Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

3. Мојсеева 6:1-30

6  Јехова понатаму му рече на Мојсеј:  „Ако некој* згреши и со тоа постапи неверно кон Јехова,+ па го измами+ својот ближен за нешто што му е доверено, или за залогот што му е предаден в раце,+ или за нешто грабнато, или ако го искористи својот ближен,+  или ако најде нешто што било изгубено,+ па го затаи и се заколне лажно+ за каква и да е работа што човек може да ја направи и со тоа да згреши,  ако згреши на таков начин и стане виновен,+ тогаш нека го врати она што го грабнал или го изнудил со измама, или она што му било доверено на чување, или изгубеното што го нашол,  или сето она за кое лажно се заколнал, да го надомести+ тоа во целост и уште да додаде една петтина од вредноста. Уште во истиот ден кога ќе биде докажано дека е виновен да му го врати тоа на оној кому му припаѓа.  Како своја жртва за вина да му донесе на Јехова од стадото овен без недостаток,+ според проценетата вредност, и да му го предаде на свештеникот како жртва за вина.+  И свештеникот нека изврши за него обред на очистување+ пред Јехова, и ќе му биде простено што и да сторил од сите оние дела со кои може да се навлече вина“.  Јехова понатаму му рече на Мојсеј:  „Заповедај им на Арон и на неговите синови и речи им: ‚Ова е законот за жртва паленица:+ жртвата паленица нека биде на огништето на жртвеникот цела ноќ до утрото, а огнот на жртвеникот нека гори постојано. 10  Свештеникот нека ја облече својата службена ленена облека+ и на своето тело нека облече ленени гаќи.+ Потоа нека ја собере мрсната пепел+ од жртвата паленица што огнот ја изгорува на жртвеникот и нека ја стави покрај жртвеникот. 11  Потоа нека ја соблече својата одежда+ и нека облече друга, па нека ја однесе мрсната пепел на чисто место надвор од логорот.+ 12  Огнот на жртвеникот нека гори постојано. Не смее да згасне. И свештеникот секое утро нека става дрва+ во огнот и врз нив нека ја става жртвата паленица. На него нека ги гори+ мрсните парчиња од жртвата на заедништвото. 13  Огнот+ на жртвеникот нека гори постојано. Не смее да згасне. 14  А ова е законот за житната жртва:+ синовите на Арон нека му ја принесуваат на Јехова пред жртвеникот. 15  Еден од нив нека земе грст од финото брашно од житната жртва и дел од маслото и сиот темјан што е на житната жртва, па тоа нека го изгори на жртвеникот за успокојувачки мирис за Јехова, како спомен+ на жртвата. 16  А она што ќе преостане, ќе го изедат Арон и неговите синови.+ Тоа да се јаде направено како бесквасен леб+ на свето место. Нека го јадат во дворот од шаторот на средбата. 17  Не смее да се пече со квасец.+ Им го давам тоа како нивни дел од моите палени жртви.+ Тоа е нешто најсвето,+ како и жртвата за грев и жртвата за вина. 18  Секој машки+ потомок на Арон нека јаде од него. Тоа ви е дел од жртвите палени за Јехова за навек,+ во вашите идни поколенија. Сѐ што ќе се допре до нив, ќе стане свето‘ “. 19  Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 20  „Ова е жртвата+ што Арон и неговите синови треба да му ја принесат на Јехова на денот на неговото помазание:+ десеттина ефа+ фино брашно како редовна житна жртва,+ половината наутро, а половината навечер. 21  Нека биде зготвена со масло во тава.+ Донеси ја добро измешана. Принеси ги печените парчиња од житната жртва за успокојувачки мирис за Јехова. 22  Нека ја зготви и свештеникот, оној од неговите синови што ќе биде помазан наместо него.+ Ова е трајна уредба: таа жртва нека биде цела изгорена за Јехова.+ 23  Секоја житна жртва од свештеник+ треба да биде изгорена цела. Никој не смее да јаде од неа“. 24  Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 25  „Кажи им на Арон и на неговите синови и речи им: ‚Ова е законот за жртвата за грев:+ на местото+ каде што обично се коле жртвата паленица, да се коле и жртвата за грев пред Јехова. Таа е нешто најсвето.+ 26  Кој свештеник ја принесува за грев, тој и нека ја јаде.+ Да се јаде на свето место,+ во дворот +од шаторот на средбата. 27  Сѐ што ќе се допре до нејзиното месо ќе стане свето,+ и ако некој ја попрска одеждата со нејзината крв,+ на свето место испери го она што го попрскал со крв.+ 28  Земјениот+ сад во кој се варело месото да се скрши. А ако се варело во бакарен сад, тогаш садот да се истрие и да се измие со вода. 29  Секој маж што е свештеник нека го јаде тоа.+ Тоа е нешто најсвето.+ 30  Но ниту една жртва за грев, чијашто крв+ ќе биде внесена во шаторот на средбата за да се изврши обредот на очистување на светото место, не смее да се јаде. Да се изгори во оган.

Фусноти

Буквално: „некоја душа“.