Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

4. Мојсеева 11:1-35

11  И народот почна да се жали пред Јехова дека му е тешко.+ Кога Јехова го чу тоа, се разгоре неговиот гнев. Оган од Јехова пламна врз нив, па проголта некои на краевите од логорот.+  А народот извика кон Мојсеј, па тој сесрдно го помоли Јехова+ и огнот згасна.  Тоа место го доби името Тавера,*+ бидејќи таму против нив пламна оган од Јехова.  Мноштвото други луѓе+ што беа меѓу нив почнаа себично да копнеат по јадење,+ па и синовите на Израел почнаа повторно да плачат и да велат: „Кој ќе ни даде да јадеме месо?+  Добро се сеќаваме на рибите што ги јадевме без пари во Египет,+ и на краставиците, на лубениците, на празот, на кромидот и на лукот!  А сега душата ни се исуши. Пред нашите очи нема ништо друго освен мана“.+  А маната+ беше како коријандрово+ семе, а на изглед беше како смола од бделиум.+  Народот одеше наоколу, ја собираше+ и ја мелеше во рачни мелници или ја толчеше во аван, ја вареше во котел+ или од неа правеше погачи. Имаше вкус на благ колач зготвен со масло.+  Ноќе, кога паѓаше роса врз логорот, со неа паѓаше и маната.+ 10  Мојсеј го чу народот како плаче во своите семејства, секој на влезот во својот шатор. И Јеховиниот гнев силно се разгоре,+ а и во очите на Мојсеј сето тоа беше зло.+ 11  Тогаш Мојсеј му рече на Јехова: „Зошто му нанесуваш зло на својот слуга? Зошто не најдов милост во твоите очи, туку го стави на мене товарот на сиот овој народ?+ 12  Јас ли го зачнав сиот овој народ? Јас ли го родив, па ми велиш: ‚Носи го во своите прегратки,+ како што хранителот го носи доенчето‘,+ во земјата која со заклетва им ја вети на нивните прататковци?+ 13  Од каде кај мене месо за да му дадам на сиот овој народ? Оти, плачат пред мене и велат: ‚Дај ни месо да јадеме!‘ 14  Не можам јас сам да го носам сиот овој народ, зашто е претежок за мене.+ 15  Ако постапуваш така со мене, те молам, подобро убиј ме,+ ако сум нашол милост во твоите очи, за да не ја гледам повеќе својата неволја“. 16  А Јехова му рече на Мојсеј: „Собери ми седумдесет мажи од старешините на Израел,+ за кои знаеш дека се старешини на народот и негови управители.+ Доведи ги кај шаторот на средбата, па нека застанат таму со тебе. 17  Јас ќе слезам+ и таму ќе зборувам со тебе.+ Ќе земам од духот+ што е на тебе и ќе го ставам на нив, па тие со тебе ќе го носат товарот на народот за да не го носиш сам.+ 18  А на народот кажи му: ‚Посветете се за утре+ зашто ќе јадете месо, поради тоа што плачевте пред Јехова+ и велевте: „Кој ќе ни даде да јадеме месо? Зашто, ни беше добро во Египет“.+ Затоа Јехова ќе ви даде месо и ќе го јадете.+ 19  Нема да го јадете еден ден, ниту два дена, ниту пет дена, ниту десет дена, ниту дваесет дена, 20  туку цел месец, додека не ви излезе низ нос и не ви се згади,+ зашто го отфрливте Јехова, кој е меѓу вас, и плачевте пред него, велејќи: „Зошто воопшто излеговме од Египет?“ ‘ “+ 21  А Мојсеј возврати: „Во народот меѓу кој се наоѓам има шестотини илјади пешаци,+ а ти велиш: ‚Ќе им дадам месо и ќе јадат од него цел месец‘! 22  Дали ќе им се наколе ситна и крупна стока за да им биде доста?+ Или ќе им бидат фатени сите риби од морето за да им биде доста?“ 23  Тогаш Јехова му рече на Мојсеј: „Зарем Јеховината рака станала прекратка?+ Сега ќе видиш дали ќе се случи тоа што го реков или не“.+ 24  Потоа Мојсеј излезе и му ги кажа на народот Јеховините зборови. Собра седумдесет мажи меѓу народните старешини и ги постави околу шаторот.+ 25  И Јехова слезе во облакот+ и зборуваше со него,+ па зеде од духот+ што беше на него и го стави на секој од седумдесетте старешини. И штом слезе духот на нив, почнаа да се однесуваат необично — како пророци кога ќе паднат во пророчки занес. Но тоа никогаш повеќе не се повтори.+ 26  А двајца останаа во логорот. Едниот се викаше Елдад, а другиот Медад. И духот слезе на нив, зашто и тие беа меѓу попишаните, но не дојдоа кај шаторот, туку почнаа да се однесуваат необично во логорот — како пророци кога ќе паднат во пророчки занес. 27  Еден младич отрча и му го јави тоа на Мојсеј: „Елдад и Медад се однесуваат како пророци во логорот!“ 28  Тогаш Исус, синот на Навин, кој му беше слуга+ на Мојсеј од својата младост, рече: „Мојсеј, господару мој, забрани им!“+ 29  А Мојсеј му возврати: „Зарем си љубоморен поради мене? Немој да бидеш! Би сакал сите во Јеховиниот народ да бидат пророци, зашто тогаш Јехова би го ставил својот дух на нив!“+ 30  Потоа Мојсеј се врати во логорот заедно со старешините на Израел. 31  И се крена ветар+ од Јехова кој донесе потполошки откај морето+ и ги расфрли над логорот, на еден ден одење од едната страна и на еден ден одење од другата страна, околу целиот логор, до два лакта* од земјата. 32  Народот стана и целиот тој ден, цела ноќ и целиот утрешен ден собираше потполошки. Оној што собра најмалку собра десет гомери.*+ И ги простреа околу целиот логор. 33  Месото уште им беше меѓу забите,+ не го имаа ни изџвакано, кога се разгоре Јеховиниот гнев+ против народот. Јехова го удри народот со многу голем помор.+ 34  Тоа место го доби името Киврот-Атава,*+ зашто таму го закопаа народот што себично копнееше по јадење.+ 35  Од Киврот-Атава народот тргна кон Асирот. И останаа во Асирот.+

Фусноти

„Тавера“ значи „горење; пожар; пламен“.
Еден лакот е 44,5 сантиметри. Види го додатокот 13.
Еден гомер е 220 литри. Види го додатокот 13.
„Киврот-Атава“ значи „гробови на алчноста“.