Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

4. Мојсеева 23:1-30

23  И Валаам му рече на Валак: „Направи ми овде седум жртвеници+ и подготви ми овде седум јунци и седум овни“.  Валак веднаш направи како што рече Валаам. Потоа Валак и Валаам принесоа по еден јунец и по еден овен на секој жртвеник.+  И Валаам му рече на Валак: „Застани покрај својата жртва паленица,+ а јас ќе одам. Можеби Јехова ќе ми се јави и ќе се сретне со мене.+ А потоа ќе ти кажам сѐ што тој ќе ми покаже“. И отиде на еден гол рид.  Кога му се јави Бог, Валаам+ му рече: „Подигнав седум жртвеници во редица и принесов по еден јунец и по еден овен на секој жртвеник“.+  А Јехова му стави зборови во устата на Валаам,+ па му рече: „Врати се кај Валак и кажи му вака“.+  И Валаам се врати кај него и го најде како стои покрај својата жртва паленица заедно со сите моавски кнезови.  Тогаш ја почна својата приказна,*+ и рече: „Валак, моавскиот цар, сакаше да ме поведе од Арам,+ од источните планини: ‚Дојди, проколни ми го Јаков! Дојди, осуди го Израел!‘+   Како можам да ги проколнам оние што Бог не ги проколнува?+ Како можам да ги осудам оние што Јехова не ги осудува?+   Зашто, ги гледам од врвот на карпите и ги гледам од ридовите. Еве, тоа е народ што живее одвоено,+ меѓу другите народи не се вбројува.+ 10  Кој ја избројал правта на Јаков+ и кој ја избројал четвртината на Израел? Нека ми умре душата како што умираат чесните,+ крајот нека ми биде како нивниот!“+ 11  Тогаш Валак му рече на Валаам: „Што ми направи? Те доведов за да ги проколнеш моите непријатели, а ти, еве, ги опсипуваш со благослови!“+ 12  А тој му возврати: „Зарем нема да се трудам да го зборувам она што Јехова ми го става в уста?“+ 13  А Валак му рече: „Те молам, појди со мене на друго место од каде што ќе можеш да ги видиш. Ќе видиш само дел од нив,+ нема да ги видиш сите. И проколни ми ги оттаму“.+ 14  И го одведе во полето Зофим, на врвот од Фасга.+ Таму направи седум жртвеници и принесе по еден јунец и по еден овен на секој жртвеник.+ 15  Потоа Валаам му рече на Валак: „Застани покрај својата жртва паленица, а јас ќе појдам онаму да се сретнам со него“. 16  И Јехова му се јави на Валаам, му стави зборови во устата и му рече:+ „Врати се кај Валак+ и кажи му вака“. 17  И се врати кај него и го најде како стои покрај својата жртва паленица заедно со моавските кнезови. И Валак го праша: „Што рече Јехова?“ 18  Тогаш Валаам ја почна својата приказна,+ и рече: „Стани Валаку, и почуј! Чуј ме, сине Сефоров!+ 19  Бог не е човек да лаже,+ ниту син човечки, па да зажали за нешто.+ Зарем рекол нешто, и не го направил, зарем кажал, и не го исполнил?+ 20  Еве, одредено ми е да благословам, зашто Бог благослови,+ и јас нема да го одречам тоа.+ 21  Тој не виде никакво гатање+ против Јаков, ниту некакви неволји против Израел. Јехова, Богот негов, е со него,+ воскликнувањето за царот одѕвонува во него. 22  Бог го изведува од Египет.+ Брз е како див бик.+ 23  Зашто, нема уроци против Јаков,+ ниту некакво гатање против Израел.+ Во тоа време ќе речат за Јаков и за Израел: ‚Што направи Бог!‘+ 24  Гледај, еден народ ќе стане како лав, како лав ќе се крене.+ Нема да легне додека не го голтне пленот, и ќе ја пие крвта од убиените“.+ 25  Тогаш Валак му рече на Валаам: „Ако веќе не можеш да го проколнеш, тогаш немој ни да го благословуваш“. 26  А Валаам му одговори на Валак: „Зарем не ти реков: ‚Сѐ што ќе каже Јехова, тоа ќе го направам‘?“+ 27  Потоа Валак му рече на Валаам: „Те молам, дојди да те одведам на уште едно место. Можеби ќе биде добро во очите на вистинскиот Бог да ми го проколнеш оттаму“.+ 28  Тогаш Валак го одведе Валаам на врвот од Фегор, од каде што се гледа на Јесимон.+ 29  И Валаам+ му рече на Валак: „Направи ми овде седум жртвеници и подготви ми овде седум јунци и седум овни“.+ 30  И Валак направи како што рече Валаам и принесе по еден јунец и по еден овен на секој жртвеник.+

Фусноти

Или: „пословични (мудри) зборови“.