Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

3. Мојсеева 26:1-46

26  Не правете си безвредни богови,+ не подигајте си режани ликови,+ ни обредни столбови, и не поставувајте во својата земја камења украсени со слики+ за да се клањате пред нив,+ зашто јас сум Јехова, вашиот Бог.  Држете ги моите денови за одмор*+ и имајте страхопочит кон моето светилиште. Јас сум Јехова.  Ако живеете* според моите одредби, ако ги држите моите заповеди и ако постапувате според нив,+  ќе ви давам дожд во право време,+ и земјата ќе го дава својот род,+ и дрвјата во полето ќе ги даваат своите плодови.+  И вршидбата ќе ви го стигнува гроздоберот, а гроздоберот ќе ја стигнува сеидбата. Ќе го јадете својот леб до ситост+ и ќе живеете во својата земја без страв.+  И ќе ѝ дадам мир на земјата,+ така што ќе почивате и никој нема да ве плаши.+ И ќе ги отстранам од земјата сите опасни ѕверови,+ и меч нема да поминува низ вашата земја.+  Ќе ги гоните своите непријатели,+ а тие ќе паѓаат пред вас од меч.  Петмина од вас ќе гонат стотина, а стотина од вас ќе гонат десет илјади, и вашите непријатели ќе паѓаат од меч пред вас.+  Ќе се свртам кон вас+ и ќе ве направам плодни и ќе ве намножам,+ и ќе се држам за мојот сојуз со вас.+ 10  Ќе се храните со стариот род од претходната година,+ и ќе го изнесувате стариот за да направите место за новиот. 11  Ќе го поставам својот свет шатор меѓу вас+ и нема да ѝ бидете одвратни на мојата душа.+ 12  И ќе бидам меѓу вас и ќе бидам ваш Бог,+ а вие ќе бидете мој народ.+ 13  Јас сум Јехова, вашиот Бог, кој ве изведе од египетската земја за да не им служите повеќе како робови.+ Го скршив вашиот јарем и направив да одите исправено.+ 14  Но, ако не ме послушате и не ги извршите сите овие заповеди,+ 15  ако ги отфрлите моите одредби+ и ако вашата душа ги замрази моите закони, па не ги извршите сите мои заповеди, и така го прекршите мојот сојуз,+ 16  тогаш ќе ви го направам ова: додека ве казнувам, ќе ви пуштам страв — офтика*+ и силна треска од која ќе ви гаснат очите+ и ќе ви се мачи душата.+ Залудно ќе го сеете семето, зашто ќе го јадат вашите непријатели.+ 17  Ќе се свртам против вас, па ќе ве поразат вашите непријатели.+ Ќе ве газат оние што ве мразат+ и ќе бегате кога никој нема да ве гони.+ 18  Ако и покрај тоа не ме послушате, ќе ве казнам седумкратно за вашите гревови.+ 19  Ќе ја скршам вашата голема гордост и ќе направам вашето небо да биде како железо,+ а вашата земја како бакар. 20  Залудно ќе се троши вашата сила, зашто вашата земја нема да го дава својот род,+ ниту земните дрвја ќе ги даваат своите плодови.+ 21  Ако и понатаму ми се спротивставувате и не сакате да ме послушате, ќе ве удрам седумкратно за вашите гревови.+ 22  Ќе ги испратам меѓу вас дивите полски животни,+ и тие ќе ви ги убијат децата,+ ќе ви ја исколат стоката, а вас ќе ве проретчат, така што ќе ви опустат патиштата.+ 23  Ако не ве поправам ни со тоа,+ туку продолжите да ми се спротивставувате, 24  тогаш и јас ќе ви се спротивставам вам+ и самиот ќе ве удрам седумкратно за вашите гревови.+ 25  Ќе доведам против вас меч за да изврши одмазда+ поради сојузот.+ А вие ќе се соберете во своите градови, и јас ќе испратам чума меѓу вас+ и ќе бидете предадени во рацете на непријателот.+ 26  И кога ќе ви ги уништам резервите од леб,*+ десет жени ќе ви печат леб во само една фурна и ќе ви даваат леб со мера.+ И ќе јадете, но нема да се наситите.