Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

Select language македонски

4. Мојсеева 12:1-16

12  Маријам и Арон почнаа да зборуваат против Мојсеј поради жената Хусанка со која се беше оженил, зашто за жена беше зел Хусанка.+  И велеа: „Зарем Јехова зборува само преку Мојсеј? Не зборува ли и преку нас?“+ И Јехова го слушаше тоа.+  А Мојсеј беше многу кроток човек, најкроткиот+ од сите луѓе на земјата.  И Јехова веднаш им рече на Мојсеј, на Арон и на Маријам: „Вие тројцата одете кај шаторот на средбата“. Така тие тројцата отидоа.  Потоа Јехова слезе во столбот од облак+ и застана на влезот во шаторот, па ги повика Арон и Маријам. И двајцата истапија напред.  Тогаш им рече: „Ве молам, послушајте ги моите зборови. Да се јавеше меѓу вас Јеховин пророк, јас ќе му се објавев во видение.+ Ќе му зборував на сон.+  Но не е така со мојот слуга Мојсеј!+ Нему му е доверен целиот мој дом.+  Со него разговарам лице в лице,+ со јасни зборови, а не со загатки.+ И тој ја гледа Јеховината појава.+ Како тогаш не се плашевте да зборувате против мојот слуга, против Мојсеј?“+  Тогаш Јехова многу се разгневи против нив и си отиде. 10  И облакот се оддалечи од шаторот, и гледај, Маријам стана лепрозна, бела како снег.+ А Арон се сврте кон Маријам и виде дека е лепрозна.+ 11  Тогаш Арон му рече на Мојсеј: „Прости ми, господару! Те молам, не земај ни ја за грев глупоста што ја направивме!+ 12  Те молам, таа да не остане како некој мртовец,+ кому телото уште при излегувањето од мајчината утроба половина му е изедено!“ 13  И Мојсеј викна кон Јехова: „О Боже, те молам, излечи ја!“+ 14  А Јехова му рече на Мојсеј: „Да ѝ плукнеше+ татко ѝ в лице, немаше ли да биде посрамена седум дена? Нека биде седум дена надвор од логорот,+ одвоена од заедницата,+ а потоа нека биде примена“.+ 15  Така Маријам беше седум дена надвор од логорот, одвоена од заедницата.+ Народот не тргна на пат додека Маријам не беше примена повторно. 16  Потоа народот тргна од Асирот+ и се улогори во пустината Фаран.+

Фусноти