Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

3. Мојсеева 9:1-24

9  На осмиот+ ден Мојсеј ги викна Арон, неговите синови и старешините на Израел  и му рече на Арон: „Земи за себе едно теле како жртва за грев+ и еден овен како жртва паленица,+ двете без недостаток, и донеси ги пред Јехова.+  А на синовите на Израел речи им вака: ‚Како жртва за грев земете еден јарец,+ како жртва паленица — теле и млад овен,+ годиначиња без недостаток,  како жртва на заедништвото+ земете еден јунец и еден овен за да ги жртвувате пред Јехова, и житна жртва+ замесена со масло, зашто денес ќе ви се покаже Јехова‘ “.+  И тие го доведоа пред шаторот на средбата она што Мојсеј заповеда да го донесат. Потоа пристапи целата заедница и застана пред Јехова.+  И Мојсеј рече: „Ова ви го заповеда Јехова да го направите за да ви се покаже Јеховината слава“.+  Потоа Мојсеј му рече на Арон: „Приближи се до жртвеникот и принеси ја својата жртва за грев+ и својата жртва паленица, па изврши го обредот на очистување+ за себе и за својот дом. Тогаш принеси ја жртвата на народот+ и изврши го за него обредот на очистување,+ како што заповеда Јехова“.  И Арон веднаш пријде до жртвеникот и го закла телето што беше одредено за него како жртва за грев.+  Потоа синовите на Арон му ја донесоа крвта+ и тој го натопи прстот во крвта+ и стави од неа на роговите од жртвеникот,+ а останатата крв ја излеа на подножјето од жртвеникот. 10  Лојот,+ бубрезите и кошулката од црниот дроб од жртвата за грев ги изгоре на жртвеникот,+ како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. 11  Месото и кожата ги изгоре во оган надвор од логорот.+ 12  Потоа Арон ја закла жртвата паленица, а неговите синови му ја подадоа крвта, и тој со неа го попрска жртвеникот од сите страни.+ 13  Му ја подадоа и жртвата паленица, исечена на парчиња, сосе главата, и тој го изгоре тоа на жртвеникот.+ 14  Понатаму, ги изми цревата и потколениците, па и нив ги изгоре на жртвеникот над жртвата паленица.+ 15  Потоа ја принесе жртвата од народот.+ Го зеде јарецот што беше одреден за народот како жртва за грев, го закла и го принесе како жртва за грев, исто како претходната. 16  Тогаш ја донесе жртвата паленица и ја принесе според прописот.+ 17  И ја принесе житната жртва,+ зеде од неа полн грст и ја изгоре на жртвеникот, иако веќе беше принесена утринската жртва паленица.+ 18  Тогаш ги закла јунецот и овенот што беа одредени за народот како жртва на заедништвото.+ Потоа синовите на Арон му ја подадоа крвта, а тој со неа го попрска жртвеникот од сите страни.+ 19  А мрсните делови+ од јунецот, мрсната опашка+ од овенот, наслојките од лој на цревата, бубрезите и кошулката од црниот дроб — 20  тие мрсни делови ги ставија врз градите,+ а потоа тие мрсни делови тој ги изгоре на жртвеникот. 21  А градите и десниот бут Арон ги заниша како нишана жртва+ пред Јехова, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. 22  Тогаш Арон ги крена рацете кон народот и го благослови.+ И откако ги принесе жртвата за грев, жртвата паленица и жртвата на заедништвото, слезе.+ 23  На крајот Мојсеј и Арон влегоа во шаторот на средбата, а кога излегоа, го благословија народот.+ Тогаш се покажа славата на Јехова+ пред целиот народ. 24  И излезе оган од Јехова+ и ги изгоре жртвата паленица и мрсните делови на жртвеникот. Кога го виде тоа, целиот народ почна да воскликнува+ и падна ничкум.

Фусноти