+ 27  Ако не ме послушате ни тогаш, туку и понатаму ми се спротивставувате,+ 28  и јас ќе ви се спротивставам жестоко+ и самиот ќе ве казнам седумкратно за вашите гревови.+ 29  Ќе го јадете месото од своите синови и ќе го јадете месото од своите ќерки.+ 30  Ќе ги уништам вашите свети височинки,+ ќе ги соборам вашите сталки за кадилници и ќе ги положам вашите трупови врз труповите на вашите одвратни идоли,*+ и мојата душа ќе се гнаси од вас.+ 31  Вашите градови ќе ги предадам на меч,+ вашето светилиште ќе го опустошам+ и вашите успокојувачки мириси нема да ги мирисам.+ 32  Ќе ја опустошам земјата,+ така што вашите непријатели кои ќе живеат во неа ќе се вчудовидат од неа.+ 33  А вас ќе ве расеам меѓу народите+ и ќе извлечам од кориците меч против вас,+ па земјата ќе ви биде претворена во пустош,+ а градовите во пусти урнатини. 34  Тогаш земјата ќе го надомести своето време за одмор* во сите денови додека е пуста и додека сте во земјата на своите непријатели. Тогаш земјата ќе се одмора, зашто мора да го надомести своето време за одмор.+ 35  Во сите денови додека е пуста ќе се одмора, затоа што не се одморала тогаш кога требало да се одморате вие додека сте живееле во неа. 36  А на оние од вас што ќе останат живи,+ ним ќе им втерам страв во срцето во земјите на нивните непријатели. Ќе ги натера во бегство и шушкањето на лист носен од ветрот, па ќе бегаат како да бегаат од меч и ќе паѓаат, иако никој нема да ги гони.+ 37  Ќе се спрепнуваат еден од друг како да бегаат од меч, иако никој нема да ги гони. Не ќе можете да се одржите пред своите непријатели.+ 38  Ќе изгинете меѓу народите+ и ќе ве проголта земјата на вашите непријатели. 39  А оние од вас што ќе останат, ќе гнијат+ во земјите на своите непријатели поради своите престапи. И поради престапите на своите татковци+ ќе изгнијат како и тие. 40  Тогаш ќе го признаат својот престап+ и престапот на своите татковци, ќе признаат дека ми беа неверни и дека ми се спротивставуваа.+ 41  Затоа морав и јас да им се спротивставам ним+ и да ги одведам во земјата на нивните непријатели.+ Можеби тогаш нивното необрежано срце+ ќе се понизи,+ и тогаш ќе го исплатат долгот за својот престап. 42  И јас ќе се сетам на својот сојуз со Јаков;+ ќе се сетам и на својот сојуз со Исак+ и на својот сојуз со Авраам,+ а ќе се сетам и на земјата. 43  За сето тоа време земјата ќе биде напуштена зашто нив ќе ги нема, и ќе ги враќа своите години за одмор+ додека лежи пуста без нив и додека тие плаќаат за својот престап+ затоа што ги отфрлија моите закони+ и затоа што нивната душа ги замрази моите одредби.+ 44  Но и покрај сето тоа, додека се во земјата на своите непријатели, нема да ги отфрлам+ и нема да ми станат одвратни+ за да ги уништам и да го прекршам својот сојуз+ со нив. Зашто, јас сум Јехова, нивниот Бог. 45  Заради нив ќе се сетам на сојузот со нивните предци,+ кои ги изведов од египетската земја пред очите на другите народи+ за да бидам нивни Бог. Јас сум Јехова‘ “. 46  Тоа се уредбите, законските одлуки и законите+ што ги постави Јехова преку Мојсеј меѓу себе и синовите на Израел на планината Синај.+

Фусноти

Буквално: „сабати“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.
Буквално: „одите“.
„Туберкулоза“.
Или: „стаповите на кои висат прстенести лебови“. Буквално: „лебните стапови“.
Или: „лепешкави идоли“.
Буквално: „сабати“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.