Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

4. Мојсеева 28:1-31

28  Јехова понатаму му рече на Мојсеј:  „Заповедај им на синовите на Израел и речи им: ‚Погрижете се во пропишаното време+ да ми ги принесувате моите приноси, мојата храна,+ жртвите што ми се палат мене за успокојувачки мирис‘.+  Кажи им вака: ‚Ова е палената жртва што ќе му ја принесувате на Јехова: секој ден по две едногодишни машки јагниња без недостаток како редовна жртва паленица.+  Едното јагне принеси го наутро, а другото јагне принеси го приквечер;*+  а со нив и десеттина ефа+ фино брашно како житна жртва+ замесена со четврт ин масло од толчени маслинки.+  Тоа е редовната жртва паленица+ што беше принесена уште на планината Синај за успокојувачки мирис, жртва палена за Јехова;+  принеси ја заедно со нејзината жртва налевница+ од четврт ин за секое јагне.+ Излеј му го на Јехова на светото место опојниот пијалак+ како жртва налевница.  Другото јагне принеси го приквечер. Принеси го како и тоа наутро, со истата житна жртва и со истата жртва налевница, како жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова.+  А на денот за одмор*+ принеси две едногодишни машки јагниња без недостаток и две десеттини ефа фино брашно како житна жртва замесена со масло, а со тоа и жртва налевница. 10  Тоа е жртва паленица, која треба да се принесува на денот за одмор, покрај редовната жртва паленица+ и нејзината жртва налевница.+ 11  Во почетокот на вашите месеци принесувајте му на Јехова како жртва паленица по два јунца, по еден овен и по седум едногодишни машки јагниња без недостаток;+ 12  по три десеттини ефа фино брашно како житна жртва+ замесена со масло за секој јунец, по две десеттини ефа фино брашно како житна жртва замесена со масло за овенот+ 13  и по една десеттина фино брашно како житна жртва замесена со масло за секое јагне. Тоа е жртвата паленица за успокојувачки мирис,+ жртва палена за Јехова. 14  Нивните жртви налевници нека бидат: половина+ ин вино за јунец, третина+ ин за овен и четврт+ ин за јагне. Тоа е месечната жртва паленица што се принесува секој месец за секој месец од годината.+ 15  Нека му принесуваат на Јехова и по едно јаре+ како жртва за грев, покрај постојаната жртва паленица и нејзината жртва налевница.+ 16  Во првиот месец, на четиринаесеттиот ден од тој месец, е Јеховината Пасха,+ 17  а на петнаесеттиот ден од тој месец е празник. Седум дена нека се јаде бесквасен леб.+ 18  На првиот ден нека има свет собир.+ Да не работите никаква тешка работа.+ 19  Како жртва паленица, жртва палена+ за Јехова, принесете два јунца, еден овен и седум едногодишни машки јагниња.+ Нека ви бидат без недостаток.+ 20  Како нивни житни жртви+ од фино брашно замесено со масло принесете три десеттини ефа за јунецот и две десеттини ефа+ за овенот. 21  Принесете и по една десеттина ефа+ за секое од седумте јагниња 22  и по еден јарец како жртва за грев, за да се изврши за вас обредот на очистување.+ 23  Ова принесувајте го покрај утринската жртва паленица што се принесува како редовна+ жртва паленица.+ 24  Принесувајте го тоа како храна+ седум дена секој ден, како жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова.+ Тоа нека се принесува покрај редовната жртва паленица и нејзината жртва налевница. 25  А на седмиот ден одржете свет собир.+ Да не работите никаква тешка работа.+ 26  На денот на првините,+ кога ќе му принесувате на Јехова нова житна жртва, на Празникот на седмиците,+ одржете свет собир. Не работете никаква тешка работа.+ 27  Како жртва паленица за успокојувачки мирис за Јехова принесете два јунца, еден овен и седум едногодишни машки јагниња;+ 28  нивната житна жртва од фино брашно замесено со масло нека биде по три десеттини ефа за секој јунец, две десеттини ефа+ за овенот 29  и по една десеттина ефа+ за секое од седумте јагниња; 30  покрај тоа, и едно јаре за да се изврши за вас обредот на очистување.+ 31  Принесете ги покрај редовната жртва паленица и нејзината житна жртва+ — нека ви бидат без недостаток+ — заедно со нивните жртви налевници.+

Фусноти

„Приквечер“ — буквално: „помеѓу две вечери“. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.
Буквално: „сабатот“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.