Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

3. Мојсеева 27:1-34

27  Јехова понатаму му рече на Мојсеј:  „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Ако некој даде посебен завет+ принесувајќи му на Јехова души според вредноста што е одредена,  тогаш за машкото на возраст од дваесет до шеесет години нека се одреди вредност од педесет сикли* сребро, според светиот сикел.*  А за женско нека се одреди вредност од триесет сикли.  За машко на возраст од пет до дваесет години нека се одреди вредност од дваесет сикли, а за женско од десет сикли.  За машко на возраст од еден месец до пет години нека се одреди вредност од пет+ сикли сребро, а за женско од три сикли сребро.  Ако е на возраст од шеесет години нагоре, за машко нека се одреди вредност од петнаесет сикли, а за женско од десет сикли.  Но, ако е некој премногу сиромашен за да плати според вредноста што е одредена,+ нека го доведе лицето пред свештеникот, па свештеникот нека го процени.+ Свештеникот ќе го процени според она што може да го даде оној што се заветува.+  Ако станува збор за животно какво што му се принесува на Јехова за жртва, секое животно што му го дава на Јехова ќе биде свето.+ 10  Не може да го надомести, ниту да го замени — било добро за лошо било лошо за добро. Но, ако замени едно животно за друго, тогаш и првото животно и она со кое е заменето ќе бидат свети. 11  Ако приносот е некое нечисто+ животно, какво што не може да му се принесе на Јехова за жртва,+ нека го постави животното пред свештеникот,+ 12  па свештеникот нека процени дали е добро или лошо. Како ќе ја процени свештеникот вредноста,+ така нека биде. 13  А ако човекот посака  да го откупи, нека додаде петтина+ кон вредноста што е одредена. 14  Ако некој ја посвети својата куќа за да биде света за Јехова, свештеникот нека процени дали е добра или лоша.+ Колку што ќе ја процени свештеникот, толкава треба да ѝ биде цената. 15  Но, ако оној што ја посветил својата куќа посака да ја откупи, кон парите нека додаде една петтина од нејзината проценета вредност,+ па нека биде негова. 16  Ако некој му посвети на Јехова парче земја од своето наследство,+ вредноста нека се процени сразмерно на количината семе што е потребно за да се посее: за еден гомер+ јачменово семе — педесет сикли сребро.* 17  Ако го посвети своето парче земја од прошталната година* натаму,+ цената на земјата нека биде според проценетата вредност. 18  Но, ако својата земја ја посветува по прошталната година, свештеникот нека му ја пресмета цената според годините што преостануваат до следната проштална година, и сразмерно на тоа нека се намали проценетата вредност.+ 19  Ако оној што ја посветил земјата посака да ја откупи, кон парите нека додаде една петтина од нејзината проценета вредност, и со тоа се потврдува дека е негова.+ 20  Но, ако не ја откупи земјата, туку таа му биде продадена на друг, повеќе не може да се откупи. 21  Кога земјата ќе биде вратена во прошталната година, нека му биде света на Јехова, како земја одредена за света цел.*+ Нека стане сопственост на свештеникот.+ 22  Ако некој му посвети на Јехова земја што ја купил, која не е дел од неговото наследство,+ 23  свештеникот нека му ја пресмета вредноста сразмерно на бројот на годините што преостанале до прошталната година, па во тој ден нека ја исплати проценетата вредност.+ Тоа е нешто свето за Јехова.+ 24  Во прошталната година земјата ќе му биде вратена на оној од кого е купена, кому му припаѓа како наследство.+ 25  Секоја проценка на вредноста нека се прави според светиот сикел. Еден сикел има дваесет гери.*+ 26  Само првороденото од животните, кое како првородено и онака му припаѓа на Јехова,+ никој да не го посветува. Сеедно дали е грло од крупната или од ситната стока, тоа му припаѓа на Јехова.+ 27  Но ако е животното нечисто+ и тој сака да го откупи според проценетата вредност, кон неговата вредност нека додаде една петтина.+ А ако не биде откупено, нека го продадат според вредноста што е одредена. 28  Но ништо од она што е одредено за света цел,* кое некој од својот посед целосно ќе му го посвети на Јехова+ — било да е човек, било да е животно, било да е земја што ја поседува — не може да се продаде и ништо што е одредено за света цел* не може да се откупи.+ Тоа е нешто најсвето за Јехова. 29  Ниту еден човек што ќе биде одреден за погубување* не може да се откупи.+ Мора да биде погубен.+ 30  Секоја десеттина+ од земјата, било да е од полските посеви било да е од плодовите од дрвјата, му припаѓа на Јехова. За Јехова тоа е нешто свето. 31  А ако некој посака да откупи дел од својата десеттина, кон нејзината вредност нека додаде една петтина.+ 32  Секоја десеттина од крупната или од ситната стока, сѐ што поминува под овчарскиот стап,+ секое десетто грло, нека биде свето за Јехова. 33  Да не се прегледува дали е стоката добра или лоша и да не се заменува. Ако сепак се замени, тогаш и првото животно и она со кое е заменето ќе бидат свети.+ Не смеат да се откупуваат‘ “. 34  Тоа се заповедите+ кои Јехова му ги даде на Мојсеј на планината Синај+ како заповеди за синовите на Израел.

Фусноти

Види го додатокот 13.
Види ја фуснотата за 2Мо 30:13.
Се сметало дека парчето земја на која можело да се насее еден гомер јачменово семе вреди 50 сикли сребро. Види го додатокот 13.
Или: „јубилејот; јубилејната година“.
Или: „земја која е херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.
Види го додатокот 13.
Или: „одредено за херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.
Или: „што е херем“.
Или: „што е херем“.