Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

3. Мојсеева 2:1-16

2  Кога некој* сака како жртва да му принесе на Јехова житна жртва,+ неговата жртва нека биде фино брашно,+ кое ќе го прелие со масло и врз него ќе стави темјан.  Нека им го донесе на синовите на Арон, на свештениците, па свештеникот нека земе полн грст од тоа брашно и масло и сиот темјан, и тоа нека го изгори на жртвеникот како спомен,+ како жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова.  А она што ќе остане од житната жртва им припаѓа на Арон и на неговите синови,+ како нешто најсвето+ од Јеховините палени жртви.  Ако сакаш како жртва да принесеш житна жртва печена во печка, таа нека биде од фино брашно — бесквасни тркалезни+ лебови замесени со масло или бесквасни+ кори намачкани со масло.+  Ако принесуваш житна жртва зготвена во тава,+ нека биде од фино брашно замесено со масло и бесквасна.  Нека биде искршена на парчиња, а потоа прелеј ја со масло.+ Тоа е житна жртва.  Ако принесуваш житна жртва пржена во котле, нека биде зготвена од фино брашно со масло.  Донеси му ја на Јехова житната жртва што е приготвена на тој начин. Нека му биде предадена на свештеникот, а тој ќе ја однесе на жртвеникот.  Потоа свештеникот нека одвои од житната жртва еден дел како спомен+ и тоа нека го изгори на жртвеникот, како жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова.+ 10  А она што ќе остане од житната жртва им припаѓа на Арон и на неговите синови, како нешто најсвето од Јеховините палени жртви.+ 11  Ниту една житна жртва што ќе му ја принесувате на Јехова да не биде направена со квасец,+ зашто никако не смеете да горите потквасено тесто и мед* како жртва палена за Јехова. 12  Принесувајте му ги на Јехова како жртва од првините,+ но нека не доаѓаат на жртвеникот како успокојувачки мирис. 13  Посоли ја+ секоја житна жртва што ја принесуваш. Твојата житна жртва не смее да биде без солта на сојузот+ на твојот Бог. Со секоја своја жртва принесувај и сол. 14  Ако му принесуваш на Јехова житна жртва од првините, принесувај млади класје печени на оган и крупно мелено брашно од ново жито, како житна жртва од своите првини.+ 15  Прелеј ја со масло и врз неа стави темјан. Тоа е житна жртва.+ 16  Дел од тоа свештеникот нека изгори како спомен,+ односно дел од крупно меленото брашно и од маслото и сиот темјан, како жртва палена за Јехова.

Фусноти

Буквално: „некоја душа“.
Со оглед на тоа што „медот“ бил принесуван како првина од плодовите, очигледно не станувало збор за пчелин мед, туку за овошен сируп (3Мо 2:12; 2Ле 31:5).