Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Царевите 9:1-37

9  Пророкот Елисеј повика еден од пророчките синови*+ и му рече: „Заврати си ги скутовите од облеката+ и земи го в рака ова шише+ со масло, па оди во Рамот-Галад.+  Кога ќе дојдеш таму, побарај го Јуј,+ синот на Јосафат, син на Нимси. Оди таму, изведи го од сред неговите браќа и одведи го во најприкриената соба.+  Потоа земи го шишето со масло, излеј му го на главата+ и речи: ‚Вака вели Јехова: „Те помазувам+ за цар+ на Израел!“ ‘ Тогаш отвори ја вратата и бегај, немој да чекаш!“  Така слугата на пророкот отиде во Рамот-Галад.  Кога стигна, гледај, заповедниците на војската седеа заедно. И тој рече: „Заповеднику, имам нешто да ти кажам!“+ А Јуј праша: „Кому од сите нас?“ Тој одговори: „Тебе, заповеднику!“  Тогаш стана и влезе во куќата, а тој му го излеа маслото на главата и му рече: „Вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Те помазувам за цар+ над Јеховиниот народ,+ над Израел!  Погуби го домот на Ахав, твојот господар, зашто ќе ја одмаздам+ на Језавела+ крвта на своите слуги пророците и крвта на сите Јеховини слуги!  Целиот дом на Ахав ќе исчезне. Во домот на Ахав+ ќе истребам сѐ што е машко,*+ дури и најмалите и безвредните+ во Израел.  И ќе направам домот на Ахав да биде како домот на Јеровоам,+ синот на Нават, и како домот на Васа,+ синот на Ахија. 10  А Језавела ќе ја изедат+ кучињата на језраелското поле и ќе нема кој да ја закопа‘ “. Тогаш ја отвори вратата и побегна.+ 11  Кога Јуј излезе кај слугите на својот господар, тие го прашаа: „Дали е сѐ во ред?+ Зошто дојде кај тебе оној лудак?“+ А тој им одговори: „Го знаете тој човек и начинот на кој зборува“. 12  Но тие рекоа: „Не ја кажуваш вистината. Ајде кажи ни!“ Тогаш тој рече: „Вака и вака ми зборуваше и ми рече: ‚Вака вели Јехова: „Те помазувам за цар на Израел!“ ‘ “+ 13  Тогаш тие ја зедоа брзо секој својата облека+ и ја простреа пред него по голите скалила, па затрубија во рог+ и рекоа: „Јуј стана цар!“+ 14  Така Јуј,+ синот на Јосафат, син на Нимси,+ скова заговор+ против Јорам. А во тоа време Јорам заедно со целиот Израел го чуваше Рамот-Галад+ од Азаил,+ царот на Сирија. 15  Но подоцна, цар Јорам+ се врати во Језраел+ за да закрепне од раните што му ги нанесоа Сиријците кога се бореше против сирискиот цар Азаил.+ Тогаш Јуј рече: „Ако е по волја на вашата душа,+ никој нека не побегне од градот, за да отиде и да јави за тоа во Језраел“. 16  И Јуј се качи на кола и отиде во Језраел, зашто Јорам лежеше таму. А Охозија,+ царот на Јуда, дојде да го посети Јорам. 17  Кога виде како надоаѓаат мноштвото луѓе на Јуј, стражарот+ што стоеше на кулата+ во Језраел+ јави: „Гледам како надоаѓаат мноштво луѓе“. А Јорам рече: „Земи еден коњаник и прати го пред нив за да ги праша дали доаѓаат во мир“.+ 18  Така коњаникот му дојде во пресрет и рече: „Царот прашува дали доаѓате во мир“.+ Но Јуј одговори: „Што ти е грижа дали доаѓам во мир? Ајде по мене!“ А стражарот+ јави: „Гласникот дојде до нив, но не се враќа“. 