Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

3. Мојсеева 4:1-35

4  Јехова понатаму му рече на Мојсеј:  „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Ако некој*+ несакајќи згреши+ така што ќе направи нешто што Јехова заповедал да не се прави:  ако згреши+ свештеникот, помазаникот,+ па така навлече вина врз народот, тогаш за гревот што го направил+ нека му принесе на Јехова јунец без недостаток како жртва за грев.  Нека го доведе јунецот пред Јехова на влезот во шаторот на средбата,+ нека ја положи раката врз главата+ на јунецот и нека го заколе пред Јехова.  Потоа свештеникот, помазаникот,+ нека земе од крвта на јунецот и нека ја внесе во шаторот на средбата.  Свештеникот нека го натопи својот прст+ во крвта и со таа крв нека попрска седумпати+ пред Јехова пред завесата на светото место.  Потоа свештеникот нека стави од крвта на роговите+ од жртвеникот за мирисливо кадење пред Јехова во шаторот на средбата, а сета останата крв од јунецот нека ја излее во подножјето+ на жртвеникот за жртви паленици, кој се наоѓа на влезот во шаторот на средбата.  А сиот лој од јунецот што се жртвува за грев да се извади од него, лојот што ги покрива цревата, сиот лој што е околу цревата,+  двата бубрега и лојот што е на нив и на слабините. А кошулката што е на црниот дроб нека ја извади заедно со бубрезите.+ 10  Тоа да се извади како што се вади и од јунецот за жртва на заедништвото.+ Потоа свештеникот нека го изгори сето тоа на жртвеникот за жртви паленици.+ 11  А кожата од јунецот и сето негово месо сосе главата, потколениците, цревата и лепешките+ 12  — целиот јунец — нека го изнесе надвор од логорот+ на чисто место каде што се истура мрсната пепел,+ па нека го изгори во оган+ на дрва. Нека се изгори на местото каде што се истура мрсната пепел. 13  Ако целата израелска заедница* згреши,+ а не е свесна дека направила нешто од сето она што Јехова заповедал да не се прави и дека така си навлекла вина,+ 14  кога ќе се дознае+ за гревот што е направен спротивно на заповедта, тогаш заедницата нека принесе јунец како жртва за грев и нека го доведе пред шаторот на средбата. 15  Старешините на заедницата пред Јехова нека ги положат рацете врз главата+ на јунецот, и јунецот да се заколе пред Јехова. 16  Потоа свештеникот, помазаникот,+ нека внесе крв од јунецот во шаторот на средбата.+ 17  Свештеникот нека го натопи прстот во крвта и нека попрска со неа седумпати пред Јехова пред завесата.+ 18  Потоа нека стави малку крв на роговите од жртвеникот+ што се наоѓа пред Јехова во шаторот на средбата, а сета останата крв нека ја излее на подножјето од жртвеникот за жртви паленици,+ кој се наоѓа на влезот од шаторот на средбата. 19  Од јунецот нека го извади сиот лој и нека го изгори на жртвеникот.+ 20  Нека направи со јунецот онака како што направи и со оној другиот јунец што е жртвуван за грев — така нека направи со него. Свештеникот нека го изврши за народот обредот на очистување,+ и ќе му биде простено. 21  Нека го изнесе јунецот надвор од логорот и нека го изгори како што го изгоре и првиот јунец.+ Тоа е жртва за грев на заедницата.+ 22  Кога некој поглавар+ ќе згреши, правејќи ненамерно нешто од сето она што Јехова, неговиот Бог, заповедал да не се прави,+ па така стане виновен, 23  или кога ќе му укажат на гревот+ што го направил спротивно на заповедта, тогаш како своја жртва нека донесе машко+ јаре без недостаток. 24  Нека ја положи раката врз главата+ на јарето и нека го заколе пред Јехова на местото каде што обично се коле жртвата паленица.+ Тоа е жртва за грев.+ 25  И свештеникот нека земе со прстот крв од жртвата за грев и нека ја стави на роговите+ од жртвеникот за жртви паленици, а останатата крв нека ја излее на подножјето од жртвеникот за жртви паленици. 26  Сиот лој нека биде изгорен на жртвеникот исто како лојот од жртвата на заедништвото.+ Свештеникот нека изврши за него обред на очистување за неговиот грев,+ и ќе му биде простено. 27  Ако некој* од обичниот народ* згреши ненамерно, правејќи нешто од она што Јехова заповедал да не се прави, па така стане виновен,+ 28  или ако му укажат на гревот што го направил, тогаш како своја жртва за гревот што го направил нека донесе женско+ јаре без недостаток. 29  Нека ја положи раката врз главата+ на жртвата за грев и нека ја заколе на местото каде што се коле и жртвата паленица.+ 30  И свештеникот нека земе со прстот крв и нека ја стави на роговите+ од жртвеникот за жртви паленици, а сета останата крв нека ја излее на подножјето од жртвеникот.+ 31  Нека ѝ го извади сиот лој,+ како што се вади лојот од жртвата на заедништвото.+ Потоа свештеникот нека го изгори на жртвеникот за успокојувачки мирис за Јехова.+ Свештеникот нека изврши за него обред на очистување, и ќе му биде простено.+ 32  А ако донесе јагне+ за да го жртвува како жртва за грев, нека донесе женско јагне без недостаток.+ 33  Нека ја положи раката врз главата на жртвата за грев и нека ја заколе како жртва за грев на местото каде што обично се коле жртвата паленица.+ 34  И свештеникот нека земе со прстот крв од жртвата за грев и нека ја стави на роговите од жртвеникот за жртви паленици,+ а сета останата крв нека ја излее во подножјето од жртвеникот. 35  Нека ѝ го извади сиот лој како што се вади лојот од младиот овен што се принесува како жртва на заедништвото. Потоа свештеникот нека го изгори сето тоа на жртвеникот врз жртвите палени за Јехова.+ И нека изврши за него обред на очистување+ за гревот што го направил, и ќе му биде простено.+

Фусноти

Буквално: „некоја душа“.
Хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.
Буквално: „некоја душа“.
Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).