Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Царевите 8:1-29

8  Елисеј вака ѝ рече на жената на која ѝ го оживеа синот:+ „Стани и оди со својот дом и насели се како туѓинка некаде в туѓина,+ зашто Јехова повика глад,+ кој ќе владее во земјата седум години“.+  И жената стана и постапи според речта на Божјиот човек. Отиде+ со својот дом+ и се насели како туѓинка во филистејската земја,+ и живееше таму седум години.  Кога поминаа седумте години, жената се врати од филистејската земја и отиде кај царот+ за да го замоли за својата куќа и за својата нива.  А царот токму тогаш зборуваше со Гиезиј,+ слугата на Божјиот човек, и му рече: „Те молам, раскажи ми за сите големи дела што ги направил Елисеј“.+  И кога му раскажуваше на царот како Елисеј оживеа еден мртовец,+ гледај, дојде жената, чијшто син беше оживеан, за да го моли царот за својата куќа и за својата нива.+ Тогаш Гиезиј рече: „Господару мој,+ царе, ова е жената и ова е нејзиниот син кого Елисеј го оживеа“.  Царот ја праша жената за тоа и таа му раскажа сѐ.+ Тогаш царот ѝ даде еден дворјанин+ и му рече: „Врати ѝ сѐ што ѝ припаѓа, како и целиот приход од нејзината нива од денот кога ја оставила земјата до сега“.+  Елисеј дојде во Дамаск,+ а Вен-Адад,+ сирискиот цар, беше болен. И му јавија: „Божјиот човек+ дојде ваму“.  А царот му рече на Азаил:+ „Земи дар,+ па отиди му во пресрет на Божјиот човек и прашај+ го Јехова преку него дали ќе закрепнам од оваа болест“.  Така Азаил му отиде во пресрет, земајќи со себе за дар секакви добри работи од Дамаск, кои ги натовари на четириесет камили. Кога дојде, застана пред него и рече: „Твојот син+ Вен-Адад, сирискиот цар, ме испрати кај тебе и прашува дали ќе закрепне од оваа болест“. 10  А Елисеј му одговори: „Оди и речи му: ‚Ќе закрепнеш‘, но Јехова ми покажа+ дека ќе умре“.+ 11  И Божјиот човек се загледа втренчено во него и остана така сѐ додека на овој не му стана непријатно, а потоа заплака.+ 12  И Азаил праша: „Зошто плаче мојот господар?“ А тој одговори: „Затоа што добро знам какво зло+ ќе им нанесеш на синовите на Израел. Ќе ги палиш со оган нивните тврдини, ќе ги убиваш со меч нивните најдобри војници, ќе ги сотираш нивните деца+ и ќе ги распоруваш нивните трудници“.+ 13  Тогаш Азаил праша: „Но што е твојот слуга? Јас сум само обичен пес,+ па како можам да направам нешто толку големо?“ А Елисеј одговори: „Јехова ми покажа дека ти ќе бидеш цар на Сирија“.+ 14  Потоа отиде откај Елисеј и дојде кај својот господар, кој го праша: „Што ти рече Елисеј?“ А тој одговори: „Ми рече дека ќе закрепнеш“.+ 15  Но утредента зеде една покривка, ја натопи во вода и го покри царот преку лицето,+ и тој умре.+ Така Азаил+ почна да владее наместо него. 16  А во петтата година од царувањето на Јорам,+ синот на Ахав, над Израел, додека Јосафат сѐ уште беше цар на Јуда, почна да владее Јорам,+ синот на Јосафат, царот на Јуда. 17  Имаше триесет и две години кога стана цар и осум години владееше во Ерусалим.+ 18  Одеше по патот на израелските цареви,+ како што го правеше тоа и домот на Ахав,+ зашто жена+ му беше ќерка на Ахав, и го правеше она што е зло во Јеховини очи. 19  Но Јехова не сакаше да го сотре Јуда+ поради Давид, својот слуга,+ зашто беше ветил дека ќе им даде светилка+ нему и на неговите синови засекогаш. 20  Во негово време, Едом+ се побуни против власта на Јуда и си постави свој цар.+ 21  Затоа Јорам отиде во Саир со сите свои бојни коли. И стана ноќе и ги погуби Едомците што ги беа опколиле него и заповедниците на колите, а народот побегна во своите шатори. 22  Но Едом истраја во побуната против власта на Јуда до ден-денес. Во тоа време се побуни и Ливна.+ 23  Останатата историја на Јорам и сѐ што правеше, не е ли сето тоа запишано во летописите+ на царевите на Јуда? 24  На крајот Јорам почина кај своите прататковци+ и беше погребан кај своите прататковци во Давидовиот град.+ А на негово место почна да владее неговиот син Охозија.+ 25  Во дванаесеттата година од царувањето на Јорам, синот на Ахав, над Израел, стана цар Охозија, синот на Јорам, царот на Јуда.+ 26  Охозија имаше дваесет и две години кога почна да владее и владееше една година во Ерусалим.+ Мајка му се викаше Готолија+ и му беше внука на Амри,+ израелскиот цар. 27  Тој одеше по патот на Ахавовиот дом+ и го правеше она што е зло во Јеховини очи,+ како и домот на Ахав, затоа што со женидбата се ороди со домот на Ахав.+ 28  Затоа отиде со Јорам, синот на Ахав, во војна против Азаил,+ сирискиот цар, кај Рамот-Галад.+ Но Сиријците го ранија+ Јорам. 29  Така цар Јорам+ се врати во Језраел+ за да закрепне од раните што му ги нанесоа Сиријците кај Рама,* кога се бореше против сирискиот цар Азаил. А Охозија,+ синот на Јорам, царот на Јуда, отиде во Језраел за да го посети Јорам, синот на Ахав, зашто тој беше болен.

Фусноти

Скратено име за Рамот-Галад.