Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

4. Мојсеева 13:1-33

13  Јехова му рече на Мојсеј:  „Испрати луѓе да ја извидат ханаанската земја, која им ја давам на синовите на Израел.+ Испрати по еден човек од секое племе на нивните татковци; секој нека биде поглавар+ меѓу нив“.  И Мојсеј ги испрати од пустината Фаран+ на заповедта од Јехова. Сите тие луѓе беа поглавари на синовите на Израел.  А ова се нивните имиња: од племето на Рувим — Самуј, синот на Захур;  од племето на Симеон — Сафат, синот на Хори;  од племето на Јуда — Халев,+ синот на Јефониј;  од племето на Исахар — Игал, синот на Јосиф;  од племето на Ефрем — Осиј,+ синот на Навин;  од племето на Венијамин — Фалтиј, синот на Рафу; 10  од племето на Завулон — Гадиил, синот на Содиј; 11  од племето на Јосиф,+ за племето на Манасија+ — Гадиј, синот на Сусиј; 12  од племето на Дан — Амил, синот на Гемали; 13  од племето на Асер — Сетур, синот на Михаел; 14  од племето на Нефталим — Навиј, синот на Вопсиј; 15  од племето на Гад — Гуел, синот на Махи. 16  Тоа се имињата на луѓето што Мојсеј ги испрати да ја извидат земјата. А Осиј, синот на Навин, Мојсеј го нарече Исус.+ 17  Кога ги испрати да ја извидат ханаанската земја, Мојсеј им рече: „Појдете во Негев,*+ па тогаш искачете се на ридовите.+ 18  Видете каква е земјата+ и каков е народот што живее во неа, дали е силен или е слаб, малоброен или многуброен; 19  каква е земјата во која живеат, дали е добра или лоша; во какви градови живеат, во логори или во утврдени градови; 20  и каква е почвата, дали е плодна или сиромашна,+ има ли на неа дрвја или нема. Бидете храбри+ и донесете од плодовите на таа земја“. А токму беше времето на првото грозје.+ 21  Така заминаа да ја извидат земјата од пустината Зин+ до Рехов,+ на влезот во Емат.+ 22  Се искачија во Негев,+ а потоа дојдоа до Хеврон.+ Таму живееја Ахиман, Сесај и Талмај,+ потомци на Енак.+ А Хеврон+ беше изграден седум години пред Соан+ во Египет. 23  Кога дојдоа во долината* на Есхол,+ таму одрежаа ластар со грозд+ и двајца го понесоа на стап; понесоа и калинки+ и смокви. 24  На тоа место му го дадоа името долина на Есхол,*+ поради грозјето што го одрежаа таму синовите на Израел. 25  По четириесет дена+ се вратија од земјата што ја извидуваа. 26  Одејќи така, дојдоа кај Мојсеј и кај Арон и кај целата заедница од синови на Израел во Кадис,+ во пустината Фаран. Ним и на целата заедница им поднесоа извештај и им ги покажаа плодовите од онаа земја. 27  Го известија Мојсеј: „Отидовме во земјата во која нѐ испрати. Навистина во неа тече мед и млеко,+ а ова се нејзините плодови.+ 28  Но народот што живее во таа земја е силен, градовите се утврдени и многу големи.+ А ги видовме таму и потомците на Енак.+ 29  Амаличаните+ живеат на подрачјето на Негев,+ Хетејците, Евусејците+ и Аморејците+ живеат на ридовите, а Ханаанците+ живеат покрај морето и по должината на Јордан“. 30  Халев+ тогаш се обиде пред Мојсеј да го смири народот: „Да појдеме горе без колебање и да ја освоиме, зашто сигурно можеме да ја завладееме“.+ 31  Но луѓето што одеа со него рекоа: „Не можеме да одиме против оној народ зашто е посилен од нас“.+ 32  И почнаа да им зборуваат лошо+ на синовите на Израел за земјата што ја извидуваа: „Земјата низ која поминавме да ја извидиме е земја што ги проголтува своите жители. Сите луѓе што ги видовме во неа се луѓе со необично крупна става.+ 33  Таму видовме џинови, синови на Енак,+ од џиновски род.* Ни се чинеше дека спрема нив сме како скакулци, а такви им изгледавме и ние ним“.+

Фусноти

Или: „на југ“, односно кон јужниот дел на Ветената земја.
Види го додатокот 12.
„Есхол“ значи „грозд“.
Буквално: „нефили, синови на Енак, кои се од нефилите“.