Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

3. Мојсеева 7:1-38

7  Ова е законот за жртвата за вина:+ таа е нешто најсвето.+  На местото+ каде што обично се коле жртвата паленица, да се коле и жртвата за вина, а со нејзината крв+ свештеникот да го попрска+ жртвеникот од сите страни.  А од сиот нејзин лој+ нека ја принесе мрсната опашка, лојот што ги покрива цревата,  двата бубрега и лојот што е на нив и на слабините. А кошулката што е на црниот дроб нека ја извади заедно со бубрезите.+  Свештеникот нека ги изгори на жртвеникот како жртва палена за Јехова.+ Тоа е жртва за вина.  Секој маж што е свештеник нека ја јаде.+ Нека се јаде на свето место. Таа е нешто најсвето.+  Она што важи за жртвата за грев, важи и за жртвата за вина. Еден е законот за нив.+ Нека му припадне на свештеникот кој со неа го врши обредот на очистување.  На свештеникот, кој принесува жртва паленица за некого, нека му припадне кожата+ од жртвата паленица што ја принел.  Секоја житна жртва печена во печка+ и секоја пржена во котле+ или печена во тава+ му припаѓа на свештеникот што ја принел. Нека му припадне нему.+ 10  А секоја житна жртва замесена со масло+ или сува,+ нека им припадне на сите синови на Арон, секому еднакво. 11  Ова е законот за жртвата на заедништвото+ што ќе му се принесува на Јехова: 12  ако некој ја принесува како израз на благодарност,+ тогаш заедно со жртвата благодарница нека принесе бесквасни прстенести лебови замесени со масло и бесквасни кори намачкани со масло,+ како и добро замесени прстенести лебови од  фино брашно измешано со масло. 13  Со прстенести лебови од потквасено+ тесто нека ја принесе својата жртва заедно со жртвата на заедништвото што ја принесува како благодарница. 14  Нека принесе по еден од секоја жртва, како дел посветен на Јехова.+ Тоа нека му припадне на свештеникот+ што го попрскува жртвеникот со крвта од жртвите на заедништвото. 15  Месото од жртвите на заедништвото принесени како благодарници да се јаде во истиот ден кога ја принел жртвата. Ништо од неа да не се остава до изутрината.+ 16  Ако некој принесува жртва поради завет+ или доброволна жртва,+ неговата жртва нека се јаде на истиот ден кога се принесува. Ако остане нешто од неа, може да се јаде и утредента. 17  Но месото од жртвата што ќе остане на третиот ден да се изгори во оган.+ 18  Ако месото од неговата жртва на заедништвото се јаде и на третиот ден, оној што ја принесува нема да стекне Божја милост.+ Таа нема да биде прифатена,+ туку ќе се смета за нешто нечисто, и душата што ќе јаде од неа ќе одговара за својот престап.+ 19  Месото што ќе се допре до што и да е нечисто+ не смее да се јаде. Да се изгори во оган. А другото месо може да го јаде секој што е чист. 20  А душата што ќе јаде месо од жртвата на заедништвото принесена на Јехова, а нејзината нечистотија е на неа, таа душа да биде погубена, и така да се отстрани од нејзиниот народ.+ 21  Ако некоја душа се допре до нешто нечисто — до човечка нечистотија,+ до нечисто животно+ или до нешто друго што е нечисто и одвратно+ — па потоа јаде месо од жртвата на заедништвото што му е принесена на Јехова, таа душа да биде погубена, и така да се отстрани од нејзиниот народ‘ “. 22  Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 23  „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Не јадете лој+ од говеда, ниту од овци, ниту од кози. 24  Лој од пцовисано животно и лој од растргнато животно+ може да се употреби за што и да е, но никако не смеете да го јадете. 25  Кој ќе јаде лој од животно што го принесува како жртва палена за Јехова, тој* што го јаде да биде погубен+ и така да биде отстранет од неговиот народ. 26  На ниедно место во кое живеете не смеете да јадете никаква крв,+ ниту од птици ниту од други животни. 27  Ако некоја душа јаде каква и да е крв, таа душа да биде погубена,+ и така да биде отстранета од нејзиниот народ‘ “. 28  Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 29  „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Тој што му принесува на Јехова жртва на заедништвото, нека му принесе на Јехова дел од својата жртва на заедништвото.+ 30  Со свои раце нека го принесе лојот+ на градите како жртва палена за Јехова. Нека го принесе со градите, да се заниша како нишана жртва+ пред Јехова. 31  А свештеникот нека го изгори+ лојот на жртвеникот, а градите, пак, нека им припаднат на Арон и на неговите синови.+ 32  Десниот бут од своите жртви на заедништвото давај му го на свештеникот како посветен дел.+ 33  На оној Аронов син што ги принесува крвта од жртвите на заедништвото и нивниот лој нека му припадне десниот бут.+ 34  Зашто, градите што се принесени како нишана жртва+ и бутот принесен како посветен дел ги земам од синовите на Израел, од нивните жртви на заедништвото, и им ги давам на свештеникот Арон и на неговите синови. Тоа е трајна уредба со која ги земам од синовите на Израел. 35  Тоа е свештеничкиот дел за Арон и свештеничкиот дел за неговите синови од жртвите палени за Јехова, од денот кога ги доведе+ за да му служат како свештеници на Јехова, 36  токму како што, на денот на нивното помазание, Јехова заповеда синовите на Израел да им го даваат тоа.+ Тоа е трајна одредба за нивните поколенија‘ “.+ 37  Тоа е законот за жртва паленица,+ за житна жртва,+ за жртва за грев,+ за жртва за вина,+ за жртва за поставување во свештеничка служба+ и за жртва на заедништвото,+ 38  како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј на планината Синај+ во оној ден кога им заповеда на синовите на Израел да му ги принесуваат своите жртви на Јехова во Синајската Пустина.+

Фусноти

Буквално: „таа душа“.