19  Тогаш испрати втор коњаник, кој, кога дојде до нив, рече: „Царот прашува дали доаѓате во мир?“ Но Јуј одговори: „Што ти е грижа дали доаѓам во мир?+ Ајде по мене!“ 20  И стражарот повторно јави: „Дојде до нив, но не се враќа. А оној што вози, вози како Јуј,+ внукот на Нимси,+ зашто вози лудо“.+ 21  Тогаш Јорам нареди: „Впрегни!“+ И ја впрегнаа неговата бојна кола, па Јорам, израелскиот цар, и Охозија,+ царот на Јуда, излегоа секој во својата бојна кола. Отидоа да го пресретнат Јуј и го затекоа на земјиштето на Језраелецот Навутеј.+ 22  Кога го здогледа Јуј, Јорам праша: „Доаѓаш ли во мир, Јуј?“ Но тој одговори: „Како може да има мир+ додека траат блудствата на твојата мајка Језавела+ и нејзините многубројни гатања?“+ 23  Тогаш Јорам ја сврти колата за да бега, довикувајќи му на Охозија: „Измама,+ Охозија!“ 24  А Јуј го зграпчи лакот+ и го застрела Јорам меѓу плеќите, така што стрелата му помина низ срцето, и тој падна во својата кола.+ 25  Тогаш Јуј му рече на Вадекар, својот аѓутант:+ „Крени го и фрли го на нивата на Језраелецот+ Навутеј! Сети се дека јас и ти возевме коли со по два впрегнати коња зад неговиот татко Ахав, кога Јехова лично ја изрече против него оваа објава:+ 26  ‚„Знај дека вчера ја видов крвта+ на Навутеј и крвта на неговите синови“,+ вели Јехова, „и дека ќе ти платам+ за тоа на оваа земја!“ — вели Јехова‘. Затоа сега, крени го и фрли го на оваа земја, според Јеховината реч“.+ 27  Кога го виде тоа, Охозија,+ царот на Јуда, побегна по патот што води кон куќата во градината.+ (Подоцна Јуј тргна во потера по него, велејќи: „Убијте го и него!“ И го ранија додека беше во колата на пат за Гур, кој се наоѓа покрај Ивлеам.+ Но успеа да побегне во Мегидо,+ каде што на крајот и умре.+ 28  Неговите слуги го превезоа со кола во Ерусалим и го погребаа во неговиот гроб со неговите прататковци во Давидовиот град.+ 29  А Охозија+ стана цар на Јуда во единаесеттата година од царувањето на Јорам,+ синот на Ахав.) 30  Потоа Јуј дојде во Језраел.+ Кога чу за тоа, Језавела+ ги намачка очите+ со црна боја и убаво си ја накити главата,+ па гледаше низ прозорецот.+ 31  Кога Јуј влегуваше на градската порта, таа рече: „Дали помина добро Зимриј,+ убиецот на својот господар?“ 32  Тогаш тој погледна кон прозорецот и праша: „Кој е со мене? Кој?“+ Тогаш погледнаа кон него два-тројца дворјани.+ 33  А тој рече: „Фрлете ја долу!“+ И ја фрлија, а нејзината крв ги испрска ѕидот и коњите. И коњите ја прегазија.+ 34  Потоа влезе, па јадеше и пиеше, и тогаш рече: „Погрижете се за таа проклетница+ и закопајте ја, зашто беше царска ќерка“.+ 35  Но кога отидоа да ја закопаат, не најдоа ништо од неа, освен черепот, стапалата и дланките.+ 36  Кога се вратија и му јавија за тоа, тој рече: „Тоа е Јеховината реч што ја кажа преку+ својот слуга Илија Тесвитецот: ‚На језраелското поле, кучиња ќе го изедат телото на Језавела.+ 37  Трупот на Језавела ќе биде како гној+ на језраелското поле, за да не може да се рече: „Ова е Језавела“ ‘ “.+

Фусноти

Види ја фуснотата за 1Ца 20:35.
Буквално: „сѐ што моча покрај ѕид“.