Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

4. Мојсеева 2:1-34

2  Јехова им рече на Мојсеј и Арон:  „Нека се улогорат синовите на Израел, секој во својата триплеменска група,+ под знаците на домовите на своите татковци. Нека се улогорат околу шаторот на средбата, свртени кон него.  На исток, кон изгрејсонце, нека биде улогорена триплеменската група од таборот на Јуда, по своите чети. Поглавар на синовите на Јуда е Насон,+ синот на Аминадав.  Неговата војска брои седумдесет и четири илјади и шестотини попишани.+  До него нека биде улогорено племето на Исахар.+ Поглавар на синовите на Исахар е Нетанел,+ синот на Суар.  Неговата војска брои педесет и четири илјади и четиристотини попишани.+  Потоа племето на Завулон; поглавар на синовите на Завулон е Елијав,+ синот на Хелон.  Неговата војска брои педесет и седум илјади и четиристотини попишани.+  Сите попишани во таборот на Јуда се сто осумдесет и шест илјади и четиристотини, по нивните чети. Тие нека тргнат први.+ 10  На југ нека биде триплеменската група на таборот на Рувим,+ по своите чети. Поглавар на синовите на Рувим е Елисур,+ синот на Седиур. 11  Неговата војска брои четириесет и шест илјади и петстотини попишани.+ 12  До него нека биде улогорено племето на Симеон. Поглавар на синовите на Симеон е Селумил,+ синот на Сурисадај. 13  Неговата војска брои педесет и девет илјади и триста попишани.+ 14  Потоа племето на Гад; поглавар на синовите на Гад е Елисаф,+ синот на Рагуил.* 15  Неговата војска брои четириесет и пет илјади и шестотини и педесет попишани.+ 16  Сите попишани во таборот на Рувим се сто педесет и една илјада и четиристотини и педесет, по нивните чети. Тие нека тргнат втори.+ 17  Кога треба да тргне шаторот на средбата,+ таборот на Леви+ нека биде среде другите табори. Како што се улогорени, така нека тргнат,+ секој на своето место и по своите триплеменски групи. 18  На запад нека биде триплеменската група на таборот на Ефрем,+ по своите чети. Поглавар на синовите на Ефрем е Елисама,+ синот на Амиуд. 19  Неговата војска брои четириесет илјади и петстотини попишани.+ 20  До него нека биде племето на Манасија.+ Поглавар на синовите на Манасија е Гамалиил,+ синот на Фадасур. 21  Неговата војска брои триесет и две илјади и двесте попишани.+ 22  Потоа племето на Венијамин;+ поглавар на синовите на Венијамин е Авидан,+ синот на Гедеони. 23  Неговата војска брои триесет и пет илјади и четиристотини попишани.+ 24  Сите попишани во таборот на Ефрем се сто и осум илјади и сто, по нивните чети. Тие нека тргнат трети.+ 25  На север нека биде триплеменската група на таборот на Дан, по своите чети. Поглавар на синовите на Дан е Ахиезер,+ синот на Амисадај. 26  Неговата војска брои шеесет и две илјади и седумстотини попишани.+ 27  До него нека биде улогорено племето на Асер. Поглавар на синовите на Асер е Фагаил,+ синот на Ехран. 28  Неговата војска брои четирисет и една илјада и петстотини попишани.+ 29  Потоа племето на Нефталим;+ поглавар на синовите на Нефталим е Ахиреј,+ синот на Енан. 30  Неговата војска брои педесет и три илјади и четиристотини попишани.+ 31  Сите попишани во таборот на Дан се сто педесет и седум илјади и шестотини. Тие нека тргнат последни+ — сите по своите триплеменски групи“. 32  Тоа се синовите на Израел попишани по домовите на нивните татковци. Сите попишани во таборите, по нивните чети, беа шестотини и три илјади и петстотини и педесет.+ 33  Но племето на Леви не беше вброено+ во синовите на Израел, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. 34  И синовите на Израел направија сѐ како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.+ Така логоруваа според триплеменските групи+ и така се движеа,+ секој во своето семејство според домовите на своите татковци.

Фусноти

Во 4Мо 1:14; 7:42, 47; 10:20 „Деуел“.