Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

4. Мојсеева 26:1-65

26  По тој помор,+ Јехова им рече вака на Мојсеј и Елеазар, синот на свештеникот Арон:  „Пребројте ја целата заедница од синови на Израел од дваесет години нагоре, по домовите на нивните татковци, сите способни за војска во Израел“.+  И така Мојсеј и свештеникот Елеазар+ зборуваа во пустелијата, во моавските рамници+ покрај Јордан, спроти Ерихон,+ и рекоа:  „Пребројте ги оние од дваесет години нагоре, како што му заповеда Јехова на Мојсеј“.+ А синовите на Израел што излегоа од египетската земја беа:  Рувим, првородениот на Израел;+ синови на Рувим: од Анох+ семејството Аноховци; од Фалу+ семејството Фалуевци;  од Есром+ семејството Есромовци; од Харми+ семејството Хармиевци.  Тоа се семејствата од Рувим. Бројот на попишаните меѓу нив изнесуваше четириесет и три илјади и седумстотини и триесет.+  Синот на Фалу беше Елијав.  Синовите на Елијав: Немуил, Датан и Авирон. Овие Датан+ и Авирон+ беа од оние што беа повикувани на собрание, и тие учествуваа во бунтот против Мојсеј и Арон заедно со дружината на Кореј,+ кога се побунија против Јехова. 10  И земјата ја отвори устата и ги проголта.+ А Кореј загина со својата дружина кога огнот проголта двесте и педесет луѓе.+ Така станаа пример за опомена.+ 11  Но синовите на Кореј не загинаа.+ 12  Синовите на Симеон,+ по нивните семејства: од Немуил*+ семејството Немуиловци; од Јамин+ семејството Јаминовци; од Јахин+ семејството Јахиновци; 13  од Зара* семејството Заревци; од Саул+ семејството Сауловци. 14  Тоа се семејствата од Симеон, дваесет и две илјади и двесте попишани.+ 15  Синовите на Гад,+ по нивните семејства: од Сифон* семејството Сифоновци; од Агиј семејството Агиевци; од Суниј семејството Суниевци; 16  од Азен* семејството Азеновци; од Ириј семејството Ириевци; 17  од Арод семејството Ародовци; од Арилиј+ семејството Арилиевци. 18  Тоа се семејствата од синовите на Гад, четириесет илјади и петстотини попишани.+ 19  Синови на Јуда+ беа Ир+ и Онан.+ Но Ир и Онан умреа во ханаанската земја.+ 20  Синовите на Јуда, по нивните семејства, беа: од Сала+ семејството Салевци; од Фарес+ семејството Фаресовци; од Зара+ семејството Заревци. 21  Синовите на Фарес беа: од Есром+ семејството Есромовци; од Амуил+ семејството Амуиловци. 22  Тоа се семејствата на Јуда,+ седумдесет и шест илјади и петстотини попишани.+ 23  Синовите на Исахар,+ по нивните семејства, беа: од Тола+ семејството Толевци; од Фува семејството Фувевци; 24  од Јасув* семејството Јасувовци; од Симрон+ семејството Симроновци. 25  Тоа се семејствата на Исахар, шеесет и четири илјади и триста попишани.+ 26  Синовите на Завулон,+ по нивните семејства, беа: од Серед семејството Середовци; од Елон семејството Елоновци; од Јалеил+ семејството Јалеиловци. 27  Тоа се семејствата од Завулон, шеесет илјади и петстотини попишани.+ 28  Синовите на Јосиф,+ по нивните семејства, беа Манасија и Ефрем.+ 29  Синовите на Манасија+ беа: од Махир+ семејството Махировци. А на Махир му се роди Галад.+ Од Галад семејството Галадовци. 30  А ова беа синовите на Галад: од Иезер+ семејството Иезеровци; од Хелек семејството Хелековци; 31  од Азрил семејството Азриловци, од Сихем семејството Сихемовци; 32  од Семида+ семејството Семидовци; од Офер+ семејството Оферовци. 33  А Салпад, синот на Офер, немаше синови, туку само ќерки.+ Имињата на ќерките на Салпад беа: Мала, Нуа, Огла, Мелха и Терса.+ 34  Тоа се семејствата на Манасија, педесет и две илјади и седумстотини попишани.+ 35  А ова беа синовите на Ефрем,+ по нивните семејства: од Сутал+ семејството Суталовци, од Вехер семејството Вехеровци; од Тахан+ семејството Тахановци. 36  А синовите на Сутал беа: од Еран семејството Ерановци. 