Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

4. Мојсеева 27:1-23

27  Тогаш пристапија ќерките на Салпад,+ синот на Офер, син на Галад, син на Махир, син на Манасија,+ од семејството на Јосифовиот син Манасија. А имињата на неговите ќерки беа: Мала, Нуа, Огла, Мелха и Терса.+  Тие застанаа пред Мојсеј и пред свештеникот Елеазар,+ пред поглаварите и пред целата заедница на влезот во шаторот на средбата, па рекоа:  „Нашиот татко умре во пустината,+ но не беше од онаа дружина што се постави против Јехова, дружината на Кореј,+ туку умре поради својот сопствен грев,+ а немаше синови.  Зошто името на нашиот татко да биде избришано од неговото семејство поради тоа што немаше син?+ Дај ни наследство меѓу браќата на нашиот татко!“+  И Мојсеј го изнесе нивниот случај пред Јехова.+  А Јехова му рече на Мојсеј:  „Право велат ќерките на Салпад. Секако, дај им имот што ќе биде нивно наследство меѓу браќата на нивниот татко и пренеси го на нив наследството од нивниот татко.+  А на синовите на Израел речи им: ‚Кога некој ќе умре, а нема син, пренесете го неговото наследство на неговата ќерка.  Ако нема ќерки, дајте им го неговото наследство на неговите браќа. 10  Ако нема браќа, дајте им го неговото наследство на браќата на неговиот татко. 11  А ако неговиот татко нема браќа, дајте му го неговото наследство на некој негов крвен роднина,+ кој му е најблиска рода; тој нека го добие наследството. Тоа нека биде законска одредба за синовите на Израел, како што Јехова му заповеда на Мојсеј‘ “. 12  Потоа Јехова му рече на Мојсеј: „Искачи се на оваа аваримска планина+ и погледни ја земјата што им ја давам на синовите на Израел.+ 13  Откако ќе ја видиш, и ти ќе им се придружиш на своите прататковци,+ како што им се придружи твојот брат Арон,+ 14  зашто се побунивте против мојата наредба во пустината Зин кога заедницата се препираше со мене,+ наместо да ме посветите+ пред нивни очи кај водата, меривската вода+ кај Кадис,+ во пустината Зин“.+ 15  А Мојсеј му рече на Јехова: 16  „Јехова, Богот на животниот дух+ во секое тело,+ нека постави над оваа заедница човек+ 17  кој ќе ги води во сѐ и кого ќе го следат во сѐ,+ за да не биде заедницата на Јеховиниот народ како стадо овци што немаат овчар“.+ 18  А Јехова му рече на Мојсеј: „Земи го Исус, синот на Навин, човек кој има дух,+ и положи ја раката врз него.+ 19  И доведи го пред свештеникот Елеазар и пред целата заедница, па постави го за водач пред нивни очи.+ 20  Предај му дел од својата чест,+ за да го слуша целата заедница од синови на Израел.+ 21  Нека доаѓа пред свештеникот Елеазар за тој да ја бара+ за него пред Јехова одлуката со посредство на Урим.*+ Неговата заповед ќе ја слушаат во сѐ, тој и сите синови на Израел со него, целата заедница“. 22  И Мојсеј направи така како што му заповеда Јехова. Го зеде Исус, го доведе пред свештеникот Елеазар+ и пред целата заедница, 23  ги положи рацете врз него и го постави за водач,+ како што рече Јехова преку Мојсеј.+

Фусноти

Види ја фуснотата за 2Мо 28:30.