Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

3. Мојсеева 10:1-20

10  А Ароновите синови Надав и Авиуд+ ја зедоа секој својата кадилница,+ во нив ставија жар и врз него темјан,+ па почнаа да принесуваат пред Јехова недозволен оган,+ којшто тој не им го пропиша.  Тогаш излезе оган од Јехова и ги изгоре,+ така што загинаа пред Јехова.+  А Мојсеј му рече на Арон: „Тоа е она што го кажа Јехова: ‚Меѓу оние што ми се близу+ ќе се посветам+ и пред лицето на целиот народ ќе се прославам‘ “.+ А Арон молчеше.  И Мојсеј ги викна Мисаил и Елисафан, синови на Ароновиот стрико Узиел,+ па им рече: „Пристапете и изнесете ги надвор од логорот своите браќа што се пред светото место“.+  Тие пристапија и ги изнесоа во нивните долги кошули надвор од логорот, како што рече Мојсеј.  Потоа Мојсеј им рече на Арон, на Елеазар и на Итамар, другите негови синови: „Немојте да одите со разбушавена коса+ и немојте да ги раскинувате своите одежди за да не загинете и тој да не се разгневи на целата заедница.+ А вашите браќа, целиот Израелов дом, нека плачат поради огнот што го запали Јехова.  Не заминувајте од пред влезот во шаторот на средбата за да не загинете,+ зашто врз вас е Јеховиното масло за помазание“.+ И тие постапија според она што го кажа Мојсеј.  Тогаш Јехова му рече на Арон:  „Кога ќе влегувате во шаторот на средбата, немојте да пиете вино и опоен пијалак,+ ниту ти ниту твоите синови со тебе, за да не загинете. Тоа е трајна одредба за вашите поколенија, 10  за да можете да го разликувате она што е свето од она што не е свето и она што е нечисто од она што е чисто + 11  и за да ги учите синовите на Израел+ за сите уредби што им ги даде Јехова преку Мојсеј“. 12  Потоа Мојсеј им рече на Арон и на неговите преостанати синови Елеазар и Итамар: „Земете ја житната жртва+ што остана од жртвите палени за Јехова и јадете ја непотквасена покрај жртвеникот, зашто тоа е нешто најсвето.+ 13  Јадете ја на свето место,+ зашто тоа е делот што ви припаѓа тебе и на твоите синови од жртвите палени за Јехова; зашто, така ми е заповедано. 14  Градите што се принесуваат како нишана жртва+ и бутот што се принесува како посветен дел+ јадете ги на чисто место, ти и твоите синови и твоите ќерки со тебе,+ зашто тоа е делот што ти припаѓа тебе и на твоите синови од жртвите на заедништвото на Израеловите синови. 15  Нека се донесува бутот што се принесува како посветен дел и градите што се принесуваат како нишана жртва+ заедно со мрсните делови одредени за палени жртви, за да се принесе пред Јехова нишаната жртва. Тој дел нека ти припаѓа тебе+ и на твоите синови со тебе за навек, како што беше заповедал Јехова“. 16  А Мојсеј внимателно го бараше јарецот одреден за жртва за грев,+ но гледај, јарецот беше изгорен. Затоа им се налути на Елеазар и на Итамар, преостанатите синови на Арон, па рече: 17  „Зошто не ја јадевте жртвата за грев на свето место?+ Зашто, таа е нешто најсвето и тој ви ја даде за да одговарате за престапите на заедницата, за да го извршите за заедницата обредот на очистување пред Јехова.+ 18  А ете, крвта на жртвата не беше внесена во внатрешноста на светото место.+ Жртвата требаше да ја јадете на свето место, како што ми беше заповедано“.+ 19  Тогаш Арон му рече на Мојсеј: „Еве, денес ја принесоа својата жртва за грев и својата жртва паленица пред Јехова,+ по сето ова што ми се случи. А да ја јадев денес жртвата за грев, дали ќе беше Јехова задоволен со тоа?“+ 20  Кога го чу тоа, Мојсеј беше задоволен.

Фусноти