Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

3. Мојсеева 11:1-47

11  Јехова им рече на Мојсеј и на Арон:  „Кажете им на синовите на Израел и речете им: ‚Од сите четириножни животни што се на земјата можете да ги јадете+ овие:  меѓу четириножните животни можете да го јадете секое животно што има сосема раздвоени копита и прежива.+  Само овие што преживаат или имаат раздвоени копита не смеете да ги јадете: камилата, зашто, иако прежива, нема раздвоени копита. Нека ви биде нечиста.+  Потоа пештерникот,+ зашто, иако прежива, нема раздвоени копита. Нека ви биде нечист.  И зајакот,+ зашто, иако прежива, нема раздвоени копита. Нека ви биде нечист.  Исто така и свињата,+ зашто, иако има сосема раздвоени копита, не прежива. Нека ви биде нечиста.  Не јадете го нивното месо и не допирајте ја нивната мрша.+ Нека ви бидат нечисти.+  Од сѐ што е во водата, можете да го јадете ова:+ сѐ што е во водата — било во морињата било во реките — сѐ што има перки и лушпи+ можете да го јадете. 10  А сето она што е во морињата и во реките и нема перки и лушпи — меѓу сите суштества со кои изобилува водата и меѓу сите живи души што се во водата — нека ви биде одвратно. 11  Нека ви биде одвратно. Не јадете го нивното месо+ и нека ви е одвратна нивната мрша. 12  Сѐ што е во водата, а нема перки и лушпи нека ви биде одвратно. 13  А од суштествата што летаат нека ви бидат одвратни овие,+ и да не се јадат зашто се одвратни: орелот,+ орелот рибар и темноглавиот мршојадец; 14  црвената луња и мрката луња+ според нивните видови; 15  сите гаврани+ според нивните видови; 16  нојот,+ бувот, галебот и соколот според нивните видови; 17  кукумјавката, корморанот и ушлестиот був;+ 18  лебедот, пеликанот и мршојадецот;+ 19  штркот и чапјата според нивните видови; пупунецот и лилјакот.+ 20  Сите крилести суштества што ги има наоколу во роеви и одат на четири нозе нека ви бидат одвратни.+ 21  Од сите крилести суштества што ги има наоколу во роеви и одат на четири нозе можете да ги јадете само оние што над нозете за одење имаат и нозе за скокање со кои скокаат по земјата. 22  Од нив можете да ги јадете овие: скакулецот преселник+ според неговите видови, јастивиот скакулец+ според неговите видови, штурецот според неговите видови и скачката+ според нејзините видови. 23  А сите други крилести животни што ги има наоколу во роеви и одат на четири нозе нека ви бидат одвратни.+ 24  Од нив ќе станете нечисти. Кој ќе се допре до нивната мрша, нека биде нечист до вечерта.+ 25  И кој ќе понесе мрша од кое и да е од нив, нека си ја испере+ облеката и нека биде нечист до вечерта. 26  Сите животни што имаат раздвоени копита, но не сосема раздвоени, и не преживаат, нека ви бидат нечисти. Кој ќе се допре до нив нека биде нечист.+ 27  А од сите животни што одат на четири нозе, нека ви биде нечисто сѐ што оди на шепи. Кој ќе се допре до нивната мрша, нека биде нечист до вечерта. 28  Кој ќе ја понесе нивната мрша,+ нека си ја испере облеката+ и нека биде нечист до вечерта. Нека ви бидат нечисти. 29  Од животните што ги има по земјата во голем број, нека ви бидат нечисти овие:+ кртот, скокајглушецот+ и гуштерот според неговите видови; 30  геконот, големиот гуштер, дождалецот, песочниот гуштер и камелеонот. 31  Од сите животни што ги има наоколу во голем број, тие нека ви бидат нечисти.+ Кој ќе ги допре мртви, нека биде нечист до вечерта.+ 32  А она врз кое некое од нив ќе падне мртво, нека биде нечисто, било да е дрвен сад,+ облека, кожа+ или козина.+ Секој сад што се употребува да се стави во вода и да биде нечист до вечерта, а потоа пак ќе биде чист. 33  Ако падне нивната мрша во некој земјен сад,+ сѐ што е во него нека биде нечисто, а садот скршете го.+ 34  А која и да е храна што се јаде, ако дојде на неа вода од тој сад, нека биде нечиста, и секоја течност што се пие од таков сад е нечиста. 35  Сето она на кое ќе падне нивната мрша нека биде нечисто. Сеедно дали е печка или подножје за лонец, да се скрши. Нечисти се, па нека ви бидат нечисти и вам. 36  Само изворот и јамата каде што се собира водата остануваат чисти. А кој ќе се допре до мршата од тие животни, нека биде нечист. 37  Ако нивна мрша падне на семе од каква и да е билка што ќе се сее, тоа останува чисто. 38  Но, ако семето се натопи со вода, а потоа на него падне нешто од нивната мрша, нека ви биде нечисто. 39  Ако загине некое животно што ви служи за храна, оној што ќе се допре до неговата мрша нека биде нечист до вечерта.+ 40  Оној што ќе изеде+ нешто од неговата мрша нека си ја испере облеката и нека биде нечист до вечерта. И оној што ќе ја однесе неговата мрша нека си ја испере облеката и нека биде нечист до вечерта. 41  И сите ситни животни што ги има по земјата во голем број се одвратни.+ Не смее да се јаде од нив! 42  Ништо што се влече по мев,+ ништо што оди на четири нозе или што има повеќе нозе, од сите животни што ги има по земјата во голем број, да не јадете, зашто се одвратни.+ 43  Немојте да ги извалкате своите души со ниту едно од тие животни што ги има наоколу во голем број, немојте да се извалкате со нив, па да станете нечисти поради нив.+ 44  Зашто, јас сум Јехова, вашиот Бог.+ Посветете се и бидете свети,+ зашто јас сум свет.+ Затоа не валкајте ги своите души со ниту едно од животните што ги има на земјата во голем број. 45  Зашто, јас сум Јехова, јас ве изведувам од египетската земја за да ви бидам Бог.+ Бидете свети,+ зашто јас сум свет!+ 46  Ова е законот за четириножните животни, за суштествата што летаат, за сите живи души што се движат во водата+ и за сите души што ги има на земјата во голем број, 47  за да се разликува+ нечистото од чистото, и животното што може да се јаде од она што не смее да се јаде‘ “.

Фусноти