, за овните и за јагнињата според нивниот број, како што е пропишано;+ 31  и едно јаре како жртва за грев,+ покрај редовната жртва паленица со нејзината житна жртва и со нејзините жртви налевници.+ 32  На седмиот ден: седум јунци, два овна и четиринаесет едногодишни машки јагниња, сите без недостаток;+ 33  нивната житна жртва+ и нивните жртви налевници+ за јунците, за овните и за јагнињата според нивниот број, како што е пропишано;+ 34  и едно јаре како жртва за грев,+ покрај редовната жртва паленица со нејзината житна жртва и со нејзината жртва налевница.+ 35  А на осмиот ден одржете свечен собир.+ Не работете никаква тешка работа.+ 36  Како жртва паленица, жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова, принесете: еден јунец, еден овен, седум едногодишни машки јагниња, сите без недостаток;+ 37  нивната житна жртва+ и нивните жртви налевници+ за јунецот, за овенот и за јагнињата според нивниот број, како што е пропишано;+ 38  и едно јаре како жртва за грев,+ покрај редовната жртва паленица со нејзината житна жртва и со нејзината жртва налевница.+ 39  Тоа принесувајте му го на Јехова на своите годишни празници,+ покрај своите заветни жртви+ и доброволни жртви+ што ги принесувате како жртви паленици,+ житни жртви,+ жртви налевници+ и жртви на заедништвото‘ “.+ 40  И Мојсеј им пренесе на синовите на Израел сѐ што му заповеда Јехова.+

Фусноти