Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

4. Мојсеева 24:1-25

24  Кога виде дека е добро во Јеховини очи да го благослови Израел, Валаам повеќе не одеше како порано+ да бара предзнаци,+ туку го сврте лицето кон пустината.  Кога Валаам ги крена очите и го виде Израел улогорен по своите племиња,+ Божјиот дух слезе на него.+  И ја почна својата приказна,+ па рече: „Речта на Валаам, синот на Веор, речта на човекот со отворени очи,+   речта на оној што ги слуша Божјите зборови,+ кој виде видение од Семоќниот+ додека паѓаше со отворени очи:+   Колку се убави твоите шатори, Јакове, твоите живеалишта, Израеле!+   Како долини се простираат надалеку,+ како градини покрај река.+ Како алое што го посадил Јехова, како кедри крај води.+   Водата тече од неговите мешини, семето негово е посеано покрај многу води.+ Царот+ негов ќе го надвиши Агаг,+ и царството негово ќе се воздигне.+   Бог го изведува од Египет; брз е како див бик.+ Ќе ги проголта народите, угнетувачите свои,+ коски ќе им здроби,+ ќе ги разбие со своите стрели.+   Се спушти, легна како лав; и како лав, кој ќе се осмели да го дразни?+ Благословени се оние што тебе те благословуваат,+ проклети оние што тебе те проколнуваат“.+ 10  Тогаш се разгоре гневот на Валак против Валаам, па Валак разлутено плесна со рацете+ и му рече на Валаам: „Те повикав да ги проколнеш+ моите непријатели, а ти, еве, веќе по третпат ги опсипа со благослови! 11  Сега бегај таму откај што си дошол! Реков дека ќе ти укажам чест,+ а еве, Јехова те лиши од честа“. 12  Тогаш Валаам му рече на Валак: „Зарем не им реков и на твоите гласници што ги испрати кај мене: 13  ‚Да ми ја даде Валак и својата куќа полна со сребро и злато, не би можел да ја престапам Јеховината наредба за да направам нешто добро или лошо по своја волја. Што ќе каже Јехова, тоа ќе го зборувам‘?+ 14  А сега, еве, заминувам кај својот народ. Ајде да ти објавам+ што ќе му направи овој народ на твојот народ на крајот од деновите“.+ 15  И ја почна својата приказна,+ па рече: „Речта на Валаам, синот на Веор, речта на човекот со отворени очи,+ 16  речта на оној што ги слуша Божјите зборови,+ кој го познава знаењето на Севишниот... Го виде видението од Семоќниот+ додека паѓаше со отворени очи:+ 17  Ќе го видам,+ но не сега, ќе го гледам, но не одблизу. Ѕвезда+ ќе излезе од Јаков, жезол ќе се подигне од Израел.+ Тој ќе му ги разбие слепоочниците на Моав,+ и черепот на сите воинствени синови. 18  Едом ќе биде освоен,+ Сеир+ ќе го освојат неговите непријатели,+ а Израел ќе ја покажува својата храброст. 19  Од Јаков ќе излезе оној што покорува+ и ќе ги погуби сите преживеани во градот“.+ 20  Кога го виде Амалик, продолжи со својата приказна:+ „Амалик беше првиот меѓу народите,+ но на крајот ќе пропадне“.+ 21  Кога ги виде Кенејците,+ продолжи со својата приказна: „Живеалиштето ти е постојано, на карпа ти е станот. 22  Но Кајн* ќе биде изгорен.+ Кога ќе те одведе Асирија во заробеништво?“+ 23  И продолжи со својата приказна, па рече: „Леле! Кој ќе преживее кога Бог ќе го направи тоа?+ 24  Ќе допловат бродови од брегот на Китим+ и ќе ја угнетуваат Асирија,+ ќе го угнетуваат и Евер. Но и него на крајот ќе го стигне пропаста“. 25  Потоа Валаам стана и си отиде оттаму.+ А и Валак си отиде по својот пат.

Фусноти

Изразот „Кајн“ се однесува на племето на Кенејците.