Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

4. Мојсеева 25:1-18

25  Додека Израел престојуваше во Ситим,+ народот се впушти во блуд со моавските ќерки.+  Тие го повикуваа народот да им принесува жртви на нивните богови,+ а народот јадеше и им се клањаше на нивните богови.+  Така Израел се приклони кон Ваал фегорски;+ и Јехова пламна од гнев против Израел.+  А Јехова му рече на Мојсеј: „Земи ги сите народни поглавари и изложи ги јавно нивните тела пред Јехова,+ накај сонцето, за да се одврати од Израел распламтениот гнев на Јехова“.  Потоа Мојсеј им рече на судиите на Израел:+ „Секој нека ги убие+ своите луѓе што се приклониле кон Ваал фегорски“.  И гледај, дојде еден+ од синовите на Израел и доведе кај своите браќа една Мадијамка+ пред очите на Мојсеј и пред очите на целата заедница од синови на Израел, кои плачеа на влезот во шаторот на средбата.  Кога го виде тоа, Финес,+ синот на Елеазар, син на свештеникот Арон, веднаш стана среде заедницата и зеде копје во раката.  И влезе по оној Израелец во шаторот,* па ги прободе двајцата, Израелецот и таа жена, неа низ утробата.* Тогаш престана поморот меѓу синовите на Израел.+  А оние што изумреа од поморот беа дваесет и четири илјади.+ 10  Потоа Јехова му рече на Мојсеј: 11  „Финес,+ синот на Елеазар, го одврати мојот гнев+ од синовите на Израел, зашто не дозволи никој да биде мој соперник;+ инаку ќе ги истребев синовите на Израел, зашто јас барам да ми се покажува оддаденост само мене.+ 12  Затоа кажи: ‚Еве, со него го склучувам мојот сојуз на мир. 13  Тоа нека биде траен сојуз на свештеничка служба за него и за неговите потомци по него,+ зашто не можеше да поднесе некој да му биде соперник на неговиот Бог+ и изврши очистување за синовите на Израел‘ “.+ 14  А името на убиениот Израелец што беше убиен заедно со Мадијамката беше Зимриј, син на Салу; тој беше поглавар+ на родот на Симеон. 15  А убиената Мадијамка се викаше Хазва. Таа беше ќерка на Сур,+ поглавар на семејствата на едно од племињата во Мадијам.+ 16  Потоа Јехова му рече на Мојсеј: 17  „Удрете на Мадијамците и поразете ги,+ 18  зашто и тие удираа на вас со своите подмолности+ кога итро ви направија зло со она што се случи кај Фегор+ и со Хазва,+ ќерката на мадијамскиот поглавар, нивната сестра што беше убиена+ кога имаше помор поради Фегор“.+

Фусноти

Или: „во женскиот дел (од шаторот)“.
Или: „низ половите органи“.