Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

4. Мојсеева 19:1-22

19  Јехова им рече на Мојсеј и Арон:  „Ова е законска одредба што ја издаде Јехова: ‚Речи им на синовите на Израел да ти доведат здрава црвена јуница која нема недостаток+ и на која уште не бил ставен јарем.+  И предајте му ја на свештеникот Елеазар, а тој нека ја одведе надвор од логорот, па нека ја заколат пред него.  Потоа свештеникот Елеазар нека земе со прстот од нејзината крв и со неа нека попрска седумпати накај предната страна од шаторот на средбата.+  Потоа јуницата нека биде изгорена пред негови очи. Кожата, месото и крвта нека бидат изгорени заедно со лепешките.+  А свештеникот нека земе кедрово дрво,+ исоп+ и светлоцрвен материјал,+ па нека го фрли тоа среде огнот каде што гори јуницата.  Свештеникот нека си ја испере облеката и нека си го измие телото со вода, па потоа може да влезе во логорот; но нека биде нечист до вечерта.  И оној што ја изгорел нека си ја испере облеката во вода и нека си го измие телото со вода,+ па нека биде нечист до вечерта.  А некој што е чист нека ја собере пепелта+ од јуницата и нека ја стави на чисто место надвор од логорот за да се чува за заедницата од синови на Израел за вода за очистување.+ Тоа е жртва за грев. 10  И оној што ќе ја собере пепелта од јуницата нека си ја испере облеката и нека биде нечист до вечерта.+ Тоа нека биде трајна одредба за синовите на Израел и за дојденецот што живее меѓу нив.+ 11  Секој што ќе се допре до мртво човечко тело,*+ нека биде нечист седум дена.+ 12  Таквиот нека се очисти со таа вода на третиот ден,+ а на седмиот ден ќе биде чист. Но, ако не се очисти на третиот ден, тогаш на седмиот ден нема да биде чист. 13  Кој ќе се допре до леш, до тело* на починат човек, а не се очисти, го извалкал Јеховиниот шатор.+ Таквиот* нека биде погубен, и така нека биде отстранет од Израел.+ Поради тоа што не бил попрскан со водата за очистување,+ останува нечист. Неговата нечистотија уште е на него.+ 14  Ова е законот кога некој ќе умре во шатор: секој што ќе влезе во шаторот и секој што ќе биде во шаторот нека биде нечист седум дена. 15  Секој отворен сад+ на кој нема прицврстено поклопка, е нечист. 16  Секој што во поле ќе се допре до човек убиен со меч,+ или до леш, или до човечки коски,+ или до гроб, нека биде нечист седум дена. 17  За оној што е нечист, нека се земе пепел од изгорената жртва за грев и во некаков сад врз неа нека се излее поточна вода. 18  Потоа некој што е чист+ нека земе исоп,+ нека го натопи во вода и нека го попрска шаторот и сите садови и сите души што биле во него, а така и оној што ги допрел коските, или убиениот, или лешот, или гробот. 19  И чистиот нека го попрска нечистиот на третиот и на седмиот ден и така на седмиот ден нека го очисти од грев.+ Потоа овој нека си ја испере облеката и нека се искапе во вода, и вечерта ќе биде чист. 20  А ако некој е нечист, и не се очисти, таквиот* да биде погубен и така да биде отстранет+ од заедницата, зашто го осквернил Јеховиното светилиште. Не бил попрскан со водата за очистување. Нечист е. 21  Ова нека им биде трајна одредба: оној што прскал со водата за очистување нека ги испере своите облеки,+ а исто така и оној што ја допрел водата за очистување. Нека биде нечист до вечерта. 22  До што и да се допрел нечистиот, тоа нека биде нечисто;+ и душата што ќе се допре до нешто такво нека биде нечиста до вечерта‘ “.+

Фусноти

Буквално: „човечка душа“.
Буквално: „душа“.
Буквално: „Таквата душа“.
Буквално: „таквата душа“.