37  Тоа се семејствата на синовите на Ефрем,+ триесет и две илјади и петстотини попишани. Тоа се синовите на Јосиф, по нивните семејства.+ 38  Синовите на Венијамин,+ по нивните семејства, беа: од Вела+ семејството Велевци; од Асвил+ семејството Асвиловци, од Ахирам* семејството Ахирамовци; 39  од Сефуфам* семејството Сефуфамовци; од Уфам*+ семејството Уфамовци. 40  Синовите на Вела беа Аред и Нааман:+ од Аред семејството Аредовци; од Нааман семејството Наамановци. 41  Тоа се синовите на Венијамин,+ по нивните семејства, четириесет и пет илјади и шестотини попишани.+ 42  А ова беа синовите на Дан,+ по нивните семејства: од Сухам* семејството Сухамовци. Тоа се семејствата на Дан,+ по нивните семејства. 43  Во сите семејства од Сухамовци имаше шеесет и четири илјади и четиристотини попишани.+ 44  Синовите на Асер,+ по нивните семејства, беа: од Имна+ семејството Имновци; од Исви+ семејството Исвиевци; од Верија семејството Вериевци; 45  од синовите на Верија: од Хевер семејството Хеверовци; од Малхил+ семејството Малхиловци. 46  А ќерката на Асер се викаше Сера.+ 47  Тоа се семејствата на синовите на Асер,+ педесет и три илјади и четиристотини попишани.+ 48  Синовите на Нефталим,+ по нивните семејства, беа: од Јасиил+ семејството Јасииловци; од Гуниј+ семејството Гуниевци; 49  од Јесер+ семејството Јесеровци; од Силим+ семејството Силимовци. 50  Тоа се семејствата на Нефталим,+ по нивните семејства, четириесет и пет илјади и четиристотини попишани.+ 51  Бројот на попишаните синови на Израел изнесуваше шестотини и една илјада и седумстотини и триесет.+ 52  Потоа Јехова му рече на Мојсеј: 53  „Ним да им се подели земјата во наследство според бројот на имињата.+ 54  На оние што се многубројни, зголеми им го наследството, а на оние што се малобројни, намали им го наследството.+ Секому да му се даде наследство според бројот на попишаните. 55  Но земјата да се подели со ждрепка.+ Нека добијат наследство според имињата на племињата на своите татковци. 56  Како што ќе одлучи ждрепката, така да се подели наследството меѓу оние што се многу и оние што се малку“. 57  А ова се попишаните од племето на Леви+ по нивните семејства: од Гирсон+ семејството Гирсоновци; од Кат+ семејството Катовци; од Мерариј+ семејството Мерариевци. 58  Ова беа семејствата на синовите на Леви: семејството Ливниевци,+ семејството Хевроновци,+ семејството Махлиевци,+ семејството Мусиевци,+ семејството Кореовци.+ А на Кат+ му се роди Амрам.+ 59  Амрамовата жена се викаше Јохаведа,+ ќерка на Леви, која му се роди на Леви во Египет. Таа на Амрам му ги роди Арон, Мојсеј и Маријам, нивната сестра.+ 60  А на Арон му се родија Надав и Авиуд,+ Елеазар и Итамар.+ 61  Но Надав и Авиуд загинаа бидејќи принесуваа недозволен оган пред Јехова.+ 62  Бројот на сите попишани меѓу нив изнесуваше дваесет и три илјади машки на возраст од еден месец нагоре.+ Имено, тие не беа попишани со синовите на Израел+ бидејќи не добија наследство меѓу синовите на Израел.+ 63  Тоа се оние што Мојсеј и свештеникот Елеазар ги попишаа кога ги попишуваа синовите на Израел во пустелијата, во моавските рамници, покрај Јордан спроти Ерихон.+ 64  Но меѓу нив немаше ниту еден од оние што ги беа попишале Мојсеј и свештеникот Арон кога ги попишуваа синовите на Израел во Синајската Пустина.+ 65  Зашто, Јехова за нив рече: „Ќе изумрат во пустината“.+ Така, не остана ниту еден од нив освен Халев, синот на Јефониј, и Исус, синот на Навин.+

Фусноти

Во 1Мо 46:10 и 2Мо 6:15 „Јемуил“.
Во 1Мо 46:10 и 2Мо 6:15 „Сохар“.
Во 1Мо 46:16 „Сифион“.
Во 1Мо 46:16 „Есвон“.
Во 1Мо 46:13 „Јов“.
Во 1Мо 46:21 „Ихиј“.
Во 1Мо 46:21 „Мупим“, а во 1Ле 7:12 „Суфим“.
Во 1Мо 46:21 и во 1Ле 7:12 „Упим“.
Во 1Мо 46:23 „Усим“.