Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

4. Мојсеева 22:1-41

22  Тогаш синовите на Израел тргнаа понатаму и се улогорија во пустелијата, во моавските рамници,+ отаде Јордан, спроти Ерихон.  А Валак,+ синот на Сефор, виде сѐ што им направи Израел на Аморејците.  И Моав многу се уплаши од тој народ, зашто беше многуброен; и го обзеде голем страв од синовите на Израел.+  Затоа Моав им рече на мадијамските старешини:+ „Сега оваа заедница ќе испасе сѐ околу нас, како што бикот ја пасе тревата по полето“. А Валак,+ синот на Сефор, во тоа време беше цар на Моав.  И тој испрати гласници кај Валаам,+ синот на Веор во Петор,+ кој лежи на Реката*+ во земјата на синовите на неговиот народ, да го викнат и да му речат: „Гледај, еден народ излезе од Египет. Еве, ја прекри земјата до каде што ти гледаат очите+ и се насели тука пред мене.  Затоа сега, те молам, дојди и проколни+ ми го овој народ, зашто е посилен од мене. Можеби ќе можам да ги победам и да ги истерам од земјата. Зашто, добро знам дека е благословен оној кого ти ќе го благословиш, а проколнат оној кого ти ќе го проколнеш“.+  И така моавските старешини и мадијамските старешини тргнаа, носејќи дарови за гатањето.+ И дојдоа кај Валаам+ и му ги пренесоа зборовите на Валак.  А тој им рече: „Преноќевајте овде, а јас ќе ви одговорам како што ќе ми каже Јехова“.+ Така моавските кнезови останаа кај Валаам.  Тогаш Бог му дојде на Валаам и го праша:+ „Кои се овие луѓе кај тебе?“ 10  А Валаам му одговори на вистинскиот Бог: „Валак,+ синот на Сефор, царот на Моав, ги испратил кај мене и рекол: 11  ‚Еве, еден народ излезе од Египет и ја прекри земјата до каде што ти гледаат очите.+ Дојди сега и проколни ми го.+ Можеби ќе можам да се борам против него и да го истерам‘ “. 12  Но Бог му рече на Валаам: „Немој да одиш со нив! Немој да го проколнеш тој народ,+ бидејќи е благословен“.+ 13  Изутрината Валаам стана и им рече на кнезовите на Валак: „Одете си во својата земја, зашто Јехова не ми дозволува да одам со вас“. 14  Тогаш моавските кнезови станаа, отидоа кај Валак и му рекоа: „Валаам не сакаше да дојде со нас“.+ 15  Но Валак повторно испрати други кнезови, побројни и поугледни од првите. 16  Тие дојдоа кај Валаам и му рекоа: „Вака порача Валак, синот на Сефор: ‚Те молам, немој да се колебаш, туку дојди кај мене. 17  Зашто, ќе ти укажам голема чест+ и ќе направам сѐ што ќе ми кажеш.+ Затоа, те молам, дојди и проколни ми го овој народ‘ “. 18  Но Валаам им одговори на слугите на Валак: „Да ми ја даде Валак и својата куќа полна со сребро и злато, не би можел да ја престапам наредбата на Јехова, мојот Бог, та да направам нешто мало или големо.+ 19  Но, ве молам, останете и вие овде оваа ноќ за да дознаам што уште ќе ми рече Јехова“.+ 20  И Бог дојде ноќе кај Валаам, па му рече: „Ако дошле тие луѓе да те повикаат, стани и појди со нив. Но ќе го зборуваш само она што ќе ти го кажам јас“.+ 21  И изутрината Валаам стана, ја оседла својата магарица и појде со моавските кнезови.+ 22  Но Божјиот гнев се разгоре затоа што тој тргна. И Јеховиниот ангел застана на патот за да му се спротивстави.+ А тој јаваше на својата магарица и со него беа двајца негови слуги. 23  Кога го здогледа Јеховиниот ангел како стои на патот со извлечен меч во раката,+ магарицата се обиде да скршне од патот и да отиде во полето. Тогаш Валаам почна да ја тепа магарицата за да ја врати на патот. 24  А Јеховиниот ангел стоеше на тесниот пат помеѓу лозјата, каде што од двете страни имаше каменен ѕид. 25  Магарицата го виде Јеховиниот ангел и почна да се притиска до ѕидот, па му ја стисна до ѕидот ногата на Валаам. И тој пак почна да ја тепа. 26  Тогаш Јеховиниот ангел повторно тргна напред и застана на тесно место каде што немаше каде да се скршне ни надесно ни налево. 27  Кога го виде Јеховиниот ангел, магарицата легна под Валаам. А Валаам се разгневи+ и почна да ја тепа магарицата со стапот. 28  На крајот Јехова ѝ ја отвори устата на магарицата,+ и таа му рече на Валаам: „Што ти сторив, па ме тепаш веќе третпат?“+ 29  А Валаам ѝ одговори: „Затоа што ми се инаетиш. Да имав меч во раката, сега ќе те убиев!“+ 30  А магарицата му возврати на Валаам: „Зарем не сум јас твојата магарица што ја јаваш цел живот, до ден-денес? Зарем некогаш сум ти направила вакво нешто?“+ Тогаш тој одговори: „Не!“ 31  А Јехова му ги отвори очите+ на Валаам. И Валаам го виде Јеховиниот ангел како стои на патот со извлечен меч во раката. И веднаш се поклони и падна ничкум со лицето кон земјата. 32  А Јеховиниот ангел му рече: „Зошто ја тепаше трипати својата магарица? Еве, јас излегов да ти се спротивставам бидејќи си се залетал по својот пат, кој е против моја волја.+ 33  А магарицата ме виде и се обиде да скршне пред мене сите три пати.+ Замисли само да не се тргаше од мене! Тебе досега ќе те убиев,+ а неа ќе ја оставев жива“. 34  Тогаш Валаам му рече на Јеховиниот ангел: „Згрешив,+ зашто не знаев дека ти стоиш на патот пред мене. А сега, ако е тоа зло во твои очи, пушти ме да се вратам“. 35  Но Јеховиниот ангел му рече на Валаам: „Оди со овие луѓе,+ но ќе го зборуваш само она што јас ќе ти го кажам“.+ Така Валаам продолжи понатаму со кнезовите на Валак. 36  Кога чу дека доаѓа Валаам, Валак му излезе во пресрет во моавскиот град што лежи на работ на Арнон,+ на границата од неговото подрачје.   37  И Валак му рече на Валаам: „Зарем не испраќав по тебе и зарем не те повикував? Зошто не дојде? Зарем мислиш дека не можам да ти укажам чест?“+ 38  А Валаам му одговори на Валак: „Еве, сега дојдов при тебе. Дали ќе можам воопшто нешто да кажам?+ Она што Бог ќе ми го стави в уста, тоа ќе го зборувам“.+ 39  И Валаам отиде со Валак, па дојдоа во Киријат-Узот. 40  Валак жртвуваше крупна и ситна стока+ и од тоа им испрати на Валаам и на кнезовите што беа со него. 41  А изутрината Валак го зеде Валаам и го одведе во Вамот-Ваал*+ за да го види оттаму целиот народ.+

Фусноти

Односно Еуфрат.
„Вамот-Ваал“ значи „височинките на Ваал“.